Извади комплетна документација за законите во една држава за да знаеш како да не те орепаат

Патувањето со авион само по себе е анксиозно, со сите процедури, ограничувања со време итн, не ми треба уште да знам да ги изрецитирам законите на државата за да си побарам тоа што ми следува. Впрочем и Рајан и Виз со цена се скоро колку другиве што не се low budget.
Пред неколку денови имаше вирално видео, жена доживува нервен слом на аеродромот пошо рајан и ја класифицира торбата како “преголема” и ѝ бараат да доплати екстра. Жената не се согласува пошо инсистира дека торбата и е во големина, они велат или доплати или не се качуваш, она не доплаќа, ја банираат од летот и женава доживува колапс.
Е сеа Рајан некако го искористи видеото во спин за маркетинг, многу невкусно. Ама излезе ново видео кај што се гледа дека торбата е скроз ок со димензии, нема причина зошто би доплатила Е сеа може ќе се освестат кога ќе им стигне милионска тужба.
Башка со тие нестандардните димензии, глупости во боја.