Не сакам да му ја намал вредноста на победите на Роџер, нити пак перфектната недела, недела и пол која ја игра на Вимби, но реално Роџер немаше некој сериозен противник. Ќе видиме против Енди како ќе биде, но ептен му ги намаливте шансите на Мареј против Роџер. Без разлика што Мареј игра со осцилации (посебно во неговиот сервис гејм), сепак во сите натпревари досега доминираше. Колку што е лабилен во неговиот сервис гејм, толку е опасен на противничкиот. На скоро секој противнички гејм опасно се приближува до брејк. Ќе видиме, ќе биди интересен дуел, и јас на никој не му давам предност. 50-50 е според мене.
Во другото полуфинале, му се отвори ждребот на Новак, и ќе биде голем резил ако не го добие Гаске. Не дека Гаске игра лошо, насроти одличен е, но нема шанси против Новак.