Новиот Xbox 360 E, претставен на конференцијата на Мајкрософт на Е3 2013 на 10 јуни 2013 и пуштен во продажба на истиот ден, доаѓа со една задна USB порта помалку во споредба со Xbox 360 S и без порта за оптичко аудио поврзување, но останува алтернативата која беше достапна и кај првите Xbox 360 конзоли.
Наводно оваа конзола е полесна од Xbox 360 S, а исто така и многу полесна за отворање и за сервисирање при дефекти, што е одлична новост.