Wolt Македонија

Член од
15 јули 2007
Мислења
16.227
Поени од реакции
8.497
Другите градови во државава се да викнеш од еден крај, ќе те чујат во другиот.
Кој ќе нарачува онлајн храна...
Тие што се на работа на места каде им е дозволено да нарачуваат храна а не можат да излегуваат на пауза или некој да оди да им земе.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.870
Поени од реакции
4.891
Свесен си дека треба да се плати за таа апликација и да се плаќа за одржување на истата? Кој бербер/фризер е спремен тоа да го прави? Ниеден, одма ќе ти кажам без да мислиш. Они 90% немаат ПОС терминал и наплаќаат само во кеш, а не пак апликации да развивале. За едно 50 години може ќе дојде тоа и кај нас, за сеа нема теоретска шанса да се случи.
Site mora da imaat terminal baba, samo denes namesto da iskuca fiskalna za site sto mu dosle, ke iskuca 3-4..
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.870
Поени од реакции
4.891
Занаетчиите (берберите) се ослободени од фискални. Плаќаат паушал.
Berberot moj kuca be fiiskalna, mu vikam so mi lucas na mene 15 god se znaeme.. Vika ako baba, kucam onolku kolku sto mi treba za pridonesi.. drugoto kesarina... segde ima siva ekonomija u makedonijava, povekjeto i crna.. edinstveni sto sve kucaat se aptekive..
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.227
Поени од реакции
8.497
Почнале во Скопје. Ми излезе реклама на Инста дека Gyro Hause имаат достава преку Wolt.
1000010183.jpg
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
228
Поени од реакции
197
Почна, направив нарачка и ми дадоа попуст за првите 3 нарачки и бесплатна достава 1 месец.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.227
Поени од реакции
8.497
Почна, направив нарачка и ми дадоа попуст за првите 3 нарачки и бесплатна достава 1 месец.
Се надевам и во други градови за брзо. Можеби во помали градови не е многу потребно ама за луѓе кој се на работа и не можат или не им се излегува а имаат можност да јадат на работа нешто нарачано е корисна услуга.

Е сега се надевам не се наплаќа многу доставата. Но гледам има да поканиш пријатели и така кога пријателот ќе нарача нешто прв пат ти добиваш попуст на нарачка.
 
Последно уредено:
Член од
5 мај 2016
Мислења
228
Поени од реакции
197
Се надевам и во други градови за брзо. Можеби во помали градови не е многу потребно ама за луѓе кој се на работа и не можат или не им се излегува а имаат можност да јадат на работа нешто нарачано е корисна услуга.

Е сега се надевам не се наплаќа многу доставата. Но гледам има да поканиш пријатели и така кога пријателот ќе нарача нешто прв пат ти добиваш попуст на нарачка.
Достава ќе наплаќаат после 1 месец работа, ќе видиме што цена ќе им биде. Инаку додаваат како луди нови фирми за храна.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.227
Поени од реакции
8.497
Достава ќе наплаќаат после 1 месец работа, ќе видиме што цена ќе им биде. Инаку додаваат како луди нови фирми за храна.
Како што пишав се надевам ширење и во други градови да не се повторувам. Добро е што не е само храна и пијалоци имаат понуда и што е нега убавина, за миленици, подароци, козметика а има и пијалоци како коктели, алкохол.. Фали уште од аптеки понуда.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.448
Поени од реакции
38.553

Марче, тие Скопје не го покриваат цело, не други градови. Ќе почекаш за тоа. Ете имате Корпа во Тетово, што мислиш дека би смениле Волт?

Инаку, не ми делува баш бомбастичен стартот. Денес дури и Кликни јади беа со повеќе нарачки од Волт, а за Корпа да не правиме муабет, другите две X 5.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
471
Поени од реакции
628

Како/каде гледаш колку нарачки има по апликацииве?
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
938
Поени од реакции
3.098
Го тестирав пред 2 дена. За нецели 20 минути дистанца од 4км. Дури и пред предвиденото време што го даваше апликацијата стигна.
Веројатно се почнати со голем број на шофери а сеуште не е толку наезда на нарачки па имаа на лагер. Ќе видиме понатака како ќе биде. Имаат 40% попуст на првите 3 нарачки макс до 300мкд. Цел месец гага достава, очигледно се спремни со солидна загуба да работат на почеток додека народ стекне навика на нив.
Само им детектирав багови во апликацијата ама ај ваљда ќе се опраат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.448
Поени од реакции
38.553
Само им детектирав багови во апликацијата ама ај ваљда ќе се опраар.
Да, има доста багови, ама нормално е тоа од почеток, ќе се оправат.

Според мене голем минус е што ќе доставуваат само во некои населби, не во цело Скопје. Корпа, на пример, носат од Трубарево до Кучково, секаде. Кликни јади исто. Сега јес да доставата кај нив е оган, ама има луѓе што ја плаќаат. Сум видел нарачки од 200 денари со плус 300 денари за достава што е чудно и смешно, ама има и таков народ.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
305
Поени од реакции
785
Кликни јади се рекетари, не ми текнува точно кој бургер од Бејкинг Бред на кликни јади 300 денари, во менито таму да отидеш 240 денари. Плус достава да платиш. Волт го тестиравме на работа оваа недела и дојдоа некоја минута порано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom