Денес сум го „инсталирал” најдоброто WiFi во Скопје. Јебига, можда изгледа ко фалба, ама со оглед на тоа што користам Sweex USB адаптерче - топ е, дури подобро и од рутер фаќа.
USB адаптерот прво го поставив во близина на прозор насочен накај access point-от и фатив сигнал од 35%. Си реков дека е добро, но секогаш сум „лаком” за повеќе, па затоа поставив CD позади него со кое добив 45%. Си викам топ! И навистина беше, додека не ми текна...
Забележав дека имам една столна ламба што се прикачува на полица. Ми ја фати око. Ми изгледаше како совршена „антена”! Ја изавадив сијалицата, и го поставив Sweex-от од предната страна (свртен со диодите на надворешна страна). Оваа ламба (сега антена) се наоѓа на крај на собата (оддалечена 4 метри од прозорот поточно), а ролетните на прозорот се исто така притворени. Го пуштам софтверот и гледам ОП 65% јачина на сигнал! Топ!
Ама, ме копкаше што ќе се случи ако ја обложам внатрешната страна на антената/рефлекторот (ламбата) со алуминиумска фолија. Значи пред да го сторам ова имав 65% signal strength и 40% noise level, а откако ја поставив фолијата добив околу 75% сигнал (шумот исчезна комплетно).
Го проверив download-от и бев презадоволен. Симињаше со повеќе од 100к. Си симнав Network Stumbler и решив да извадам максимум од сигналот! Со него и со насочување на антената (горе-долу-лево-десно) ја подобрив јачината на сигналот за уште 10%, така да на крај добив константен сигнал (не мрда!) од 85%, а даунлоадот корне!
Значи:
Од „срање” сигнал добив ТОП сигнал кој не паѓа подолу од 85%.
Се што треба е да се потрудите. WiFi не е само да го ставиш уредот на биро... Станува збор за безжичен интернет, затоа треба да му овозможиш некои услови за да функционира како што треба.
Битни работи околу подесувањето на опциите за оние што користат Sweex USB адаптерчиња:
- Во Advanced > Tx. Rate да биде поставено на 2mbps.
- Во Advanced > Country/region code да биде поставено на 6.MKK (1-14)
- Ако имате постари драјвери (најчесто тие од CD-то) тогаш втората опција (за поставување на country code) се наоѓа во Start > Programs > Ralink > Select Your Country Code > Се избира Japan (1-14).
Тоа е тоа, на здравје WiFi-рање! :wink:
(се надевам дека наскоро со слики ќе ви ги објаснам постапкиве)