Wolt Македонија

Член од
5 мај 2016
Мислења
237
Поени од реакции
205
За разлика од Хрватска во Македонија малку повеќе време ќе потроши додека ги исфрли комплетно од пазарот и Кликни јади и Корпа иако нема да бира средства и тие доставувачи што останаа таму да ги донесе бидејки целта му е да воспостави МОНОПОЛ во Скопје и да почне експресно да ги враќа загубените пари преку намалување на плати и зголемување на достава кои сега на големо ги фрла на доставувачи избегани од Кликни јади и Корпа.
Јас многу често сум нарачувал од Кликни јади и Корпа и биле многу по професионални доставувачи. Ова на волт е шљам што сака да земе пари и да избега, прибирале доставувачи кому иде ни на мапа не знаат да гледаат некои.
 
Член од
16 јануари 2025
Мислења
54
Поени од реакции
184
Кај корпа ми се допаѓа што ќесите што ги носат со храна се пломбирани и знаеш дека не се отворани, со Волт не е така а според мене е доста голема работа.
Некој ако ги спама и пцуе по чат сигурно ќе јаде шлајмови чим не се знае дали е отварана кесата..
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.109
Поени од реакции
24.665
Кај корпа ми се допаѓа што ќесите што ги носат со храна се пломбирани и знаеш дека не се отворани, со Волт не е така а според мене е доста голема работа.
Па не е должност на продавачот да ги "пломбира" пред да ги предаде на доставувачот?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
3.067
Па не е должност на продавачот да ги "пломбира" пред да ги предаде на доставувачот?
Нормално, со кеси/пломби од дистрибутерот, плус продавачите се заштитуваат кога се нарачува од фирмиве пример 12 бургери - 3 пломбирани кеси со по 4 бургери внатре многу потешко може да се изгуби цела кеса, дистрибутерот ќе биде одговорен, а вака ако се "изгуби" еден бургер по пат ќе испадне продавачот погрешно предал ќе мора дополнителен да прати (се дешава).
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
11
Поени од реакции
10
Добрата работа кај Корпа/Кликни јади е што за било каков проблем можам да ѕвонам во корисничка подршка и да го решам проблемот за минута, кај светскиов бренд морам да се допишувам 10-15 минути ко на љубовен састанак да сум, вчера ми се случи со платен и недоставен помфрит кој фалеше во нарачката и се објаснував 20 минути.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.265
Поени од реакции
2.445
Корпа за грешни нарачки одма реагираат, 3-4 пати ми се има случено да фали нешто и дури ресторанот да не си ја признае грешката од Корпа одма на сметка имам повратно кредит без да ме замараат и испрашуваат.
Друго мислам дека сервисиве за достава многу подобро работат отколку самите ресторани. на пр. ако од нарачка до прием нарачката е 1 саат, 45 мин. е потрошено времето на прифаќање и спремање на нарачката а доставата е секогаш само 15-20 мин.
Волт до сега иам нарачано 4-5 пати од кои 3 пати пациентите не ни излегоа од кола да ми ја предадат туку седи на возачко седиште преку прозор ми ја поддава. Епа за такви мрзливи куртони 0 ден. бакшиш и 1 ѕвездичка.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.415
Јас многу често сум нарачувал од Кликни јади и Корпа и биле многу по професионални доставувачи. Ова на волт е шљам што сака да земе пари и да избега, прибирале доставувачи кому иде ни на мапа не знаат да гледаат некои.
90% од моменталните доставувачи во WOLT се поранешни од Кликни јади и Корпа и тоа со неколку години работно искуство така што сигурно ти се погодил некој што е од новите без никакво искуство.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.632
Поени од реакции
29.560
Добрата работа кај Корпа/Кликни јади е што за било каков проблем можам да ѕвонам во корисничка подршка и да го решам проблемот за минута, кај светскиов бренд морам да се допишувам 10-15 минути ко на љубовен састанак да сум, вчера ми се случи со платен и недоставен помфрит кој фалеше во нарачката и се објаснував 20 минути.
Имав слично искуство со Волт. Фалеше и помфрит и пијачка и бургер, уствари нарачка за двајца, само на едниот му доставија. Волт на пример во Прага функционира многу подобро отколку во МК, т.е. повеќето сервиси за достава. Идеш на сајтот, кликаш ордерс, бираш дека има проблем, селектираш дека не ти се доставени тие и тие производи, нема ни разговор со агент ни ништо, автоматски целата сума ти ја рефундираат како кредит. Некогаш дополнително и ваучер ќе дадат како извинување.
Anyway, моментално сите 3 сервиси си имаат предности и маани, ќе видиме на крај кој ќе победи у биткава.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
237
Поени од реакции
205
90% од моменталните доставувачи во WOLT се поранешни од Кликни јади и Корпа и тоа со неколку години работно искуство така што сигурно ти се погодил некој што е од новите без никакво искуство.
Да се сложувам, вчера од волт доставувачот беше многу професионален, се гледаше дека има искуство.
Ама претходно 3-те доставувачи катастрофа.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.876
Поени од реакции
12.120
Видоа добри пари па се приклучија и ќоро и сакато јбг ке треба некое време да ги исфилтрираат
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.628
Поени од реакции
38.971
Денес не работат Wolt и Кликни Јади. Само Корпа ќе работи.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
237
Поени од реакции
205
Досега немам нарачувано од Orderr, има некој искуство со нив?
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
11
Поени од реакции
10
90% од моменталните доставувачи во WOLT се поранешни од Кликни јади и Корпа и тоа со неколку години работно искуство така што сигурно ти се погодил некој што е од новите без никакво искуство.
Тоа е точно, периодов ги преплаќаат за да ги патосираат кликни и корпа и голем дел одат кај нив. Сепак тоа нема да биде така вечно, се додека не се искрцаат првите автобуси од Непал или Пакистан, а тогаш ќе настрадаат домашните курири поради евтина работна сила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom