Пред околу една седмица или повеќе (не се сеќавам која дата беше) отварам интернетот да видам колку ќе ме коштат 2 ПОВРАТНИ карти за МЕМИНГЕН (Минхен Запад) и гледам цената за двете карти 16.000 ден. Си викам „ОК, ај ќе купам утре“, цената е таа што е! Отварам утре вечерта пак интернетот и гледам цената се симнала на 14.500 ден., и си викам во себе „купи си одма карти оти штом вака ја намалиле, за ден или два пак ќе ја поскапат и тоа повеќе од 16.000 ден.“ (логички штом цената падне, веднаш пораснува побарувачката, и после така зголемената побарувачка, картите пак ќе бидат поскапени - барем јас така мислам, не велам дека моето мислење е 100% точно). И си резервирав 2 карти, резервацијата и плаќањето поминаа во најдобар ред! Ставам утредента, си викам „де да видам сега колку коштат двете карти“ и изненадување: цената на двете карти од 14.500 ден. заминала на 18.200 ден.!!!! После некој ден цените на двете картии паднаа на 17.200 ден. и гледам сеуште е таа цена! Сепак заштедив најмалку 2.500 ден., што искрено не се малку пари. Е тоа е моето искуство со WizzAir. Поздрав.