Вимблдон ..
Интересна сезона ќе биде ова, посебно за ова неофицијално Светско Првенство.
Како прво, мислам дека нема барем за мене фаворит овде, стварно не се знае ништо, дали Надал,Федерер,Родик или некој друг и трет. Нормално дека овие тенисери би ги ставиле меѓу првите но, мислам дека ке биде многу тешко, и очекувам изненадувања, од помлади тенисери да се прослават на Вимблдон.
Надал ...
Навивам за него и не се откажувам да го играм како улога за фаворит, нормално секој навивач на некој мора или да го прецени или да го прави најдобар или нешто слично, па така и јас.
Ако гледаме реално, покажаната игра на Надал на трева сега пред Вимблдон не ми изгледаше којзнае каква, а и очекував вака да отпадне. Ако продолжи во исто темпо (не верувам) ништо скоро нема да направи освен да помине 2-3 кола. Тоа сигурно нема да се случи, туку за првите кола нека си игра мирно и сталожено и да си пробува нешто што ке може да му се прилагоди на неговата игра на трева. Стварно најслабата карика е оваа за Надал, но сепак мислам дека може, кога можеше во 2008 и сега ЌЕ МОЖЕ! Само многу концентрација и мудрост, ке сттигне далеку, и да нема лоши денови и нормално не како Роџер да се нервира.
Родик ...
Го ставам полуфиналист уште од сега. Се изнамачи на земјата на овие турнири. Не играше којзнаее колку но сепак, играше и многу се мачеше. Неговиот сервис работеше ама не беше доволно за да стигне до некое изненадување. Далку е подобар на трева, но сепак мислам дека ке му помогне оваа подлога и нема да разочара како што играше на земја иаку негова идеална подлога е тврдата подлога.
Федерер ...
Бранителот на титулата, и неговите фанови неможат да се помиран со ова, ке дојде време, ке го видиме. Оваа игра што ја покажа во ЦЕЛА 2010 година, е бедна и лоша за него знаејки каков тенисер е Роџер и што има освоено и кој беше на АТП листата. Според мене заслужено падна од АТП, кога ништо не покажа од ова што го покажуваше изминатите години. Ја брани титулата и стварно ова му е како дома да игра тенис, на домашен терен како Надал што играше на земја исто така и тука Роџер. Ако продолжи вака да игре, некако може да се протне до финале, ама не верувам на освојување на овој турнир. Мора нешто да смени во играта, да биде по атрактивен, и да нема многу грешки. Располага со одлична техника, и мислам ако ја поднапредне малку неговата игра ке стигне далеку, а можи и да си го одбрани медалот, зависи од неговиот противник.
Хјуит ...
Страшно, во последно време премногу добро игра, еве го докажа и на последниот турнир пред Вимблдон. Тенисер со огромно искуство, и мислам дека со неговата игра, како што ја играше пред тоа, верувам дека ке стигне до 1/4 финале, макар и подалеку зависи од неговите противници. Стварно добро игра и го ставам меѓу подобрите на овој турнир.
Џоковиќ ..
Многу слабо, слабо преслабо игра. Се лигава и незнае што прави. Да се надеваме дека ке го свати овој турнир како сериозно па да проба да направи нешто, уште од сега го отпишувам Ноле од финалист, мислам дека нема да оди до таму, некако големо предчувство имам за него. Мхм.
Содерлинг...
Опасен е и Содо, убаво игра и топовите ако му тргнат сите ке ги собори. Оваа победа што му ја направи на Федерер е негова брилијантна игра, и ретко му се случуваат вакви игри, но ако го држи темпото на оваа форма Содерлинг, далеку ке стигне, без разлика кој и како. Има многу потенцијал и разорен сервис и удар, како би го кажал. Го ставам и Содерлинг меѓу подобрите.
Ме мрзи да образложам уште нешто, ама мислам дека добро кажав од кој очекувам малку повеќе а од кој не. Може во некој друг пост да продолжам, али овие ги одвојувам и мое мислење давам.
Поздраф.
VAMOS RAFA!!
Очекувам титула!