Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јули 2010
Мислења
79
Поени од реакции
5
Абе Федерер, Федерер од 2:0 2:3 цццц:(, а баш сакав да ги гледам Џокович-Федерер. Иначе сега мислам дека Надал ќе освои.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Видете каква подршка имаше Томич,ама залудно. :D

 
С

сашенко

Гостин
Моментално Џокович е во послаба форма и мислам дека Цонга може да го победи и да се избори за финале. Надал - Мареј oчекувам да биде интересен натпревар ама тешко дека Мареј ќе изненади.
Абе каков Џонга бе нема шанси.Играше добро, имаше одлични поени ама Федерер сам се победи денеска.Си ја посра работат сам.Џокович ке го реши Цонга и честито нека му е првото место нема што муабет да се прави за таа утакмица.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
еве го се враќа Федерер хахахахаххаах

Сериозно Цонга во третиот сет почна послободно да игра и откако го направи брејкот се му одеше од рака, влезе се што можеше да влезе, сервисот на ниво и на крај заслужено дојде до најдобриот резултат во неговата кариера.

Ноле сигурен сум дека не му беше денот, а и веријатно мислеше дека ќе помине со помалку работа рутински да го среди детето ама ете му пружи отпор како и да е серијата од седум гејма на Ноле не дозволи никакво изненадување. Против овој денешен Цонга ќе биде доста тешко, во секој случај е подобар ритерн играч од Роџер и на крај ќе видиме што ќе се случи.

Мареј ако е умен и ако сфатил и научил до сега како да игра против Надал сигурен сум дека ќе гледаме рамноправен меч, само да не му се сруши тактиката и неговиот план во спротивно ќе го јаде како магаре. Надал не го следев ќе чекам да закачам некоја снимка.

пс Гледам тука се фановите на Надал добро е тоа, јас сум за финале Рафа - Ноле па уште еднаш да се види кој е кој
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Џокович против Ѕонга ... Ајде мајсторе, можеш !
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Ништо од првото женско полуфинале..... ништо нарочито не видовме до сега. Како да играат прво коло !!!
Да се надеваме дека Шарапова и Лисицки ќе понудат ако ништо друго, барем неизвесен тенис
:sleep:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Ете не плачи сега, убав меч е :)

Интересна статија :

Дали најдобрите денови се зад Роџер Федерер?

оџер Федерер е надвор од „Вимблдон“. Исто како лани, елиминиран е во четвртфиналната фаза, овој пат од Жо-Вилфред Цонга, иако водеше со 2-0 во сетови. Кој можеше да го претпостави ова? Навистина е тешко во оваа фаза од кариерата на Федерер некој успешно да го предвиди неговиот настап, но дали овој континуиран пад, со сè поретки изливи на генијалност, значи дека веќе сè е готово? Ќе се врати ли некогаш повторно во најдобрата форма? Ќе разгледаме низ неколку факти...

Бројките не лажат
За разлика од ВТА-делот, кај мажите бројките многу ретко лажат. Според нив, Федерер нема набргу да биде број еден во светот, а како што разликата помеѓу него и Надал и Ѓоковиќ е голема во бодовите, така е сè поизразена и во играта. Без меч против најдобрите, не може да се стигне до број 1, а Федерер сè почесто испаѓа во пораните фази од турнирите. Овој „Вимблдон“ е последниот пример.

Не е веќе она што беше
Предност од 2-0 во сетови на омилената подлога и тоа не е доволно за победа? Ова е нешто што на Федерер никогаш не му се случило, не само на „Вимблдон“, туку и воопшто на грен-слем турнир. Жо-Вилфред Цонга се погоди да ја искористи предноста што веќе некое време ја најавуваме. Колку подолги натпревари за Федерер, толку потешко за Швајцарецот. Проблемот доаѓа кога и три сета му се предолги.

Промена на приоритетите
И генијалноста не трае вечно. Верувам, ќе се сложите дека е најдобриот на трева на сите времиња. Веројатно е најдобриот на сите времиња воопшто. Но, по толку епски победи, борби за титули на различни турнири и толку трофеи, мотивацијата се намалува. Втора работа е што семејниот живот го зема својот данок. Сепак, треба да е фокусиран и на многу други работи освен играњето тенис.

Почеток на крајот
Секогаш прифаќал порази со еднакво достоинство како што ги прифаќал победите. Поразот од Цонга е навистина болен за него, но она што веројатно повеќе боли е што начинот на кој се обидува да се заштити од тој пораз е многу понеагресивен од случаите во минатото. На почетокот споменав дека тешко е да се предвидува во оваа фаза од кариерата на Федерер, затоа што правилата едноставно не важат за генијалците.

Роџер по секоја дефиниција треба да биде отпишан од врвот во овие моменти, сепак не би се осмелил да го направам тоа. Не би се осмелил да кажам ниту дека наскоро ќе ја привршува кариерата, иако сè појасно станува дека оние што очекуваат доминација како пред пет години, чекаат на празно. Останува максимално да уживаме во секој негов нареден натпревар, во секоја негова наредна инцидентна генијалност, затоа што сè поретко ќе се случува.
 
С

сашенко

Гостин
Мојот фаворит од жените финале, браво Марија.Ајде утре и Рафа го чекамеее
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Шарапова!
Лепота!!! :D
Туку, ако сака да направи нешто во финалето, мора да си го подобри сервисот, катастрофа и е...13 двојни грешки на сервис, срамота.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Колку пати само била отворена истата тема, дека Федерер е готов за после само неколку месеци сите повторно да го дигаат во облаци, Федерер моежеше лесно да го победи Цонга, но одбра погрешна стратегија, чекање на противникот да падне психички и сам да се победи, дури и после 2 изгубени сета, планот на Федерер беше ист! немаше никаква промена во играта, немаше никаква агресивност, немаше длабоки топки, немаше силни форхенди во аголот на теренот, немаше подигање на нивото на игра......се беше сведено на надеж дека Цонга, ќе се испаничи и дека Федерер ќе може без мака да го затвори натпреварот!? епа Федерер извини, ама да се игра руски рулет, не секогаш дава резултат.....ако сакањето да се остане фит за понатака во турнирот е примарна цел на еден тенисер кој сака да дојде до финалето, т.е. начин на кој Федерер сака да го практивкува тенисот мора истата цел да се земе многу по сериозно не да играш мајнд гејмс со противникот и да се надеваш дека тој ќе падне пред твоеото име. Всушност сите тенисери кога тогаш напредуваат психички, освем Мареј се разбира хахахах. И да, сите оние што мислат дека Цонга изгира многу добро и затоа победил, и дека Федерер е готов, погледнете го на youtube highlights-ot од натпреварот помеѓу Федерер и Ноле на последниот Гарос, кој заврши пред само 1 месец, па после размислете дали е можно тенисер да има таков дроп во форма за кратко време, и дали Цонга кој е познат како екстремно лабилен тенисер, се разбира и далеку по не квалитетен, може да го победи Федерер после водство од 2-0 во сетови на Вимболдон!?? погрешна тактика и ништо повеќе....толку.


 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.696
Ете не плачи сега, убав меч е :)

Интересна статија :

Дали најдобрите денови се зад Роџер Федерер?
Да, најдобрите денови се зад него !!!

Но, многу ми е глупо што сега некои го спуштаат Федекс на ниво на челенџ играч... Си ја знаете поговорката за класата и формата...

А за у финале, го сакам Новак, сега кога Рафа е во подобра форма од минатиов период...
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Уфф,како изигра Марија Шарапова,браво !


Ајде Рафа ти се чекаш ! :D
VAMOS RAFAAA !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom