После ланското пропуштање на турниров Рафа подобар настап не ни можеше да има.8 титула е за честитики,само се надевам дека колената нема да бидат причина да го напушти тенисот прерано.Роже испиша историја со 16 титули и одлична игра,меѓутоа земјаќи ги предвид годините на Рафа воопшто не е невозможно да ја достигне оваа цифра.
Очекував да се сретнат во финале двајцата,затоа што нивните меѓусебни дуели го направија тенисот поубав во секој случај.
Како и да е,Федерер е на залезот на кариерата и мислам дека сеуште игра за да го надмине Сампрас со титули на Вимблдон иако неговата форма веќе не е иста па очекувам да се повлече за некое време.Само не би сакала во исто време да ги снема и двајцата од тенисот затоа што тениската игра многу ќе загуби.
Заклучно според мене,овој Вимблдон беше најубав до сега од оние што ги имам следено,сруши неколку рекорди,Махут-Ишнер испишаа историја што верувам нема никогаш да се надмине.Убаво одигрна турнир иако помалку досадно беше во женското натпреварување,некој мора сериозно да и контрира на Серена премногу е доминантна.Но тоа ќе видиме наредната година.
ЧЕСТИТО ТИТУЛА РАФА....:pehar::pehar::pehar: