мој фаворит е Џоковиќ ама не е нешто во најдобра форма па така да Федерер ќе го освои овогодинешниот вимбалдон
Не ме бришете од Вимблдон", предупреди Ѓоковиќ
Вимблдон ќе биде шанса за светскиот тенисер број 4, Новак Ѓоковиќ да ги постави своите приоритети на вистински пат по откажувањето од Австралискиот Опен и раниот пораз на Ролан Гарос. Ѓоковиќ беше актуелен шампион на Австралискиот Опен во јануари, кога се откажа во четвртфиналето против Енди Родик поради проблеми со жештината, додека на Францускиот Опен загуби во 3. коло од Германецот Филип Колшрајбер. Во неделата тој загуби од ветеранот Томи Хас во финалето на Гери Вебер Опен во Хале, по што изјави дека нема шанси за на Вимблдон, но сега вели дека ја чека шансата да покаже што може да направи на трева.
"Имав повеќе време да се подготвам на Вимблдон од минатите години поради раниот пораз на Ролан Гарос. Знам дека на трева не сум најдобар, многу се лизгам, но сигурен сум дека нема да имам проблем. Сакам да бидам далеку подобар од минатата година", вели 22-годишниот Србин.
Ѓоковиќ во 2008 загуби во второто коло на турнирот од Марат Сафин, но вели дека тоа нема да се повтори.
"Тревата е возбудлива подлога. На трева мораш да играш агресивно. Сакам да ја подобрам мојата игра на мрежа, и да користам скратени топки. Тоа може да е многу корисно на трева", проценува Ѓоковиќ.
Пред Ролан Гарос, тој беше втор фаворит за титулата зад светскиот број 1, Рафаел Надал откако имашедве финалиња во кои загуби од Шпанецот во Монте Карло и во Рим.
"Започнав како што сакав, но имав лош ден во Париз. Морате да сфатите дека јас се справувам со многу голем притисок. Се работи за ментална работа, бидејќи физички правам се што можам", признава Ѓоковиќ.
Тој исто така смета дека не било фер да биде критикуван за повлекувањето во средината на 4 сет од 1/4 финалето на Австралискиот Опен против Родик. Температурите на 40 степени во Мелбурн придонесоа за лошата атмосфера, но Ѓоковиќ беше обвинет од неколку топ тенисери, вклучувајќи го и Рожер Федерер, бидејќи не е првпат да се повлече кога неговата игра не му оди.
"Тоа беа не-фер коментари. Не сакав да се повлечам, и потоа бев разочаран од тоа што го зборуваа некои мои колеги. Јас никогаш нема да го ставам тенисот пред моето здравје. Никогаш. Кога моето тело ќеме алармира, тогаш ќе застанам", изјави Ѓоковиќ.