Wimbledon 2015

Освојувач на Вимблдон 2015 мажи ?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 20 27,0%
  • Енди Мареј

    Гласови: 10 13,5%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 20 27,0%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 12 16,2%
  • Стан Вавринка

    Гласови: 6 8,1%
  • Григор Димитров

    Гласови: 0 0,0%
  • Кеи Нишикори

    Гласови: 1 1,4%
  • Милош Раониќ

    Гласови: 1 1,4%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Марин Чилич

    Гласови: 1 1,4%
  • Жо Вилфред Тсонга

    Гласови: 0 0,0%
  • Ник Киргиос

    Гласови: 2 2,7%
  • некој друг

    Гласови: 1 1,4%

  • Вкупно гласачи
    74
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
@undercover
:tapp::tapp:

е од вакви како тебе ми се повраќа.Споредуваш тенисери од различни времина..
Одкако Надал и Новак полнат толку години овај веќе го достигнал зенитот и паѓа,паѓа во формата не поради нив.тие 2год од 28до 30 падна ептен во формата неможе да се оспори тоа, сепак не се мн години 29-30... ама сето од 30 натаму е боонус.
Сакаш да ни докажеш дека овие 3-4 години се вистинската слика на федерер и дека играл така и во 2004-5та да речеме :icon_lol::icon_lol: Или сеа можи појак е ? :confused:
ајде ќе видеме каков ќе биде џовак на 33 години, и спрема твојата логика во 2020 година некој си нов тенисер што ќе се издигне над другите и ќе го победува Новак, е сигурно поквалитетн од новак и ќе ми зборуваш дека ерата на Новак била слаба? Претпоставувам дека џабе муаебтов е сигурно нема да го сватиш или ќе се правиш дека не си сватил.
Крај краева, кој каква ера начекал не е битно . Си пишува покрај РФ 17 г слема,кај новак 9 така да разликата е преголема.
Спрема мене најакиот тенис беше од 2005 до 2010[DOUBLEPOST=1436745704][/DOUBLEPOST]
Е сеа замисли да беа барем Новак и Рафа 2-3 години постари и поискусни во тој период од 2004 до 2008, дали во тесни утакмици Федерер ќе освојуваше речиси се, освен РГ?
замисли сеа федерер да беше 3-4 години помлад, дали Џокович ќе освоеше лани и годинава вимби?
значи глупи споредби во крајност.Гледате сегашна форма на играчи и претпоставувате дека вака би се одвивале работите пред 11 години.11 ГОДИНИ!
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Пичка једна, пичка, то сам ја, пичка/
Добро е што му текнало на некој да му каже. Уште не ми е јасно зошто бар не се обиде да го добие Вавринка, зошто бар не проба да игра офанзивно кога веќе Стен маваше како лудак. Како и да е, лека полека, нека одмори сеа малце, после да ги заокружи Мастерсите со Синсинати, па да ја заокружи и 10ката на ГС титули во Њујорк. :P

Не ми се верува колку е слаба конкуренцијата на Џоковиќ во моментов. Освен мечот со Андерсон, каде очигледно заеба на стартот, Ноле изгледаше како рутински да го освои турниров. Можеби имаше и малце среќа со ждребот, но навистина е ниво над другите моментално. Знам дека е спорт и дека многу лесно може да се заврти работава, но ако остане смирен и наредните 2-3 месеци може да направи поголем успех и од 2011. :)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Леле ама ја затеравме. :D
Псај прво ми пиша сум пишувал за статистики, а Ноле во најбитната имал 9-8 во финалиња.

И пак се враќаме на податокот дека слабо игра под притисок чим има само 54%.
Тоа би дошло 17-14 однос на победи и порази, што е прилично лошо.
Надал има 22-6 мислам, Новак 25-8.
И сеа ти викам замисли овие двајца+Мареј во периодот од 2004-2008 да беа поискусни и со повеќе мечеви во нозете, ќе го тестираа Федерер повеќе и дали тој ќе освоел речиси се освен РГ.
Си праиме муабет хипотетички.
Муабетов ти е дека Роџер имал среќа што се родил 5,6 години помлад од овие, иначе немало толку ГС да има :D А замисли Рафа да немаше толку проблеми со повреди во кариерата, и да не пропушташе секоја можна сезона по 1,2 гренд слема на која бројка ќе беше сега? :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Првите 2 сета беа неизвесни.
Потоа Новак убаци во поголема брзина.

Заслужено на крај, според мене, иако, аргументиве дека малце го подгурнал Федерер со лошата игра, држат вода.
Со 35 неизнудени грешки, наспроти 15 на противникот, тешко дека ке освоиш финале.

Жал ми е за Федерер, можеше ова да му биде убав подарок за пензијата што ја планира догодина...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
споредбите :drk::drk::drk:

помирете се,ноле е перфекција за овие другите,не се и тие толку слаби,но ноле едноставно брилијира........и самиот не знае што прави:cuc:

овај период ќе се памти по ерата на ноле :anco:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас заради концертот на Swans не ги гледав третиот и четвртиот сет, морав да заминам. После првиот сет уплатив многу на Џоковиќ, немаше шанса Федерер да го добие овој меч. И бев многу мирен после изгубениот втор сет. Има еден сигурен начин да го добиеш Џокович на било која подлога, а тоа е да ограш врвен офанзивен тенис и да не му даваш ни парче територија. Секое влегување во подолги поени значи крај. Федерер вчера немаше ниту сила, ниту константност да игра таков тенис. Против Мареј беше перфектен, вчера беше на пола од она што го одигра против Енди. Се разбира дека причината за тоа е и играта на Џокович, кој нон стоп го притискаше со длабоки топки. Меѓутоа, барем на свој сервис, доколку играше како против Мареј многу ќе беше тешко за Новак да стигне до брејк.

Мене ми е само криво кога на некоја подлога се победува со атипичен тенис за неа. Она што Новак го игра на трева, исто како и она што Надал го играше на трева кога го освои Вимблдон е предавство на вистинската игра на трева. Тоа што двата со такви стилови на игра го освоиле Вимблдон само кажува колку биле добри во она што го прават.

Немам ништо против Новак (иако имам многу против малоумни кои дркаат на Ноавак), и во моментов тој игра најефикасен тенис. Му посакувам да го освои РГ, конечно да ја затвори приказната и да влезе во кругот на најдобрите играчи во историјата.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
@undercover
:tapp::tapp:

замисли сеа федерер да беше 3-4 години помлад, дали Џокович ќе освоеше лани и годинава вимби?
значи глупи споредби во крајност.Гледате сегашна форма на играчи и претпоставувате дека вака би се одвивале работите пред 11 години.11 ГОДИНИ!
Да беше 3-4 години помлад, многу веројатно немаше да има 17 ГС.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Да беше 3-4 години помлад, многу веројатно немаше да има 17 ГС.
да бе, 10 ќе имаше, ок .
Сето ова го заклучи оти Новак и Рафа се појавија кога овај веќе го истера своето?
Да беше помлад 3-4 години многу веројатно немаѓе да има 17 , ќе имаше 20. Немаше шанси да изгуби овие последни 2 финалина на Вимби ако беше 28-9год
 
Член од
13 јануари 2014
Мислења
410
Поени од реакции
259
да бе, 10 ќе имаше, ок .
Сето ова го заклучи оти Новак и Рафа се појавија кога овај веќе го истера своето?
Да беше помлад 3-4 години многу веројатно немаѓе да има 17 , ќе имаше 20. Немаше шанси да изгуби овие последни 2 финалина на Вимби ако беше 28-9год
Федерер да беше слично годиште со Новак, Рафа и Мареј немаше да освои повеќе од 10 грен слем титули.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Федерер да беше слично годиште со Новак, Рафа и Мареј немаше да освои повеќе од 10 грен слем титули.
Ова спрема која равенка го пресмета? ај доста е секако нема дасе разбериме секој на своето ќе си тера.Остај не ми објаснувај,сигурчно ќе ми го кажеш нивниот меѓусебен скор од 27 до 34 на федерер,и како тоа ги шлакал дури овие биле не искускни(тоа се отфрла одма а? ) а сеа ова се важи кај што се искусни а овај на залез.ПОз
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
да бе, 10 ќе имаше, ок .
Сето ова го заклучи оти Новак и Рафа се појавија кога овај веќе го истера своето?
Да беше помлад 3-4 години многу веројатно немаѓе да има 17 , ќе имаше 20. Немаше шанси да изгуби овие последни 2 финалина на Вимби ако беше 28-9год
Напротив да не се појавеа овие двајца Федерер ќе немаше апсолутно никаква конкуренција. Откога се појавија почнуваат проблемите.
Како што ти се правдаш, не можел сеа Федерер да го победи Новак, пошо бил стар, ја ти викам не можеше Новак да го победи Федерер на пример 2007 во Америка пошо беше зелен и неискусен, а имаше брејк топки и во двата сета што ги изгуби во тај брејк.

Од крај на 2009та до денес има само 2 ГС титули освоено. Рафа и Новак беа по 22-23 години тогаш.
А Федерер тогаш има одвај 28 години.
А кога Федерер освојуваше по 3 ГС, Надал беше 19 годишен, Новак 18 годишен. И пак понекогаш губеше од нив, од Надал почесто. Замисли во 2006, да имаше Надал и Новак поискусни, па и Мареј.

Па до 2009, Новак има 6 победи против Федерер, Мареј 8, а Надал повеќе од 13-14. Оние смешните конкуренти Хјуит, Давиденко и да не ги набројувам другите во цела кариера немаат толку победи. Уствари Хјуит има, пред да стане Федерер број 1, откако стана бр. 1 нема повеќе од 3-4 победи.

И затоа ја стаив онаа статистика во 5ти сет, каде Надал има 77% победи, Новак 75%, а Федерер 55%. Годинава Новак играше 5 саата со Мареј на РГ во два дена, а утредента имаше финале.
Е сеа замисли Федерер да играл 5 саата 1/2 финале со Новак да речеме и во финале да го чека Надал, дали ќе освојувал се, освен РГ.
А не противник во 1/2 финале Николас Кифер, во финале Багдатис.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Море другар,и сеа наредни 5-6 години Надал и Новак немаат конкуренција, па нека стасаат до 17 титули.Федерер имал ''слаба'' конкуренција на првата половина од кариерата, овие имаат на вториот дел од кариерата.Само немој да ми кажеш дека конкуренција е Мареј или Вавринка,молимте.Гледаш нема сеа тенисери по 22-3 години да се вмешаат на Новак на Гслемовите.И сеа да го дрвам дека новак освојува дека нема конкуренција?Па гледај бе пријателе со каква игра џокович го освои вемблдон сезонава.и спореди ја со играта на Федерер да речеме од 2005-6.И оваа на Џокович е појака?Немој да ме јебеш бре.Последниве 1-2 години тенисот ептен падна, пред се поради повредите на Надал и паѓањето на форма,немањето на млади надежни тенисери, и РФ кој е најдобро дас е пензионира.
Тоа што би било кога би било неможеме да си објасниме и неможеме да знаеме.Ама си гледаш ситуации и статистики што само тебе ти одговараат и на никој друг.Можеби конкуренцијата не била толку слаба во 2003та, можеби овај бил прејак, од каде знаеш ? Или деак сеа губи од џокович тоа значи дека ерата негова слаба била.
Зелени биле, епа ко узреаја овај падна , не ради нив туку ради годините.Можеби некој и на 40години ќе игра и ќе е посмренем од него, не знаеме ама Рф никогаш не се потпирал на физичката спремност и затоа овие години му се премн и се сеќава разлика.
И реков јас дека падна во играта РФ од 28 до 30-31 година не разбирливо и необјасниво.ЗНАЧИ ИГРАШЕ МН ПОСЛАБО ОД ПОРАНО, а не дека противниците му беа појаки.Мн повеќе грешки правеше, тоа не е ради годините сепак 28-30 години не се мн , ама едноставно си падна си го достигнал максимумот и оди надолу .
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.142
Поени од реакции
2.583
Едноставно е бе... последниве 5 години Федерер немаше шанси да доминира како пред тоа.Пред се поради тоа шо 2010 Надал имаше страшна сезона,после Ноле 2011 уште пострашна,2012 ептен беше шарена сезона сите освоија по еден,2013 пак Надал издоминира,лани имаше убава шанса Федерер да освои некој ГС ама на Вимблдон пак Ноле проблемот.На УС Опен од нигде никаде искочи Чилич шо играше ненормално добар тенис.Оваа сезона пак Ноле ја повторува 2011,а можно е и да биде појака и најдоминатна некогаш ако освои уште некој мастерс и УС Опен.И играта на Федерер ја мислам дека е иста од 2004 па наваму и во овие години (освен 2013 тоаш беше мизерија голема).Вчера јес да сам се убиваше,ама и многу длабоки топки си попи шо немаше шанси да ги врати.И за Ноле исто не ми е јасно кога викате бил слаб на турниров.Шо требаше подобро да прави од ова шо го направи не ми е јасно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
1.926
Поени од реакции
1.214
Red John,abe sho mi brishesh mislenja,aj prviot post vo red,kako reakcija na Stavro postot koj shto seushte stoi I e zgora daleku ponavreldiv kade ne pravi site fanovi na Novak maloumni,ama zoshto posle drugite.Koj ti e problemot be prijatel,od kaj shto zamalku go zapusti podforumot,sega I nekoi privatni vojni si nametnuvash.Srekja Bozino e ovde pa kolku tolku ja oprava rabotata I balansira objektivno,ama tolku dvoen arshin da imash ne biva za moderator,koj te stavil alal da mu e.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom