Да се надоврзам од темата за Вордпрес и прашањето на @ ThundeR еве ти па направи споредба што е подобро..
Малце дугачки пост(не го цитирав цел) на Комита, но ќе се обидам на кратко да ги прокоментирам.
Работење локално со WordPress до сега не сум имал никаков проблем, со ниту една функција не сум имал проблем, додека Joomla-та ме измачи кога правев еден сајт за школската компанија.
За повеќе јазичноста, има добри додатоци за WordPress, не е само Google Translate - читај
тука, првиот го користат на сајтот на
ИДСБ. Можеби една од функциите кои најмногу недостасува во WordPress -
контакт форма. За заедницата не знам што толку ја критикуваш WP, секогаш во рок од 24 часа сум добивал одговор на било кое прашање.
Сепак за WordPress треба да си повеќе технички поткован за да може да ги користиш функциите, но затоа е и поедноставен од Joomla.
Не се губете и не отварајте некои нови постови смешни како овој ке ве молам и што е поентава кога имаш веке и за двете посебни постови и место за разговор што е подобро ајде спореди камион vs автомобил може поззз
Двете платформи си имаат посебни теми за дискусии иклучиво околу нив, оваа овде е за споредба и малку да се јадиме со корисниците од спротивната платформа
Сепак веднаш ќе застанам во одбрана на ВП и ќе кажам дека платформите не се баш со иста намена...ВП си е пред се блог платформа иако на првиот пост од темава можете да видите дека пиува дека ВП се користи и како ЦМС и тоа од видни компании додека Џумлата е стриктна ЦМС платформа...
Првичната намена за WordPress била/е за блогирање, но толку многу се има развиено што може да се користи и на огромни портали. Пример ви е Mashable, еден од најдобрите сајтови за социјални мрежи и сл... па дури и CNN имат сервиси кои користат WordPress.