Ете не плачи сега, убав меч е
Интересна статија :
Дали најдобрите денови се зад Роџер Федерер?
оџер Федерер е надвор од „Вимблдон“. Исто како лани, елиминиран е во четвртфиналната фаза, овој пат од Жо-Вилфред Цонга, иако водеше со 2-0 во сетови. Кој можеше да го претпостави ова? Навистина е тешко во оваа фаза од кариерата на Федерер некој успешно да го предвиди неговиот настап, но дали овој континуиран пад, со сè поретки изливи на генијалност, значи дека веќе сè е готово? Ќе се врати ли некогаш повторно во најдобрата форма? Ќе разгледаме низ неколку факти...
Бројките не лажат
За разлика од ВТА-делот, кај мажите бројките многу ретко лажат. Според нив, Федерер нема набргу да биде број еден во светот, а како што разликата помеѓу него и Надал и Ѓоковиќ е голема во бодовите, така е сè поизразена и во играта. Без меч против најдобрите, не може да се стигне до број 1, а Федерер сè почесто испаѓа во пораните фази од турнирите. Овој „Вимблдон“ е последниот пример.
Не е веќе она што беше
Предност од 2-0 во сетови на омилената подлога и тоа не е доволно за победа? Ова е нешто што на Федерер никогаш не му се случило, не само на „Вимблдон“, туку и воопшто на грен-слем турнир. Жо-Вилфред Цонга се погоди да ја искористи предноста што веќе некое време ја најавуваме. Колку подолги натпревари за Федерер, толку потешко за Швајцарецот. Проблемот доаѓа кога и три сета му се предолги.
Промена на приоритетите
И генијалноста не трае вечно. Верувам, ќе се сложите дека е најдобриот на трева на сите времиња. Веројатно е најдобриот на сите времиња воопшто. Но, по толку епски победи, борби за титули на различни турнири и толку трофеи, мотивацијата се намалува. Втора работа е што семејниот живот го зема својот данок. Сепак, треба да е фокусиран и на многу други работи освен играњето тенис.
Почеток на крајот
Секогаш прифаќал порази со еднакво достоинство како што ги прифаќал победите. Поразот од Цонга е навистина болен за него, но она што веројатно повеќе боли е што начинот на кој се обидува да се заштити од тој пораз е многу понеагресивен од случаите во минатото. На почетокот споменав дека тешко е да се предвидува во оваа фаза од кариерата на Федерер, затоа што правилата едноставно не важат за генијалците.
Роџер по секоја дефиниција треба да биде отпишан од врвот во овие моменти, сепак не би се осмелил да го направам тоа. Не би се осмелил да кажам ниту дека наскоро ќе ја привршува кариерата, иако сè појасно станува дека оние што очекуваат доминација како пред пет години, чекаат на празно. Останува максимално да уживаме во секој негов нареден натпревар, во секоја негова наредна инцидентна генијалност, затоа што сè поретко ќе се случува.