What if спортски сценарија : Алтернативна историја

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Што ако Дејвид Симан не прими таков пацерски гол од пола терен од Роналдињо во 2002? Ќе тепаше ли Англија во продолжение или некој гол со глава во 90-та? Ќе беа ли шампиони? Веројатно..
Што ако Франција не даде 2 гола на Англија во последните минути на ЕП 2004? Грција гарант против Англија не би имала шанси и немала првак да стане.
Што ако Ставревски не му лупна гол на Ирците во последна минута? Ќе се дознаеше ли скандалот со местенката на Ѕинго (педер, напред Вардар)?
Што ако Панчев не направи глупав фаул за црвен против Данска? Ќе ги тепавме ли на отварање? Да продолжеше да игра, ќе бевме ли со шанса за ЕП? :P
 
Што ако говнарот од Норвешка го поништеше нерегуларниот гол на Глушчевич? Дали Вардар тогаш ќе собереше сила за уште еден гол и дали тогаш ќе го имавме првиот претставник во ЛШ?

Што ако Пеџа Самарџиски никогаш не се родеше и не го примеше најпацерскиот кош од Биков на 15 секунди до крај, и што ако Дамјан го погодеше зицерот следниот напад и имавме плус 2 ние на 6.5 секунди до крај? Дали ќе успеевме да се одбраниме и да освоиме бронзен медал на Европското?
 
Последно уредено:
Што ако и оваа трагедија не се случела и денес Торино би бил најпознат и најтрофеен клуб во тој град а Јувентус небитно клубче кои тавори 10-15 место?
Да ги немаше Јуве судиите ќе си останеше и сега такво клубче.
 
Што ако Игуаин ја реализираше шансата 1 на 1 со Ноер и Аргентина поведеше во финалето на СП 2014? Во кој правец ќе одеше финалето? Ќе се вратеа ли Германците или Аргентина ќе задржеше водство до крај?

Што ако Меси не го промашеше пеналот против Челзи во 2012? Барса веројатно ќе беше во финале. Дали тогаш ќе го победеше Баерн на Алијанц Арена и ќе станеше прв тим кој ја одбранил титулата во ЛШ?

Што ако Ливерпул не направеше пресврт во Истанбул и Милан освоеше ЛШ во 2005? Дали Џерард тоа лето ќе заминеше во Челзи? Дали со Челзи ќе освоеше ПЛ?
 
Еден од овие моменти ми е пропаднатиот трансфер на Роналдињо во Јунајтед. За мене, фудбалот што го играше запчето во Барса сеуште е најдобриот фудбал што го имам гледано откако следам фудбал.

Да се реализираше трансферот во Јунајтед, сигурен сум дека Фергусон ке го држеше под поголема контрола, и дека ке можеше да го гледаме во таква форма подолго време.

Роналдињо да ја имаше 50% од посветеноста на Кристијано за тренирање и дисциплина, денес немаше да има дискусија кој е најдобриот на сите времиња.
 
Што ако не го дисквалификуваа Џокович од УС опен?
Кој ќе го освоеше УС опен 2020?
Саша Ѕверот.

-Што ако К. Роналдо беше од дете во Барса(ко Меси), а Меси се појавеше во Спортинг? Че беа ли рамо до рамо повторно? Или Роналдо че беше убедливиот бр1 со таа средина од Чави и Иниеста?
-Што ако Дурант не беше повреден во финалето против Торонто? Че ја свртеше ли серијата?
-Што ако Дражен Петрович не ја направел сообракајкатА?
-Што ако Ајакс беше финансиски помокен последните 20-30 години и не ги продаваше талентите?
 
Од Формула 1:

-Што ако немаше таков расплет на последната трка во Бразил во 2008? Ако Хамилтон не го минеше Глок во последниот свиок и Маса ја освоеше титулата? Дали кариерата на Хамилтон ќе беше таква како денес, на пат да стане најуспешен возач во историјата или после две изгубени титули по ред ќе ја изгубеше довербата кај големите тимови?

-Што ако Фетел после извртувањето на почетокот на ГН Бразил во 2012 испаднеше од трката? Ќе ја освоеше ли Алонсо титулата со Ферари?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom