Wimbledon 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Вимблдон 2017?


  • Вкупно гласачи
    53
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Како бе не е битно со кого играш, што зборуваш бе мајсторе? Исто ли е кога играш во финале против Надал и против Ферер? Па ете така, кога се ставаат сите работи на кантар доста битна ствар е меѓусебниот дуел односно на каков начин си доаѓал до најбитните титули. Џордан има 6-0 во финалињата, Коби 5-2, Меси нема загубено ЛШ финале, Роналдо исто... Така е и во тенисот, ги имаш своите два најголеми ривали до тебе и скорот против нив ти е во најмала рака катастрофален, за на Слемовите зборувам. Пак ќе ти го дадам за пример Ноле, види како му се освоени сите ГС титули, а и изгубените финалиња, и кого се има добивано во финалињата и од кого има губено и спореди со некоја од титулите на Федерер пред 2005 и во истиот момент замисли во тие финалиња Ноле да ги имал Бердих или Цонга и каков ќе му бил скорот.

Значи ок е тоа, повторно не ми одговори зошто е толку битно да имаш позитивен скор вс некого, зошто за истото не збори никој од тениските новинари/експерти, и дали меѓусебните дуели се показател за тоа кој од кого е подобар играч - или на што мислиш биди конкретен.
 
Навивачиве на надал и џоле ги сметаат за релевантни годините кога Федерер падна а нивните миленици газеа.Епа ајде да ги споредиме 30-32 години на Фед и тие години на Надал и Џоко?? Ќе видеме што ќе прави надал на 35.Така се гледа дали имал среќа што не се родил во нивните години или не
Пријателе муабетот за СТАР Федерер го слушам од 2008 година навака. Еве ти колку има смисла тој муабет, ликот во 35-та година од својот живот е физички на врвот и лета по терен. Тој муабет за годините паѓа во вода и џабе го потенцирате цело време. Федерер знаеш ли како играше 2014 и 2015, нарочито 2015? Свесен си дека Новак го угаси за сите пари на светот и му ги зема најбитните титули, свесен си дека Надал во прајмот на Федерер му зема Вимблдон и АО? Федерер што му зема на Надал во прајмот? Мадрид 2009? :icon_lol:[DOUBLEPOST=1500247817][/DOUBLEPOST]
Значи ок е тоа, повторно не ми одговори зошто е толку битно да имаш позитивен скор вс некого, зошто за истото не збори никој од тениските новинари/експерти, и дали меѓусебните дуели се показател за тоа кој од кого е подобар играч - или на што мислиш биди конкретен.
Па ете затоа што има луѓе што не пратат тенис од вчера и знаат како стекнал Федерер толкаво наследство. Тој бројчано ќе си биде најдобар во историјата ама за мене никогаш, човек што има негативен скор на слемовите против двата најголеми ривали... Т.е. не негативен него катастрофален скор. И има дузина тениски експерти кои кога ќе се спомне приказната за ГОАТ секогаш ја начнуваат оваа тема.
 
Незнам како да ти напишам што мислам а да ме сфатиш.Значи правиш како да федерер во 2013та играл во најдобра можна форма.
Да речеме дека федерер 2006 година или тој период играл на 100% од можностите,во 2014 играл со 75% (пример давам бројки само за да ме сфатиш)
Епа Џоко во таа 2014та каде што Фед играл со 75%, Џоле играл со 100%.
 
Па ете затоа што има луѓе што не пратат тенис од вчера и знаат како стекнал Федерер толкаво наследство. Тој бројчано ќе си биде најдобар во историјата ама за мене никогаш, човек што има негативен скор на слемовите против двата најголеми ривали... Т.е. не негативен него катастрофален скор. И има дузина тениски експерти кои кога ќе се спомне приказната за ГОАТ секогаш ја начнуваат оваа тема.

Значи за тебе најбитни се меѓусебните дуели, тие се клуч за тоа кој е подобар играч, да или не?
 
Среќа па твоето мислење и на останатите фанчиња на надал на некој си форум се битни дали е Фед ГОАТ или не. Рекордите говорат сами по себе. Вие само тешете се со други ствари.
 
Значи за тебе најбитни се меѓусебните дуели, тие се клуч за тоа кој е подобар играч, да или не?
Не, ама се многу битен фактор затоа што не се споредуваат Федерер и Лацко него Федерер и Надал и Ѓоковиќ. Мене кога ќе ми спомне некој Џордан одма ме асоцира на тоа дека ликот беше несовладлив, дека не можел никој да го победи, исто и Мухамед Али, а Федерер не ме асоцира на тоа, колку и да го поштувам сепак од реалноста не се бега. Џими Конорс има 100+ титули освоено во кариерата и вака ако погледнеш ќе си речеш дека бил ГОАТ, арно ама ги освоил на тие нискоразредните амерички турнирчиња.

Александар, не ти се точни тие проценти. Федерер и во 2014 и во 2015 играше со 100%, единствено 2013 беше оневозможен поради повредата на грбот и тука не даваше максимум. Пушти си го финалето УС Опен 2015 и види на кое ниво играше Федерер и каков меч му украде Новак.
 
Не, ама се многу битен фактор затоа што не се споредуваат Федерер и Лацко него Федерер и Надал и Ѓоковиќ. Мене кога ќе ми спомне некој Џордан одма ме асоцира на тоа дека ликот беше несовладлив, дека не можел никој да го победи, исто и Мухамед Али, а Федерер не ме асоцира на тоа, колку и да го поштувам сепак од реалноста не се бега. Џими Конорс има 100+ титули освоено во кариерата и вака ако погледнеш ќе си речеш дека бил ГОАТ, арно ама ги освоил на тие нискоразредните амерички турнирчиња.


Ill just leave this here.

5QtHolgRSuedHYb52dbJuQ.png
 
Ill just leave this here.

5QtHolgRSuedHYb52dbJuQ.png
Очекував вакво нешто, да бидам искрен изненаден сум што и порано не го постираше овој податок. Надал и против Дарцис има негативен скор, а Федерер против Хрбати. Очигледно не ми ја сфаќаш поентата или намерно се правиш намутав пошо избегнуваш дискусија со очигледни факти и бројки.
 
Ill just leave this here.

5QtHolgRSuedHYb52dbJuQ.png
Човекот ти спомнува грен слем финалиња, ти H2H од маалски турнири споделуваш. :vozbud:
p.s. Не ме сфаќај буквално маалски, имаше и некои важни мечеви на мастерси, дури и финалиња.
Давиденко беше одличен играч, но и голема пичка, на Федерер и Новак им го имаше стравот ко за машала.
Како и да е, макар и мастерс финале да е, не се споредува во никој случај со грен слем финале.
 
Друже пред пола саат напиша дека Фед е Гоат, за сега да напишеш дека не е, пред саат време напиша дека е без везе да се пишува на оваа тема за сега да се трудиш да покажеш нешто кое е ама баш небитно баш на таа тема, и очекуваш некој да те сфати сериозно ?
Упорно пробуваш да му ги оспориш титулите на Федерер не знам од која причина, а ако погледнеш бројки тогаш сем слемови Надал не е ни близу Новак по останатите параметри а камоли Роџер. Глупи споредби тотално ако мериме кој како би одиграл може и да нагаѓаме како би одиграле оној Новак од 2014-15 против оној Роџер од 2005-07 зашто сигурно немаш гледано тенис од тоа време по муабетиве.
 
Очекував вакво нешто, да бидам искрен изненаден сум што и порано не го постираше овој податок. Надал и против Дарцис има негативен скор, а Федерер против Хрбати. Очигледно не ми ја сфаќаш поентата или намерно се правиш намутав пошо избегнуваш дискусија со очигледни факти и бројки.

Фактите се овие, 19 слема, 302 недели, 6 WTF и 4 финалиња, Потсете ме колку WTF има Надал? :pos:
Човекот ти спомнува грен слем финалиња, ти H2H од маалски турнири споделуваш. :vozbud:
p.s. Не ме сфаќај буквално маалски, имаше и некои важни мечеви на мастерси, дури и финалиња.
Давиденко беше одличен играч, но и голема пичка, на Федерер и Новак им го имаше стравот ко за машала.
Како и да е, макар и мастерс финале да е, не се споредува во никој случај со грен слем финале.

Ааа значи тоа е, ако губел од Фед и Ноле, а од Надал не, значи пичка бил, а не е дека го победувал Надал у неговиот прајм, ок е сфатив со кого разговарам, сега можеш да дискутираш со други.

За крај, видете колку слема има Надал надвор од РГ :unsure:
 
Последно уредено:
Фактите се овие, 19 слема, 302 недели, 6 WTF и 4 финалиња, Потсете ме колку WTF има Надал? :pos:
Чек сега иронија ми тераш нешто? Ме читаш што пишувам? Федерер е ГОАТ, енд оф стори, ама ти кажувам што има дамка врз тој примат. Исто како Леброн кога ќе ми го спомне некој ко најдобар на сите времиња, а ликот има 3-5 скор во финалињата. По 54553534534 пат, си стои дека Федерер е најдобар, ама добар дел од неговото наследство го има стекнато во послабата ера. Во појаката ера е позади Ноле и Надал, а зошто запрашај се самиот. :) Јебига, не е крив он што овие двајца се имаат родено некоја година покасно. :toe:
 
@Psyside , самиот Надал се бунеше зошто WTF никогаш не се игра на различна подлога од сала. Според него требало да се игра некоја сезона и на земја бидејќи е завршен турнир на кој се квалификуваш во текот на годината играјќи на најразлични подлоги.
Знаеш колку титули на WTF ќе имаше твојот Роџер ако се играше на земја?
- Се плашам дека 0, баш колку што има Надал моментално.
 
Исто и баш “многу“ време има пројдено Фед на првото место од 2009 навака, во јаката ера, кога и Рафа и Новак станаа сериозни играчи. (ок Рафа и порано од тоа беше озбилен играч) :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom