Види, Линуксот секако дека ќе ти обезбеди подолго време работа без да се умори, повеќе апликации на рамот и слично, но мноогу повеќе работа ќе имаш околу заштрафувањето и чепкањето работи по системот. Секако, новиве верзии (кои излегоа последнава година-година и пол) се нешто фанстастично и многу блиски јузер-френдли со XP-то.
Меѓутоа, најголемата новина што ја прочитав за Vista е дека кернелот (срцето на системот) ќе биде доста сличен како кај линуксот и вирусите и опасните софтвери нема да можат да се покренуваат сами (како досега) туку преку главниот рут (најверојатно како кај линукс) што значи и двата системи земаат многу особини од едниот и другиот што значи дека во иднина и двата ќе бидат подобри и подобри.
Доколку сакате да држите сервер и слично, набавете Линукс. Доколку сакате да сурфате, гледате филмови, музика, разни клипови и слично, земете си Windows, бидејќи не постои по пријателски и пораспространет систем во светот.
За да купите добра дистрибуција од Линукс (Редхет и сл) исто треба да потрошите пари (100$ мислам беа едно време) со што ќе ви следи помош како да ја инсталирате и ќе имате подршка за работа. Ако ја спуштите дистрибуцијата од интернет кој ќе ви помогне? Ќе барате водичи? Имајте на ум Линукс заедницата не е баш најрасположена за помагање, јас знам најдобро кога прв пат се сретнав со Линукс (пред некојси 6 години).
Има многу да се зборува да на оваа тема, ова е само површината.