Хах абе секој колку му чини Ја сум земал Arcade 15000ден. + флешување 1800ден. + HDD 2000ден. + HD кабли 600ден. + игри што сум земал од IDC 2200ден. Значи сум инвестирал 21600ден. и сеа да му го дадам некому за 8000-9000 сето тоа? Нема шанси...
Е па сега, Jedah, електрониката не е како уметноста и како виното, колку се постари, толку поскапи да станат и да добијат на вредност.
Ретки се таквите како Gorenje, кои доделуваа награди за најстара исправна машина за перење алишта, или за најстар исправен шпорет, а Мајкрософт дефинитивно не спаѓаат во категоријата на Gorenje.
Мајкрософт си тераат бизнис на свој начин, се што произведуваат може да работи уште подобро, но само со нивни производи.
Ако и вградуваш хард диск или нов хард диск на Xbox 360 конзолата што ја имаш, истиот мора да е од Мајкрософт, а истото важи и кај новиот Xbox 360 S.
Кристално истото важи и за безжичен рисивер за да можеш да се поврзеш во безжична мрежа (ова не важи и кај новиот Xbox 360 S), кристално истото ти важи и за џојстиците, и за слушалките, и за секоја друга компонента која што можеш да ја користиш со Xbox 360.
Многу ретки се исклучоците како воланите од Logitech и уште некои други компоненти, кога е во прашање Xbox 360.
Ти си инвестирал 21.600 ден. во твојата конзола, тоа ти се нешто околу 360 евра.
Ако ги одземеме 2.200 ден. што си ги потрошил на видео игрици од кај Драган, ти остануваат 19.400 ден. инвестиција во конзолата, односно нешто над 320 евра.
Новиот Xbox 360 S чини 300 долари во САД, односно 300 евра во Европа, а најсигурно некаде може да се купи по пониски цени, а тоа дека во Македонија со гаранција ќе го продаваат по повисока цена си е друга приказна, поконкретно македонска приказна.
Истиот тој нов Xbox 360 S по цена од 300 евра доаѓа со хард диск со капацитет од 250 GB, со вградена безжична мрежна картица, која што твојот Xbox 360 го нема, освен ако си заборавил да спомнеш.
Останатите компоненти и не се нешто многу поважни, оптичката аудио порта за професионално озвучување која што ја нема кај твојот Xbox 360, а ја има кај новиот Xbox 360 S, можеш да си ја обезбедиш со каблите.
Истото важи и за Kinect портата, која што ја нема кај твојот Xbox 360, а ја има кај новиот Xbox 360 S, но секој Kinect уред за Xbox 360 си доаѓа со дополнителен кабел за да работи и кај твојот Xbox 360, и кај новиот Xbox 360 S.
Е сега, новиот Xbox 360 S не доаѓа со HDMI кабел, така што корисникот ќе мора дополнително да се снабди, што би требало да го чини 600 ден. колку што те чинело и тебе, ако не и поевтино.
600 ден. = 10 евра, значи цената од 300 евра се качува на 310 евра.
И се разбира, ако флешувањето, односно хакнувањето на твојот Xbox 360 те чинело тебе 1.800 ден. = 30 евра, тогаш кога новиот хак за Xbox 360 S ќе биде достапен за масовно користење најверојатно ќе чини исто толку, ако не и поевтино, поконкретно во моментов Драган наплаќа хакнување на Xbox 360 по цена од 1.700 ден.
Значи цената од 310 евра се качува на 340 евра, не земајќи ги во предвид и игриците кои ти си ги купил од кај Драган, кои те чинеле околу 37 евра.
Новиот Xbox 360 S, нехакнат би чинел 310 евра, тоа е нешто над 18.600 ден. а хакнат би чинел 340 евра, тоа е нешто над 20.400 ден.
Значи за само 1000 ден. повеќе, односно околу 17 евра повеќе, на ново луѓето ќе го купат новиот и многу подобар Xbox 360 S, а игриците не се земаат во предвид, бидејќи конзолата ќе си работи без никакви проблеми и без нив, игриците не се задолжителни, а може и бесплатно да се симнат преку Интернет, ги има и на јавни torrent tracker - и, не само на приватни.
Така да, Jedah, да, дефинитивно, твојот Xbox 360 колку и да сакаш, ако го продаваш, во најдобар можен случај најверојатно ќе успееш да го продадеш по цена од 15.000 ден. односно околу 250 евра, а во најлош можен случај најверојатно ќе го продадеш по цената од 8.000 ден. или 9.000 ден. што ја спомна.
Мое лично мислење е дека ќе успееш да го продадеш по цена од 12.000 ден. до 13.000 ден. без игриците.
И ќе повторам, електрониката не е ниту уметност, ниту вино, за да со староста да добива на вредност и на повисоки цени.
Некој сака да купи користен Xbox 360, ти му го нудиш твојот по една цена, некој друг му го нуди својот по друга цена.
Човекот ќе ги земе во предвид дополнителните компоненти, но одлично знае дека и нив може да ги купи посебно по уште пониски цени, доколку ги купува веќе користени, па на крајот ќе ја прифати најниската понуда, така функционира денешниот слободен пазар.