Windows vs Линукс
Ја сум за Линукс. Иако во позадина работам и во Windows (од X причини), сепак сум за Линукс.
Неколку основни факти:
Да го напоменам фактот што за да реинсталирам работна станица за лични употреби (значи оперативен систем со графичка околина со инсталиран хардвер, со можност за гледање филмови, слушање музика, канцелариски пакет, подесувања за интернет и интернет програми со еден збор најосновното) ако го правам со Windows ќе ми треба барање по ЦД-а едно саат време за кај ми беше Office-от, кај ми беа драјверите, кај back-up-ите со програмите (шо ги праам на месец-два), после едно пола саат за инсталација за самиот Windows, па уште едно саат-два за драјвери, програми.
Сево ова со Линукс го правам со ЕДНО ЦД ЗА НЕПОЛН ПОЛА СААТ.
Со актуелизирањето на Интернетот нормално секој ќе си рече зашо да чувам некои програми коа и така и така излегуваат пребргу па ќе си ги симнувам секогаш кога ќе ми бидат потребни од Интернет. Овде зборувам сеа за користење на Windows пиратски и пиратски програми. Со Windows ќе ти треба многу повише време додека ги најдеш кракувани па да ги инсталираш и кракуваш, значи не е све Next, Next, Finish. За користење потполно комерцијален софтвер да не праам муабет.
Со Линукс сето тоа се прави (без оглед на дистрибуцијата) со една алатка и со едноставно штиклирање се се прави. Дури и да нема пакет за одбраната дистрибуција, самите програми се многу помали и со помош на еден фајл што нема шанси да не го потрефиш (README) и/или со помош на „светото тројство“ (три наредби во конзола) ја имаш инсталирано програмата.
Од аспект на подршка минаа времињата коа по форум или мејлинг листа ќе прашаш прашање у смисол како да отворам конзола? И ќе ти одговорат ај иди прво научи Windows како што треба па после ќе праиме муабет. Едноставно ќе те одјебат.
Има многу блогови, вики-а, мејлинг листи, веб страници со комплетна документација и упатство за било која програма. Тоа го наложува самото развивање на софтвер со отворен код. Значи комплетна документација.
А ако заглавиш некаде верувам дека чичко гугл ќе најде секакво решение.
Луѓето едноставно не се навикнати на промени. Барем у Македонија. Секојдневно слушам аргументи од неискусни луѓе дека Линукс бил од и за програмери или за хакери и што уште не... Многу од тие луѓе го промениле своето мислење кога вистински седнале на Линукс и без никаква помош (значи само логика ти е потребно) се снашле во Линукс. Нормално, нели и доколку било кој седне прв пат на Windows нема одма да се снајде како некој шо долго време работел на него. Истото важи и за Линукс.
Има мнооогу други причини зошто Линукс е подобар, поефикасен, поедноставен и има многу за коментирање и аргументирање али би прекинал тука.
Поздрав до сите Линуксаши