the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Честитки до Роџер, и до неговите фанови на форумов, позаслужена победа амин. Ова што го одигра денес Роџер беше неверојатно. Првично мислам на сервисот кој му функционираше без грешки цела 2 часа и 7 минути. Форхенд, бекхенд, слајс, во секој сегмент ништо не погреши. И двајцата беа одлични на нивните сервис гемови, но ете, од 4те гемови на Енди кои беа "опасни" тој успеа да извлече само 1, и тоа онај најтешкиот. Од друга страна, читам коментари како Мареј бил смешка. Некој кој и малку разбира тенис ќе увиде дека денес Енди беше добар. Не беше одличен, но не беше и лош. Имаше и успони и падови во неговата игра, но сигурниот сервис на Роџер го реши мечот.
@Syn, поставувањето на Морезмо како нов тренер на Мареј нема апсолутно никаква врска со отказот на Лендл. Отказот на Лендл беше само заради тоа што тој сакал да посвети повеќе време на својата фамилија. Морезмо ја назначи дури после пола година. Пред да лупните ваква глупост, изгуглајте, лесно е барем на денешно време. Плус, Мареј игра одлично со Морезмо, посебно во оваа сезона. Можам да кажам дека после Новак е најконстантен играч на турот засега, 1 финале и 2 полуфинале на ГС не се лоши резултати, но ете, му фали нешто, некоја ситница во играта (или во главата) која треба да ја подобри за да повторно освои нов ГС. Да не си барам постови од лани ова време, и јас бев голем бунтовник против Морезмо, но со тек на време играта на Енди е се подобра и подобра.
@Stefan-kobe, да, вториот сервис на Мареј е ептен лош, но на овој Вимболдон, Мареј на втор сервис имаше 57% освоени поени, а денес против Роџер имаше 51%, што не е воопшто лошо. Сервисот на Мареј (и првиот и вториот), немаше никаков удел во овој пораз. Мареј треба да си поставува прашања што правеше на сервис на Роџер. А толку се надевав во неговиот ритерн денеска...