White Dimension - Macedonia

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
Публиката (според форумов) очекува диџеи што коштаат по 10-15К евра за цена од 5 евра, кога цената за истите надвор (за да им се исплати на организатори во земји со далеку подобар стандард од нашиов) е 30-50 евра минимум. Незнам зошто е толку тешко да сфатите дека колку пари толку музика (буквално).
Башка може да замислам колку сите ќе се испосерете од мрчење ако се стави карта 600/800ден. нагоре (за некој посаглам диџеј), па муабети „овие нормални ли се македонија е ова“ , ќе земете pitchforks и ќе ги палите промотерите на колец на плоштад врзани за Ацета.

Втора работа, тие непознати (а добри) диџеи што мал круг луѓе кои стварно се интересираат за сцената/музиката ги знаат, нема да наполнат метрополис арена во доволен број за на било кој организатор да би му се исплатело. Освен ако не е луд/глуп/пун со пари па да прави журка за да си го направи ќејфот а не да профитира.



Под кој камен ти живееш? Вакви ( и секакви настани) отсекогаш се правеле за профит, се прават за профит, и ќе се прават за профит. И тука нема ништо чудно нит лошо, така функционираат работите/журките/фестивалите - тоа што не ти е по твој вкус е десета работа. Башка, види погоре за публика vs што сака vs исплатливост за организатори

Имаш три многу едноставни опции
а) направи нешто во врска со тоа да се смени ситуацијата (мрчење на форум не се рачуна за “нешто“)
б) ако не те интересира , не оди. Не учествувај во дискусија па да се нервираш џабе.
в) Збирај пари да ги слушаш тие што сакаш на саглам фестивал надвор. Што, скапа е карта? Скап е превоз? Е скапо е бате. Скапи се тие, па скапа е и карта. Затоа не ги носат ни овде.
Под Мечкин камен живеам ја ;)
Ја нигде не спомнав цена на карти, нека донесат некој светски дџ и нека напраат 1000 карта, нормално е тоа и не идам ја со глава у ѕид да тврдам дека за 200 денари треба да дојдат дџ од типот на AvB, Guetta, Dash Berlin, Alesso, SHM и тако даље.
Не сум ја малоумен па да незнам дека се прават пари од организирање вакви настани, многу нормално и логично е дека некој сака и нешто да заработи од организација, ама очигледно не си ме сфатил што сакам да кажам.
Поентата ми беше дека треба публиката да се стави на прво место, пример ако публиката го бара Dash Belin, донеси им го Dash Berlin. Ме нервира тоа што ние сме си навикнати никој да не доаѓа кај нас и кога ќе има некој ваков настан (што исто ретко ги има кај нас) кој и да го донесат мора по автоматизам да биде опасно добар и сите да се диват како тоа ххх доаѓа кај нас, а кога некој ќе каже нешто против одма идат коментари „од ништо не сте задоволни, кој и да ви го донесат одма плукате“.
Значи тоа ми беше муабетот, донеси некој квалитете и направи ја картата пример 1000, ама тие 1000 да испаднат дека се добро потрошени пари. Ваљда сеа појасен сум :D

И глеам дека мојот пост испадна како да зборам против вајт дајменшн, а цело време потенцирав дека зборам општо...
 
Марсел Вудс е ИНСТИТУЦИЈА бре, свесни ли сте !? За Advanced сте слушнале ? :D

- 2006та година - СП во Немачка - полу-матура - Advanced беше летен хит бр.1 - ма каков летен, хит на годината !

:свиркам:
 
ептен на транс ќе а ударат виа изглеа... :eek:
 
Под Мечкин камен живеам ја ;)
, пример ако публиката го бара Dash Belin, донеси им го Dash Berlin.

Друже свесен ли си ти колку кошта Dash Berlin? Значи тоа ми е муабетот цело време - цвилите за диџеи што еден кошта поише него сите два-тројца што доаѓаат на WD. Значи за карта од 300ден. апсолутно е дебилно да се очекува било кој скап диџеј од тој калибар. Разбирам да најавеа карта 600-800ден. па да очекувавте некое мрсно име, ама за 300ден. искрено лично сум изненаден што не доаѓа Скази или некој што досега бил 50 пати кај нас.

Од друга страна истата таа публика што го бара Dash Berlin сигурно нема да дае изнад 300/400ден. за карта пошто нели „македонија е/лопови/пасивно-агресивни сме и ќе мрчиме по форуми и покрај тоа што стварно вреди диџејот за парите“
 
Друже свесен ли си ти колку кошта Dash Berlin? Значи тоа ми е муабетот цело време - цвилите за диџеи што еден кошта поише него сите два-тројца што доаѓаат на WD. Значи за карта од 300ден. апсолутно е дебилно да се очекува било кој скап диџеј од тој калибар. Разбирам да најавеа карта 600-800ден. па да очекувавте некое мрсно име, ама за 300ден. искрено лично сум изненаден што не доаѓа Скази или некој што досега бил 50 пати кај нас.

Од друга страна истата таа публика што го бара Dash Berlin сигурно нема да дае изнад 300/400ден. за карта пошто нели „македонија е/лопови/пасивно-агресивни сме и ќе мрчиме по форуми и покрај тоа што стварно вреди диџејот за парите“
Кај реков ја Dash Berlin за 300 денари да биде ?
Ај врати се на мојот прв пост и види зошто го пишав уствари. Значи уште еднаш поентата на муабетов ми беше дека публиката треба да си се цени, а не сеа зошто кај нас 1 у годината има ваков настан па кој и да биде да викаме супер е.
Иначе нормално е дека подобар дџ = поскапа карта, значи за ова веќе да не праиме муабет. И глеам пак ми пишуваш у смисла на вајт дименшн, значи не пишувам ја за изборот дџ за вајт дименшн туку зборувам општо за тоа како глеам дека некој не се цени себе како публика и дека мора да биде среќен само зошто уопште донеле некој.
 
И официјално Марсел Вудс е третиот диџеј.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +
еееј ме разочарааа ептен ова на транс.......собир на старци ццц за инат ќе одам, не се знае до колку ќе се издрже ова лудница.... :D
 
Погледни горе имаш во мојот пост што пуштал пред некој ден, изгледа и Воодс повеќе не е транс ДЈ.

Оваа е последната негова песна што сум ја чул издадена за продукцијата на Хардвел
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom