Еве еден преглед на годинава за најдобрите случувања според мене (може и вие да направите ако сакате):
1.
Одбраната на титулата на Си Ем Панк. Фуедот со Џон Лоренаитис не беше на ниво на Стон Колд/Винс но беше солиден. Од мечевите Посебно ми се допаднаа тие после elimination chamber
, најпрво со Џерико на ВМ и Екстрим рулс(веројатно во топ 5/6 мечови) па после со Брајан и Кејн на следните три ППВ. Тогаш следуваше хил трнот што беше добро изведен. Мои омилени моменти беа неговите мечови со Марк Хенри и кога стоеше исправено над Рок на Рав 1000-та епизода. Исто така имаше и неверојатни промоа како на пример она за 1 година најдобар, против Џерико и кога му се развика на Флер кога Сина ја доби наградата за суперстар на годината.
2.
Екстрим рулс оваа година ми беше најдобро ППВ. Реваншите беа подобри од првите мечеви на В. Маниа. Шејмус и Даниел Брајан тука има всушност имаа меч за разлика од пародијата на ВМ. Кејн и Ортон имаа подобар после досадниот предходно и Јерико и Панк конечно ги оправдаа очекувањета и ја изведоа една од највозбудливите борби годинава. Сина и Брок мислам дека имаа изненадувачки добар меч (подобар од Рок ВС Сина) и покрај тоа што мислам дека Брок требаше да победи.
3.
Новите ѕвезди кој добиваат пуш. Цезаро, Сандоу, Шилд, Рајбек и сега Бен Е. Лингстон, добро е да се види дека WWE има нови ѕвезди кои можат да ја носат компанијата во иднина. Цезаро е Американски шампион и изгледа доминантно, Рајбек добива шанса за wwe титулата(преизбрзано но сепак добро е да се види ново лице), Шилд ги победија Хел Но и Рајбек на дебитантското ППВ, Сандоу е добар на микрофонот а за Бен Е останува да видиме.
4.
Даниел Брајан. Он исто така имаше неверојатна година и тоа што доби пуш беше добро. Беше неверојатно да се види подшката што ја доби на ВМ и на првиот Рав откако ја изгуби титулата. Имаше добар меч со секој противник (Панк, Шејмус, Кејн, Шиллд инт) и добро е да се види дека публиката го цени тоа. Се надевам дека повторно ќе ја освои WHC титулата догодина и ќе ја држи подолго време.
5.
WWE почна да се грижи за нова ѕвезда која не е Сина. Добро е да се виде дека на Панк му дадоа одмор и покрај тоа што повредата не е толку сериозна бидејќи не сакаат да го ризикуваат мечот со Рок на Ројал Рамбл. Исто така Сина нема освоено титула цела година и има биланс 4-5-2 на ППВ-та. Можеби е претерано во Мејн Евент на ППВ-та но мислам дека догодина со враќањето на Рок и тоа ќе се смени.
6.
Биг Шоу како монстер хил. Не сум некој негов фан но ми се допаѓа како монстер хил. Фуедот против Шејмус му беше одличен и баш ми е мило што успеа да се справи со него без никаква помош. Исто така имаше добар меч со Панк/Сина на Самерслем каде што доминираше во текот на целиот меч. Можеби требаше ваков Биг Шоу да видиме во Атитут Ерата но и сега не е лошо. Мислам дека ќе ја одбрани титулата до ВМ.
7.
1000-та епизода од Рав. Според мое мислење најдобрата епизода годинава. Беше добро да се види спој на новата и старата генерација со Панк/Рок/Брајан и ДХ/Сандоу сегментите. Исто така се врати и Пол Хејман и беше добро да се видат Тејкерот и Кејн повторно заедно а крајот беше најдобар, кога го видов Панк дека си заминува од рингот мислев дека нема да се врати и дека Рок ќе го украде шоуто но баш се израдував кога епизодата заврши со ГТС на Рок.
8.
ВМ беше подобра од предходната година. Ова ППВ треба да биде најголемо и добро е што годинава се подобри за разлика од лани. ХХХ против Андертејкер беше меч на вечерта и покрај тоа што победникот се знаеше. Еден од најдобрите борби во кариерата на Андертејкер и можеби најдобриот меч годинава. Многу брутален и варварски меч. Рок вс Сина не беше тоа што се најавуваше но сепак колку толку имаа добар меч и посебно ми се допадна крајот. До година има подобар потенцијал Манијата и се надевам дека ќе биде најдобра во Пи Џи ерата.
9.
Мечевите се подобруваат. Треба да се поработи на градењето на овие мечеви но годинава имаше доста добри мечеви и за WWE и за WHC титулата што не беше случај во предходните години. Плус на новото шоу Main Event секоја недела има подолги мечеви од повеќето на Рав и СД што е добро.
10.
Враќањето на Брок. Не сум негов фан но добро беше да се види повторно во рингот. Неговите промоа можат да бидат тапа но сепак бруталната сила која е користи во рингот е одлична. Баш ми беше мило кога го победи ХХХ и мислам дека не треба да имаат реванш на ВМ и дека Брок треба да има фуед со некој друг.
Годинава можам да ја оценам како добра но очекувам подобрување догодина. Со Рок, Панк, Сина, Брок, Тејкер како и со новите ѕвезди како Шилд, Рајбек, Зиглер, Брајан, Цезаро и оние постарите кој сеуште можат да направат нешто како Ортон, Шоу, Шејмус, Кејн итн сценаристиве би можеле да ја направат следната година една од најинтересните во историјата.
Според мене некој награди за годинава:
Суперстар на годината:
1. Панк
2. Шејмус
3. Биг Шоу
Меч на годината:
1. Андертејкер против ХХХ
2. Си Ем Панк против Даниел Брајан
3. Рајбек и Тим Хел Но Против Шилд
4. Брок Леснер против Џон Сина
5. Панк против Крис Џерико (Екстрим рулс)
ППВ на годината:
1. Екстрим Рулс
2. ВМ 28
3. ТЛЦ