Windows Phone 8 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Друже купив Лумиа 520, мислам дека видов амбер апдејт, дали да го апдејтирам, дај некој совети, имам некој проблеми пример апликација ставив ФБ не ми ја подига, некој си ерор, ме исфрлува, а кога одам преку браузер си работи нормално ФБ.. дај некој совети што да правам што да не правам, од вчера ми е телефонов и сум нов во светот на смартфоните.. поздрав

Апдејт секако, ич не се мисли. Kога ќе се апдејтираш, кажи па ќе ти кажам што новости имаш.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 19:18 ---
925 е подобар од 920 ? И колку е 1020 во ВИП ?

925 е подобар во камерата од 920-ката. Тој има 6 леќи една повеќе од лумиа 920. Но заради таа леќа сликите денски се многу подобри отколку на лумиа 920. Телефонот изгледа феноменално, далеку подобро од лумиа 920.

Лумиа 1020 го нема сега за сега во вип, а и не би требало ни да го носат во скоро време бидејќи произвотството на тој телефон оди побавно. Дури сега почнува да се носи во другиве земји.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Апдејт секако, ич не се мисли. Kога ќе се апдејтираш, кажи па ќе ти кажам што новости имаш.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 19:18 ---
.
Апдејтирав, што има ново ? :) ... инаку мнооогу ме ебава со контактите, од друга картица ги ставав преку блутут, па сега кога филтрирам ФБ хотмеил и скајп ми ги бриши сите контакти од именик, фак лоџик .... друго ФБ апликација никако да средам функционална... и така за 1 ден доста научив... има уште многу да истражувам.... дај некое советче како за почетник.. и кажи ми дали е нормално да ми се полни батеријата за саат два ? ... кога го купив го потрошив скоро цел но не комплетно... па денес ми се потроши брзо барем така ми се чини... поздрав , инаку ми е супер забавен Windows-от љубов на прв поглед.....
 
од на мобилен неможам сега баш да пишувам вечер детално :).
 
Џои да знаеш а сигурно знаеш за апликација која слуша одредена песна и ја препознава и ја наоѓа изведувач и песна ? Еден другар со Андроид ја употреби во ноќен клуб но заборавив да прашам како се вика аппот, и нормално дали има за нашиве WP слична апликација....
 
Во WP8 (бар кај мене на HTC) ова го има вградено. Идеш на лупата (доле трите тач "копчиња"), и идеш само на икончето за музика :) Иначе апликација за ова има, Shazam се вика
 
Џои да знаеш а сигурно знаеш за апликација која слуша одредена песна и ја препознава и ја наоѓа изведувач и песна ? Еден другар со Андроид ја употреби во ноќен клуб но заборавив да прашам како се вика аппот, и нормално дали има за нашиве WP слична апликација....

Shazam е таа што ја бараш.

SoundHound е исто така позната

Овие две се најдобри и најпознати, и нормално достапни за windows phone корисниците :)

Али не користам јас ни едно ни друго, како што кажа членов погоре, преку bing search пребарувањето ми е многу многу полесно и побрзо.
 
Дечки, ми треба малку помош. Со маж ми си купивме хтц 8с и многу сме задоволни од телефонот ама имам два проблеми, односно еден проблем и една дилема. Контактите ги префрлив на единствениот начин кој што го најдов како возможен и изводлив, ги ставив го гугл маил и телефонот самиот ги повлече од таму, дилемата ми е, дали кога ќе отидам во странство и ќе го исклучам 3г-то ќе ги изгубам контактите, а реалниот проблем кој што се случува на двата телефони е со виберот не ги покажува контактите секогаш, односно кога ќе го отвориш покажува како да нема ниту еден контакт, а истовремено ги има сите конверзации кои биле направени и може да се комуницира со оние со кои веќе било комуницирано, се обидов да го избришам и да го инсталирам повторно, тоа не го реши проблемот, и сега кога сакам да пратам порака на некој кој што не ми е во историјата го исклучувам и уклучувам додека не се појват контактите, се надевам дека некој ќе знае како да ми помогне. Поздрав
 
1) Контактите ти се зачувани сега веќе во телефонот и нема да ти се избришат доколку исклучиш интернет. Тие секогаш ќе си бидат тука.

2) Проблемот со виберот - Некогаш ги имаш контактите некогаш ги немаш?
 
Да некогаш ги има некогаш не, ама почесто ги нема.
 
Кога ќе влезеш во виберот, најдолу имаш ( ... ) за да повлечеш нагоре мени, и тука имаш

- settings
-filter contacts

Во filter contacts, дали ти се сите штиклирани?

__________________________________________________________________________________

Наредно оди во менито и одбери people, пак на ... одбери од менито - settings. (тука имаш и да ги копираш од сим картица на телефон)
Скролај надолу додека не видиш accounts. Тука треба да имаш Microsoft account/Facebook/Google. Дали тие ти се синхронизирани? Ако не се синхронизирани, под нив седи со плава боја дека не се синхронизирани, кликни и остави нека се синхронизира.

___________________________________________________________________________________

Ако е тоа направено пробуваме со уште еден последен обид.

- Унинстал на Вибер
- Settings - Language + Region (тука смени во Country - United Stades) - Regional format US.
-Рестарт на телефонот
- Па инсталирај Вибер повторно

Кога го правиш ова биди приклучена на Wi-Fi а не преку 3г.

_____________________________________________________________________________

Се надевам дека ќе ти се реши проблемот.

Фала многу ќе пробам и ќе јавам што сум направила :)
 
Ова youtube-ов од мајкрософт само мене нешо ме јебе или?

Sent from my Windows Phone 8S by HTC using Tapatalk
 
Голем пропуст со меморијата ... Инаку сум презадоволен од се друго на windows телефоните..

И јас исто.. да се надеваме со апдејтот ќе има опција за чистење на Others фолдерот
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 22:38 ---
Ова youtube-ов од мајкрософт само мене нешо ме јебе или?

Sent from my Windows Phone 8S by HTC using Tapatalk

Не :D И мене
Башка друже ти имаш проблем со меморијата? Гледам и ти имаш 8Ѕ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom