Хепи фуцкинг Њу Јиер!

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Од кога кажувањето на реченица како твојата горе: „Ај забришете се, почнаа гомна да ви паѓаат од устата“ спаѓа во ( твојот добро научен ) БОН-ТОН ?!
Иначе ако е веќе така, ти НИШТО не јадеш за Нова Година? Ти никогаш не си се „НАЈАЛА/ПРЕЈАЛА“ за да збориш вакви работи? СИ ДОНИРАЛА 1,000,000 евра за тие што НЕМААТ, па да држиш предавања тука? ЦЕЛ СВЕТ СЛАВИ НОВА ГОДИНА. ЦЕЛ СВЕТ ТРОШИ ПАРИ ЗА НОВА ГОДИНА. НЕ Е СПОРЕД „БОН - ТОН“ ПРАВИЛНО НОВА ГОДИНА ДА СЛАВИШ ?! :О
Ти ако не славиш Нова, немора да кажуваш дека славењето НЕ Е ИСПРАВНО ! Не ти се допаѓа? Не си го слави. На тој што му се допаѓа нека си прослави!
Незнам за тебе, ама мене ми е УБАВО кога ќе видам дека овој период луѓево посреќни се, препразнична еуфорија, сијаличкиве низ градов, сите украси и слично ги РАСПОЛОЖУВААТ ЛУЃЕВО, и тоа и мене ме прави среќен. Доколку си ти мрчатор и намќор тогаш не слави НИШТО, и седи си дома [Forever alone] -.-
 
абе коа идев во основно и средно се радував за нова година пошто не учиме еден месец, сеа што пенис а нова година а сабота а вторник, и што ви е филмот на вас како @AnFem со ова енглескиве узречици нешто премногу сте кул за да напишете на македонски или?
 
Нова година, ко нова година... сакаш слави сакаш не... Интересен текст за читање во секој случај, но од премногу негативна перспектива.
Потресна и жална слика. Само, не сум сигурна дека ако апстинирам од руската салата и од соленките дека ќе спасам живот.
Tell it to the 1%.
 
Епа ај кајганџии пошто многу знаете и давате идеи, дајте ми една мене.
На 30 Декември т.е. задутре или сметајќи дека помина 00:00 часот Утре се жени прв братучед а задутре нова година и ништо се неам договорено значи дома ке си останам-Што совет ке ми дадете? (што не значи дека ке ви го прифатам-фала богу)
 
Проблемот е во тоа што Нова Година стана некојси главен или важен ден кој поради тоа треба да биде нешто посебно. Значи се мобилизира све за таа една вечер, секакви ресурси, пари итн. со цел баш таа вечер да биде незаборавна. На крај во 90% од случаевите таа вечер е ништо освен едно големо пијанство, секоја чест за исклучоците. Не дека не су правел ија, напротив, но никојпат су немал таа намера или тоа очекувајне да мора да биде некоја посебна вечер. Некојпат е и подобро, да се помине потивко, умерено таа вечер, добро друштво или фамилија некаде дома, добри муабети и мисли, и со блиски и сакани луѓе да се почне новата година.
 
Не знам зошто кога одма се спомнува Нова Година на сите ви се врти во главата пијанство, дрогерај и слични такви пропратни работи. Како прво, како ќе си одберете вие, така ќе си ја славите. Второ, минатата Нова Година славев со многу добро друштво чија цел не им беше да се изнапијат уште од 10 саат па бело маче да не гледаат пред нив. Бевме на Бени во Колосеум и многу добро си поминавме, се изнаигравме и на крајот никој од нас не беше флека. Значи можело и без флекосување, така?
Сум славела и во изнајмени куќи, и по дискотеки, и дома со филмовите сум останувала, како ќе си направиш така ќе ти биде.

На НГ на повеќето им било цел коа ќе искочат, да се флекосаат. Па да не не им е тоа цел и секој викенд кога излегуваат? :)
 
Редно време е за револуција, доста се јадат гомна, се пука сеир и се правиме паметни...20 години поминаа, делата нека говорат (само без оранж кравати) :icon_mrgr:
Пошто сево ова ми личи на јас немам(незадоволен сум и не преземам ништо околу тоа) па ќе серам...што е спротивно од она биди ти промената што сакаш да му се случи на светот (во случајов Мкд) или како и да беше...се пропаѓа во вода.
Среќна Нова ко секоја друга ! И пак и пак и пак и пак ќе се вртиме во круг и ќе плачеме...зарем не е доста?
 
Интересно е дека оние кои ја хејтаат Нова година ја сфаќаат посериозно од оние што наводно „сериозно“ се организираат да ја слават.

За мене Нова година ќе си остане најубаво празнување во годината, и не мора се да биде од перспектива на прејадување и алкохол. Еве јас ја сакам од аспект на празничното расположение што го носат сите денови околу Нова година.
 
Ај Среќна Нова Година НА СИТЕ ! ! :) Се најубаво кајганџии, поздрав! :)
 
Малце ко да претеравте а? Ај назад на темата, не ви давам казни зашто завчера беше Нова Година.
 
Интересен феномен е Новата Година. Комплексна капиталистичко - хедонистичка доктрина која те тера да славиш нешто без да знаеш зошто.
Инаку, фатено со научни аспекти, во овие моменти планетата Земја е најблиску до сонцето (3 јануари) и се наоѓа во позиција Перихел, од каде го почнува новиот круг околу дебелата жешка копиљска топка. Односно, скратено, сега е „Новата година“.
Меѓутоа... кој ја тркала астрономијата бе?
 
Интересен феномен е Новата Година. Комплексна капиталистичко - хедонистичка доктрина која те тера да славиш нешто без да знаеш зошто.
И тебе Дедо Мраз не ти даде ништо? :(
 
И тебе Дедо Мраз не ти даде ништо? :(

Тој ја гледа НГ низ научни очи :) И заслужува респект...онака филозофски :) како мене...

Иначе, за останатите спремете се за најновата апокалипса оваа година, ви ја честитам иако се сомневам дека е последна. Иначе годинава треба да умре и папата и треба да дојде новиот папа Петар Римски Peter Romanum или сл...кој уствари е Сатаната (2012). Ова е според католичкото учење...

Да не забегувам од темата..

Наскоро спремам (сеа за сеа во ментална фаза) нов текст, нешто за моралните вредности на младите и кои (кој) ги креира нив.
 
Наскоро спремам (сеа за сеа во ментална фаза) нов текст, нешто за моралните вредности на младите и кои (кој) ги креира нив.

Моралните вредности на младите низ некоја призма?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom