WTA тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
2 godini suspenzija za sharapova.
 
Ѓорческа против Бонавентуре на фјучерсот во Падова. Имате пренос на следниов линк.
За прв пат сме во можност да ја гледаме Лина, иначе губи 3-1 во првиот сет против 150. рангирана тенисерка на WTA.

UPDATE : Bonaventure - Gjorcheska 6-4 прв сет. Спаси 2 сет топка на 5-2 и дојде до 5-4, свој сервис и 40 30 (гем топка за 5-5), потоа изгуби 3 поени со ред, дупла сервис грешка и уште две неизнудени грешки за губење на првиот сет.

UPDATE2: Пораз од 6-4 6-3 иако имаше водство 0-2 во вториот сет после кое изгуби 5 гема во низа до резултат 5-2, стигна до 5-3 и брејк топка меѓутоа не успеа да ја искористи. Денешниот противник на Лина има играно на неколку WTA турнири годинава, а најголем настап и е оној против Азаренка каде изгуби 6-3 6-2.
 
Скиавоне на свадбата на Фоњини и Пенета :kafence::masa:
308fa208e6cc41d39e09f1f583b40ec4.png
 
Оваа недела нашата тенисерка игра на доста моќниот фјучерс во Сегед. Наградниот фонд е 50.000 $, турнир каде прв носител е Sasnovich (WTA 99). Денес Лина игра против Вогт и првиот сет го освои со 6-3 иако лошо почна со негатива од 0-2. Ако продолжи од каде што застана до првиот сет, Лина утре би требало да игра против Бонавентуре, тенисерка против која загуби минатата недела во Падова на фјучерсот вреден 25.000$.
 
Ако тепа денес,утре ја плеснува Бонавентура.

94% има на прв сервис.
 
За женски услови, и за годините има пресолиден прв сервис, многу од топ 50 немаат таков сервис, од тоа што го видов против Бонавентуре минатитот меч.
 
6-3 7-6(6) тепа Лина, утре против должникот, Бонавентуре. Ако ја плесне, има јаки шанси да оди далеку на турниров. :)
 
Ми искача сабајле сликава, и првата помисла, што ли ке каже Стефан кога ке ја види сликата :pos:
 
Зошто вакви купаќи?? Црти ќе се познават...
 
Не ја пуштам јас премногу да се опушта. :busi:
 
Ми искача сабајле сликава, и првата помисла, што ли ке каже Стефан кога ке ја види сликата :pos:
Колку треба да си ај да не кажам што, на Стефан да ти текне сликава кога ке ја видиш :rolleyes:
 
Bonaventure - Gjorcheska 6-3 2-6 7-5

Третиот сет започна со 3-0, 2 брејка предност за Бонавентуре. Лина врати еден брејк за 3-2, потоа потврди нејзината противничка за 4-2, од овој момент Лина освои 3 гема со ред и дојде до 4-5, имаше и 15-30 во тој гем и беше на 2 поени до победа. Подоцна во гемот имаше уште 2 изедначувања, меѓутоа не успеа да дојде ни до меч топка. Во следниот гејм лошо отвори, 0-40, стигна до 30-40 и на третата брејк топка го изгуби сервисот. Резултатот беше 6-5, сервираше Бонавентуре за меч, оптимистички старт 0-15 по кој следеа 4 поени во низа и конечна победа.
Голема штета, ќе се пласираше во четвртфиналето на еден многу квалитетен турнир, а ќе играше со послабо рангирана тенисерка и шанса за ново полуфинале на фјучерс од оваа категорија (50.000$).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom