deXterche напиша:
Очигледно не знаете да читате меѓу редови. Апсолутно сум ЗА Open Source, има многу предности (да не набројувам паметни сте вие...вие сте иднината на Open Source-от, новата сила, секој коментар плус ќе биде излишен), ама не е лебот таму. :nenene:
Уште нешто, ако направете најпроста програма (еве да речеме некоја за водење сметководство), би го отвориле кодот? А знаете дека од неа заработувате?
1. Слободен софтвер не е еднакво на бесплатно. Погрешно си разбрал. Free = слобода, а не бесплатно пиво.
2. Со GPL е забрането земање на отворен код, правење измена и издавање како затворен код. Секоја измена на кодот мора да биде објавена исто како отворен код.
3. Ти си напишал програма за сметководство. Јас сум муштерија. Што мислиш од кој ќе ја купам и ќе плаќам за поддршка, од тебе или од некој тип што ја симнал од интернет, ја изменил малку и ја дава како своја?
Има мал милион фирми шо работат и повеќе од профитабилно со софтвер со отворен код. Да набројам само еден промил од нив: Apache, MySQL, PostgreSQL, Mambo, Joomla, SugarCMR, JBoss, Plone...
Да не ги спомнувам Линукс дистрибуциите кои тежат стотици милиони долари како RedHat, SuSe/Novel, Ubuntu/Kubuntu, Mandriva...
И за крај, пребарај на интернет и спореди колку е платата за Линукс систем администратор и Виндоус систем администратор
Така да лебот е тука, само треба да си ги отворите умовите.