Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се имаш чекирано мислам дека можит да го купиш и одново да ја испринташ картата ама не сум сигурен за ова.

Да да, така е, купив дополнително, па автоматски после тоа ми се појави известување дека треба повторно да ја испечатам картата. Прашање на време е до кога ќе биде 4 евра ова, затоа што ќе се загуби смислата ако сите купуваат таква опција...
 
Кус update -

Од денес веќе не работам во Wizz Air.

Што значи тоа? Ќе бидам малку послободен да коментирам некои аспекти на авио бизнисот.
Од друга страна, нема толку често да го посетувам форумот.
smiley1.gif

Се надевам плановите за 2016 во чие креирање играв голема улога ќе бидат реализирани наскоро.

Поздрав
smiley4.gif

Отидов да
beer.gif
и да одморам, вчера ми се роди вториот син. Тајминг, а?

Честитки :)

Кажи ни ги цаките на Виз сеа :icon_lol:

Он топик, дали слушна за некои промоции месецов или Октомври (пред да напуштиш)
И знам дека е дискутирано ама неможам да најдам пак, колкави се шансите цените да паднат колку е поблиску датумот?
Имам гледано дека знае често да варира ама незнам од што точно зависи.

Картата ми беше 30 евра пред 10 дена, не ја купив бев на одмор реков ајде кога ќе се вратам, денес гледам 120 евра :(
 
Цело време си мислев дека Визз има лет од Скопје до Берлин, вчера сакав да проверам како се цените и видов дека нема директен лет до Берлин. Дали имало некоја најава или нешто слично или ептен нешто сум грешка јас?
 
Има Софија - Берлин најбилску. За од Скопје мислам дека не е ни у план.
 
Честитки :)

Кажи ни ги цаките на Виз сеа :icon_lol:

Он топик, дали слушна за некои промоции месецов или Октомври (пред да напуштиш)
И знам дека е дискутирано ама неможам да најдам пак, колкави се шансите цените да паднат колку е поблиску датумот?
Имам гледано дека знае често да варира ама незнам од што точно зависи.

Картата ми беше 30 евра пред 10 дена, не ја купив бев на одмор реков ајде кога ќе се вратам, денес гледам 120 евра :(

Фала за честитките.

Цаките, дури и да постојат, се толку специфични за одредена дестинација и пазар и подложни на промени, што дури и да спомнам некоја тука, може да те излажам. Најдобар генерален совет според мене е или да се купи билетот што порано, или помеѓу 45 и 21 ден пред полетување како оптимален сооднос на ризик и цена.

Точно е дека понекогаш цените паѓаат, но тоа е исклучок. Не би препорачувал чекање, генерално зборено. Доколку си во состојба систематски да ги следиш промените на цените, бујрум. Се надвор од тоа е само анегдота и е несоодветно да се изведе статистички валиден заклучок. Луѓе многу лесно се палат и мислат дека можат да извлечат заклучок кога ќе видат промена на цена на еден единствен лет, еднаш, што од моја перспектива делува како overfitting (извлекување на заклучоци од премалку показатели), посебно кога знам дека пред да заминам контролирав околу 40-50 илјади летови и промени се правеа секој ден на околу 5-10% од нив според најразлични правила кои самите се подложни на манипулација. Посебно кога ќе се смени менаџерот, како во овој случај.

Во врска со промоциите, исто така tough luck. Освен два-три датуми во годината, одлуките за промоциите се носат непосредно пред самата промоција.
 
Проблем.
Треба да летам до Лутон од Скопје со БГ пасош и сеа проблемот е кога се чекирав си избрав пасош Бугарија, број и датум на истекување. Во верзијата за принтање ми се јави МК пред бројот на пасошот и горе пишува НЕ ЕУ/ЕЕЗ. Вака е нешто:
2uzrsj4.png

значи после тоа МК го пишува бројот на БГ пасошот и дата на истекување.

Колку е заебана работата и како може да се поправи?
Фала однапред.
 
Сега гледам дека на профилот на wizz кај информации за патнички документ имав ставено националност: Македонија, а она за штиклирање за: Сочувај ги информациите за патните документи во профилот не е штиклирано.
Информациите кај: Потребни податоци, се Македонски.
Значи најверојатно ја имам купено картата со македонски пасош.
Инаку сигурен сум дека при чекирање избрав Бугарија али при верзијата за принтање е сменето. Ебати бруката, ако може некој нека помага. :(
 
Пробај смени ги податоците на профилот кај документи, мислам дека имаш опција да додадеш уште документи. Откако ќе сочуваш оди и види пак да ја видиш картата и да ти даде опција да ја испринташ и дали ќе се промени.
Мислам дека не гледаат воопшто на картата какви докумети имаш (мислам на темава некој друг има прашувано нешто слично) туку што окументи ќе им покажеш.
Јас воопшто немам внесено документи а промер и пак сум патувала без проблем.
 
Сменив се, пак истото.

Друга работа што ми текна, откако веќе се имам чекирано на веб, ако додадам услуга чекирање на аеродром, ќе важи ова второто? ( за секој случај нем да ми прават нешто проблеми).

Сепак фала за одговорот, цел ден го мислам ова, ќе се изедам ебати неспособниот.
 
Ако не леташ ептен брзо - пиши им мејл и прашај како да средиш.
Ја им се имам јавено од програма на нет и ми имаат помогнато. Не ми враќаа на мејл пошо сум внела погрешен оддел кој го решава проблемот.
Мислам дека можеш да излезеш од Македонија со мк пасош а да влезеш во Ангија со Бугарскиот.
 
Imami jas ist problem od fridrishafen letav so hrvatski pasos sega za vrakane dali treba da dadam mk pasos so toa sto uste ne sum napravil check in za vrakanje a kartite mi se rezervirani so hr pasos
 
Ако не леташ ептен брзо - пиши им мејл и прашај како да средиш.
Ја им се имам јавено од програма на нет и ми имаат помогнато. Не ми враќаа на мејл пошо сум внела погрешен оддел кој го решава проблемот.
Мислам дека можеш да излезеш од Македонија со мк пасош а да влезеш во Ангија со Бугарскиот.
Хмм која програма ако не е тајна, знам дека гласот на гугл е само за америка ама незнаев дека има и за вакви броеви или за други држави. Добро не сум ни пробувал ама кога веќе спомна може да споделиш и повеќе инфо
 
12Voip се вика програмата.
Купуваш кредит за 10 евра иимаш 3 месеци да вртиш бесплатно кон домашни броеви и тие 10 евра можеш да ги трошиш ако вртиш на мобилен или во некои држави кон кои не е бесплатно.
Можеш да праќаш и пораки.
На нивната страна има листа на цени колку пари е кон која држава.
И на скајп можеш да купиш кредит и да вртиш јез да мене поисплатливо ми е од 12Voip.
 
Имам купено карта,ама уште немам резервирано поради промена на пасош.Можам пример ден пред летот да резервирам карта?
 
Имам купено карта,ама уште немам резервирано поради промена на пасош.Можам пример ден пред летот да резервирам карта?
Мојш 3 сати пред летот да се чекираш онлине.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom