Bonaventure - Gjorcheska 6-3 2-6 7-5
Третиот сет започна со 3-0, 2 брејка предност за Бонавентуре. Лина врати еден брејк за 3-2, потоа потврди нејзината противничка за 4-2, од овој момент Лина освои 3 гема со ред и дојде до 4-5, имаше и 15-30 во тој гем и беше на 2 поени до победа. Подоцна во гемот имаше уште 2 изедначувања, меѓутоа не успеа да дојде ни до меч топка. Во следниот гејм лошо отвори, 0-40, стигна до 30-40 и на третата брејк топка го изгуби сервисот. Резултатот беше 6-5, сервираше Бонавентуре за меч, оптимистички старт 0-15 по кој следеа 4 поени во низа и конечна победа.
Голема штета, ќе се пласираше во четвртфиналето на еден многу квалитетен турнир, а ќе играше со послабо рангирана тенисерка и шанса за ново полуфинале на фјучерс од оваа категорија (50.000$).