Херојска фантастика

Не, ама морам да приметам дека има голем наплив од „young adult“ секции во подоста жанрови. Изгледа од комерцијални причини, не знаев дека „young adult“ е обемна читачка популација. :P

Па, со оглед на тоа дека жанрот по природа повеќе е дефиниран од возрасна демографска структура него ли содржинска, секако дека поголема популација ќе го чита. Young adults по дефиниција паѓаат негде од 15-21 година, грубо земено. Но и доста помлади и доста постари ги читаат тие книги (знам дека еден fun fact е дека околу четвртина од читачката популација на жанрот е во 30ти години) .Доста такви луѓе низ светот. Ради тоа и YA fantasy е огромен и најпопуларен суб-жанр во моментов, одма после urban fantasy. И да, голем број луѓе пишуваат во тој жанр, сакаат да фатат некоја пара :D
 
Ти си жртва на холдивудската индустрија. :)
Сериозно, батали серијата и направи си услуга - прочитај си ја A Song of Ice and Fire во целост. Квалитетот на серијата наспрема квалитетот на книгите е страње. На моменти како пародија изгледа.

Истото донекаде важи и за Толкин, екранизациите се поквалитетни - ама немаат шанса со книгите.
Само да појаснам. Кога ќе кажам дека екранизациите немаат шанси со книгите, не мислам на немање шанси од видот на бокс меч кој траел 15 рунди и победникот е изгласан едногласно со голема разлика во поени, туку мислам на нешто како бокс меч меѓу Вуди Ален, и Мајк Тајсон, кога вториов ги нема земено лековите а насилно го прекинале во омилената забава - тепање жени. (во Аберкромби варијанта, само смени ги Вуди Ален и Тајсон, со Калдер и Логан) ;)[DOUBLEPOST=1455134821][/DOUBLEPOST]
Не, ама морам да приметам дека има голем наплив од „young adult“ секции во подоста жанрови. Изгледа од комерцијални причини, не знаев дека „young adult“ е обемна читачка популација. :P
Абе јасно ми е тоа што го кажуваш, ми збореле другари што се фанови на книгите што како и зошто, не мора да ми објаснуваш. Иам друг проблем, не можам да поминувам низ истата низа од настани по втор пут дури и ако тоа се само 60% исти настани, а другото различно дури и книгата да е билион пути боље од серијата што несомнено е факт кој е лудо да се оспорува. За „А Song of Ice and Fire“, пошто знам што се дешава и у книгата, ми се губи елементот на изненадување ако фатам да ја читам што на мене лично ми е битно.

Ради тоа најчесто ако одлучам да глеам филмска верзија од некое напишано дело, нема шанси да го читам после тоа и обратно, ако го читам, не го глеам иако имало исклучоци и за ова.
 
Иам друг проблем, не можам да поминувам низ истата низа од настани по втор пут дури и ако тоа се само 60% исти настани, а другото различно дури и книгата да е билион пути боље од серијата што несомнено е факт кој е лудо да се оспорува. За „А Song of Ice and Fire“, пошто знам што се дешава и у книгата, ми се губи елементот на изненадување ако фатам да ја читам што на мене лично ми е битно.
Те разбирам, ама пак ќе повторам - се работи за ремек дело. Еден е Мартин. Секој што сака да чита, посебно овој жанр, а се лишува од А Song of Ice and Fire, како да се самопогодува во стопалото со револвер од голем калибар.

Сериозно, батали ја серијата и почекај неколку години - ќе позаборавиш на случувањата. Таман ќе имаш време да ги прочиташ другите добри книги од овој жанр. Потоа после доволно време, почни си ја А Song of Ice and Fire. Случувањата што Мартин ќе ти ги илустрира во главата - толку се различни од тие во серијата, што секако ќе уживаш во читањето без да се замараш дека отприлика си го знаел главниот тек на случувањата.
Најпосле последната книга сеуште не е завршена - плус кој вели дека Мартин ќе остане на тоа дека таа ќе биде последна? ;)[DOUBLEPOST=1455182739][/DOUBLEPOST]
YA fantasy е огромен и најпопуларен суб-жанр во моментов, одма после urban fantasy. И да, голем број луѓе пишуваат во тој жанр, сакаат да фатат некоја пара :D
Штета, пошто изгледа често некои добри идеи завршуваат заебани кога авторите ќе почнат да ги форсираат работите од тинејџерски аспект.
Предупредуваа на вакво нешто на некои сајтови, но пред некоја недела и сам лично се уверив во ова - кога почнав да ја читам (слушам всушност) 5th Wave од Rick Yancey. Страшно добра идеја за (пост)апокалиптично дејствие, добро пишување, се супер, ама кога авторот почнува да форсира тин моменти како заљубување, љубоФ, итн, едноставно ја усерува работата. Штета, пошто човекот очигледно знае убаво да пишува, добра му е идејата - но згрешил во одлуката да иде на young adult целна публика. Книгава секако ќе била хит, дури и поголем, без тинејџерските страња.
Инаку веќе некое време најавуваат филм екранизација на книгата во Синеплекс, трејлерот изгледаше добро ама оценките велат дека е тешко страње. ;)

Интересен е муабетов, само не знам дали сметаме со офтопик - ако е така можеби модераторот би можел да предложи некоја посоодветна тема, и да ги префрли таму деловите што не се однесуваат стриктно за херојска фантастика.
 
Последно уредено:
Најпосле последната книга сеуште не е завршена - плус кој вели дека Мартин ќе остане на тоа дека таа ќе биде последна?
Напротив, уште одамна Мартин стои на тоа (и повеќе пати има кажано дека),оваа Зимски Ветришта не е последна. Има уште една минимум, тоа е неговиот став from day one (односно од кога ја издаде четвртата). Време на Волците (најпрво), а после го смени насловот во Сонот за Пролетта. Тоа е седмата.

Сега за сега, (некои 40-ина страни) овој Скот Линч не му е баш ни блиску до Аберкромби. Али рано е.
 
^^
Од твоја уста, во божји мартинови уши! ;)
 
Ова Лажи Лока Ламоре, од Скот Линч, го прочитав и изгледа ќе биде уште еден прв дел у мојата збирка на први делови од трилогии и многулогии епска фантастика.
Затоа сега земав Аберкромби по втор пат да го читам.
 
Многу не ти се допадна, а? Аберкромби несомнено е подобар. Линч не е премногу лош (барем за мене), ама не се вбројува во Мартин-Аберкромби тајфата, која не е толку бројна како што во некое, не толку далечно време, се надевав. Јас изгубив волја да купувам серијали и само за ASIAF, ако биде довршен, планирам да издвојам пари. PDF и другите слични варијанти, иако не се споредуваат со книга, се утешна, евтина замена.

Ако го немаш читано, би ти ги препорачал Зелазни (Амберските хроники) и Гејмен (Американските богови), со тоа што ни едната (всушност се работи за серијал), ни другата, не се фантастика каква што би очекувал од Мартин или Аберкромби.
И секако, Прачет, ако имаш желба за таква литература :)

Можеби не би било толку лошо некој да направи список на книги и автори од овој жанр, врз основа на своите добри/лоши впечатоци.
 
Од Гејмен имам читано одамна една книга со некаква порта низ димензии беше, не беше лоша, ме потсети на Уткани Свет од Клајв Баркер, али не до толку добра.

Ротфус и Линч ми се у група која се наоѓа помеѓу врвот (Аберкромби, Толкин, Мартин - од кои изглеа Мартин е најбољи) и другава група доле (Ериксон, Сандерсон, Гај...). Али доста поблсику, некако ми личи, дека би ги ставил до долнава група, неголи до врвот.
Земјоморјето на Легвин можда треба пак да го прочитам, пошто го читав пред 25 години, али ваљда би го ставил некаде испред Ротфус и Линч, а под првиве.
 
@Сабазиј - Сите автори сега прават серијали. Барем трилогии, па знаат да пуштат некој серијал и со по 20ина делови. Така да, тешко дека нешто ќе се промени во тој правец, затоа што поголемиот дел од читачката публика изгледа има soft spot за серијали. Особено кога се работи за фантастика. Инаку да, физичка книга е неспоредлива со е-книга, ама повеќето автори сега нудат PoD услуги за читателите - па ако ти се допадне некоја книга ептен, имаш опција да ја нарачаш и купиш (дел од трошоците, како испораката, идат кај авторот). Не мора да двоиш пари веќе и да ризикуваш/се надеваш на добра приказна, посебно со Look Inside поволностите.

Инаку - уште еден глас за Американски Богови :)
 
Па добро, секако си имаат есап со серијалите и писателите и издавачите. Што се однесува до трошоците - мислев на речиси неограничените можности што ги нуди интернетот кога станува збор за симнување книги. Некои дела се одамна распродадени, некои изданија се ретки, па и скапи, некои и ги нема кај нас, па треба да се нарачуваат и чекаат. Од друга страна има форуми од каде што можат истите бесплатно да се симнат, како што има торенти со илјадници книги итн. Откако ќе излезе во електронска форма невозможно е достапноста на делото да биде ограничена, посебно ако се работи за популарна книга. А симнување на цели серијали од десет и повеќе книги ништо не чини, барем засега и барем на Балканов.
Така на пример, Србите пред извесен број години издадоа диск со sf и f дела (Поларис) кој сега го има насекаде по интернетов, а најголемиот број книги издадени во Србија, Босна, Хрватска многу брзо се наоѓаат во електронска форма. Слично е и со стриповите. Барем со некои од нив. Се сеќавам дека сите броеви што излегоа со Марти Мистерија, Дилан Дог, Загор, Алан Форд можеа да се најдат (а да не зборуваме и за други стрипови и книги на англиски јазик) и бесплатно да се сместат на диск, наместо во 50+ полици или кутии.

Е сега, има дела што сакам да ги имам на хартија и за нив не сум штедел и не би штедел. Немаме сите простор како Умберто Еко, лесна му земја :(

(Аберкромби, Толкин, Мартин - од кои изглеа Мартин е најбољи)

И ти прејде у протестантите. :(
Нели бе еднаш правевме муабет за овие двајца и ти кажа дека Толкин е незаменлив? Дека класата на Толкин за американецов е недостижна? Настрана прозата, спореди го светот, историјата, пропорциите на приказните. Ако темава е фантастика, тогаш единствен во тој жанр на врвот е Толкин. Мартин има напишано семејна драма/трагедија(збир од семејни драми/трагедии), а фантастиката му е изговор. Средство да ја турка приказната напред и да се вади од тесно кога наративот ќе запне у место.

Уствари, знам зошто е толку допадлив Мартин и зошто вака лесно луѓе изјавуваат дека е подобар од Толкин. Заради тие морални вредности. Демек едниов пишувал за црно и бело, другиов пишувал за "вистински луѓе". Добро. Еве ви алтернатива. Читајте ја The Last Ringbearer, тоа е книга напишана од еден руски научник кај шо вика дека Толкин книгите ги создавал водејќи се од мислата дека "историјата ја пишуваат победниците". Дека со тек на време, поразената страна од пропагандата на победниците се дехуманизира(хитлер имал еден ташак, ебел бебиња и слично) до степен да за илјадници години, сосем веројатно е поразените да станат орки, а нивниот водач мрачно чудовиште кое сака да го доминира светот на слободните луѓе.
Во неговава книга он пишува за тоа дека Мордор е земја на прогрес, каде технологијата и науката се приоритет. Прстенот е некоја скромна верзија на круна и нема никакви моќи освен династиски престиж. Тоа што кај Толкин се слободните луѓе, овде се варварски племиња со заостанати верувања. Арагорн е пијаница и насилник. :D
Супер е last ringbearer. Преведена е на многу јазици, само не е публикувана затоа шо толкиновци се педери и не дозволуваат некој да им ја посоли малку митологијата со ваква егзотика.

Еве ви линк.
 
Ја ја довршив трилогијава. Сума сумарум:
1. Елементите што ги убацува се пародија на класичниот тек на одвивање на настаните што е супер бидејќи го прави тоа намерно, протнувајќи пародија испод мала врата.
2. Карактерите се најбоље. Секој со свои мантри на размислување кои се повторуваат константно поради комичноста на „It is I, Leclerc“ маневрот и меѓусебната синергија која ја имаат.
3. Бракот на Глокта со Арди како и сите други неочекувани пресврти се мамата.
Исто така, Бајаз е говнар којшто би го удирал со тупаници све додека не му го пробијам черепот.
Несомнено, Британците го имаат њухот за пародии и саркастични црни комедии, што не е чудно земено предвид дека цела култура и историја им влага у тој жанр.
Ваљда у брзо време, ќе ги фатам и другиве три засебни книги што се од истиот свет.
 
И ти прејде у протестантите. :(
Нели бе еднаш правевме муабет за овие двајца и ти кажа дека Толкин е незаменлив? Дека класата на Толкин за американецов е недостижна?
Да, ти реков така. Тоа беше кога почнав со читање на првата од ASOIAF. Како и да е,
сега мислам дека не е така.
После неколку пати (околу 5) препрочитување на ASOIAF, (исто толку отприлика и MIddle Earth стварите на Толкин ги имам препрочитано), заклучив дека Мартин е најдобар, а после ми идат Толкин и Аберкромби.
 
Ја ја довршив трилогијава.
...
Несомнено, Британците го имаат њухот за пародии и саркастични црни комедии, што не е чудно земено предвид дека цела култура и историја им влага у тој жанр.
Ваљда у брзо време, ќе ги фатам и другиве три засебни книги што се од истиот свет.
Аберкромби е добар автор со специфичен стил, и како таков си исполнува одреден вакуум во понудата од жанрот. Уживав во збирката на неговите дела. Но да се става во иста реченица со Мартин, па уште и со Толкин (како што некои го прават тоа на темава)... Тоа сепак е незаслужено. Далеку е Аберкромби од нив, прилично далеку. ;)

PDF и другите слични варијанти, иако не се споредуваат со книга, се утешна, евтина замена.

Баче, ти сеуште немаш ебук ридер? :)
ПДФ е формат на текст које фиксно физички сместен во димензијата на една страница со задедена величина (А4, А3, итн) - значи на мал екран тоа е или намелено за да го собере на екранот, или е зумирано но тогаш се гледа само дел од страницата па мораш да скролаш лево, десно, и горе долу. Непријатно за долго читање, освен ако не читаш на компјутер/лаптоп - што е уште понепријатно за долго читање.

Ебук форматите се текст без „word wrap„ кој ја исполнува целата страница независно од нејзината величина (или од величината и обликот на фонтот). Неспоредливо подобро, од фиксот на ПДФ-от.

Не дека несомнено го знаеш ова, ама си велам штом ПДФ ти е прва асоцијација за читање книги во електронски облик - извесно не си се занимавал со ебук ридери. А кога еднаш неминовно ќе почнеш, нема да ти биде јасно зошто си чекал толку. ;)
 
Читам од Kindle повеќе од една година. Ама по навика, бидејќи PDF долг период претходно беше повеќе или помалку неизбежен, попрво ќе се сетам на него, наместо, да речеме, на MOBI. Секако, конвертирам во почитливи формати со Calibre. Kindle е несомнено одлична работа и јас сум презадоволен од него. Го полнам ретко, речиси еднаш месечно, добар е за читање, многу е исплатлив, лесен е, едноставен итн.
Ама книгата си е книга, чувството е поинакво и незаменливо. Она што го сметам за посебно вредно, што сакам трајно да го зачувам, повеќепати да го препрочитувам, настојувам да го имам на хартија. Неретко дела што сум ги читал во електронска форма ги имам подоцна купено како книги.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom