Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Кина го блогира пристапот до Викиликс:

China Blocks Access to WikiLeaks

China has blocked Internet access to WikiLeaks' release of more than 250,000 U.S. Department of State cables, with its Foreign Ministry saying that it does not wish to see any disturbance in China-U.S. relations.

http://www.cio.com/article/640713/China_Blocks_Access_to_WikiLeaks?source=rss_news&utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+cio/feed/solutions/1375+(CIO.com+-+News
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Знае некој како можам да ги симнам сите податоци што се за Македонија од оваа флеш табела?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Викиликс: Меркел „согласна“ да влијае врз Груевски за името
Вторник, 30 Ноември 2010 18:33
Share
Германската канцеларка Меркел била согласна да влијае врз македонскиот премиер Никола Груевски за решавање на спорот со Грција, се наведува во документ објавен на Викиликс.


- Германската канцеларка Ангела Меркел била расположена да влијае врз македонскиот премиер Никола Груевски за името, доколку тоа би било од помош, оценил нејзиниот советник за национална безбедност Кристоф Хојзген во разговорот со американскиот заменик државен секретар Филип Гордон во ноември, минатата година, објави Дојче Веле, програма на македонски јазик.

Во документ на Американската амбасада во Берлин, кој го објави Викиликс, се наведуваат детали од разговорите кои се воделе во ноември 2009-та година за серија меѓународни теми, меѓу нив и за спорот за името меѓу Македонија и Грција. Гордон го брифирал Хојзген за текот на преговорите меѓу Скопје и Атина, притоа забележувајќи дека двете клучни прашања се географската одредница и меѓународната употреба на името.

- Хојзген рекол дека канцеларката Меркел го познава македонскиот премиер Груевски преку нивното заедничко членство во Европската народна партија и дека е расположена да разговара со него за ова прашање, доколку тоа биде од помош, се наведува во депешата.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/9896-Vikiliks-Merkel-soglasna-da-vlijae-vrz-Gruevski-za-imeto
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.531
Поени од реакции
22.187
Интересно во секој случај. Иначе така и се чинит на Меркел демек ова е ситница и ке зборнет со Груевски :kesa:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Assange tvrdi deka za eden mesec ke izvadi dokumenti i za rabotenjeto za edna od najgolemite americki banki

http://money.cnn.com/2010/11/30/news/economy/banks.wikileaks/index.htm?hpt=T2

WikiLeaks' founder claims he has the goods that could take down a big U.S. bank. But there's little sign anyone believes him.

Julian Assange, the founder of the site that has gained notoriety by publishing secret U.S. military and diplomatic documents, said in an interview this week that the next WikiLeaks target is a major bank.
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Му готват манџа на Асанж. А може и сандаче да му исковаат.


http://news.blogs.cnn.com/2010/11/30/wikileaks-founder-assange-suspected-of-sex-crimes/
WikiLeaks founder Assange suspected of sex crimes
Interpol has issued an international warrant at the request of a Swedish court for the arrest of WikiLeaks founder Julian Assange in connection with alleged sex crimes.
The Stockholm Criminal Court last week issued an international arrest warrant for Assange on probable cause, saying he is suspected of rape, sexual molestation and illegal use of force. Sweden asked Interpol to post a "Red Notice" after a judge approved a motion to bring him into custody.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
<H1>Океан за светот, капка за нас</H1>

Претпоставките за нашето место во светска приказна наречена 250 илјади документи од Викиликс се дијаметрално спротивни (како и сé друго) и се движат од тоа дека нема да има ништо важно до тоа дека деновиве ќе бидеме многу потресени

Шекспир напишал „многу врева за ништо“, балканските народи рекле „се тресеше гората, се роди глушец“, а Викиликс објави дека американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон се сретнал со француски дипломати, со кои разговарал дека и Македонија и Грција треба да направат отстапки за да се реши спорот за името. Од дури 250 илјади тајни документи на американската дипломатија што протекоа од пет чешми и предизвикаа поплава од реакции низ светот, нас ни го донесоа само ова. Барем во првиот ден откако почна новиот „проток“ не се остварија најавите дека ќе се изнесат тајни за кризата во 2001 година, за грчкото учество во неа, досега непознати факти за македонско-грчкиот спор или „страшни информации“ за сегашната влада. Од целиот океан што истече во светот, кај нас, барем засега, падна само една капка.

Имаше информација дека 522 од овие документи дошле од Скопје. Не се открива што пишува во другите 521 и дали тој за споменатата дипломатска средба во Париз е објавен по случаен избор или бил издвоен како најинтересен. Петте светски весници што ги добија документите велат дека најголемиот дел од нив се рутински и воопшто неинтересни. Во Македонија, пак, претпоставките за нашето место во оваа светска приказна се дијаметрално спротивни (како и сé друго) и се движат од тоа дека нема да има ништо важно до тоа дека деновиве ќе бидеме многу потресени.

Така, додека документите од Викиликс ги потресуваат големите (САД, Кина, Франција, Германија, Русија, Турција, Саудиска Арабија, Иран), но и малите играчи (Словенија, Кирибати, Бугарија), ние повторно останавме со прашањето дали воопшто сме дел од екипата? Дали во 250 илјади пораки што меѓусебе си ги размениле американските дипломати се споменуваме само еднаш? Или, малку поинаку формулирано, дали ова открива дека во суштина никој не се занимава со нас, освен повремено и попатно? Ако не излезе некој посериозен документ, тоа би било шокантното сознание за Македонија од Викиликс.

Но од друга страна, со што би биле интересни? Единствено меѓународно прашање со кое се занимаваме и како држава и како општество е нашето - оспорувањето на името Македонија од Грција. Не сме слушнале дека имаме став за кризата во еврозоната, за иранската нуклеарна програма, за блискоисточниот конфликт, за војните во Ирак и во Авганистан (во кои учествувавме и учествуваме), за планираниот антиракетен штит, за непостигнувањето климатски договор или за кој било друг проблем со кој се занимава светот. Овие информации ни доаѓаат и ни проаѓаат речиси без да ги забележиме. Немаме никакво влијание врз ниту еден регионален процес, а не се наоѓаме ниту на светската бизнис-мапа ако ги погледнеме странските инвестиции и присуството на големите компании кај нас.

Некои велат, сме биле отсечени од светот, па дури и светот бил отсечен од нас. Но, според нашето присуство во светската комуникација, може дури и да се изведе заклучок дека сме отишле едно ниво понатаму, сега се наоѓаме на друга планета, на безбедна оддалеченост од Земјата. Државата можеби 17 години има привремено име, но планетата во која живееме и дејствуваме постојано си ги менува имињата. Сега таа се вика „Перо Наков без број“, претходно се викаше „Надеж“, па пред тоа беше обележана со шифрата „1995“ итн. Во место што толку често се преименува, времињата се секогаш бурни, доволно динамични за да заборавиме дека постои нешто и надвор од овде, но недоволно драматични за некој однадвор да ги забележи.

Допрва ќе видиме дали нашето „отсуство“ било добро или лошо. Ако американските дипломати нé изоставиле само затоа што нашите случувања не се доволно интересни, тоа е добро, според логиката дека лошата вест е добра вест. Но ако сме биле тргнати настрана затоа што нé сметале за безначајни, треба навистина сериозно да поработиме на нашиот имиџ.
Автор: Гоце Трпковски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113010102736&id=13&prilog=0&setIzdanie=22146
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.400
Поени од реакции
5.030
Оаааооо... какво изненадување.

Ова треба да е нешто топ сикрет или ископан некој фајл од пред две децении?

Уствари, за тој што не знае ова и е изненадување.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.400
Поени од реакции
5.030
Од страна на Американската влада претпоставувам. Инаку постојат извори кои укажуваат на постоење нуклеарно оружје во Белгија, Италија и други земји. Нормално, под Американска контрола.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кој се тие извори што потврдуваат и колку се релевантни ако имало досега? Сега имаме официјална потврда на документ и ти тврдиш дека тоа е мала работа, Пентагон е избезумен и се однесуваат како мали деца, се закануваат со бришење на сајтот и дека ќе направат нешто што и самите не знаат што, ама ќе направат.

После Авганистански Дневник и Колотерална штета треба да покажиш барем малку респект за Викиликс и да се однесуваш како кон сајт кој не продава конспираси теорис туку ти дава информации па ти со својата анологија разбработи ги како сакаш, тоа е веќе индивидуално. Викиликс не зазема став па ти да се конфронтираш дали е така или не, само ти дава информации на дланка па навистина е срамотно да го дискредитираш. Ните еден од документите не е оспорен дека е лажен затоа и големината на Викиликс е голема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom