Вреди да се помага на луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Вреди да се помага на луѓето?

  • Да.

    Гласови: 48 75,0%
  • Не!

    Гласови: 16 25,0%

  • Вкупно гласачи
    64
Требало да наведиш покрај ДА и НЕ, да има и НА ТОЈ ШТО ЗАСЛУЖИЛ.
Самото ова погоре кажува на кого би помогнал.
Освен случаевите кога некој не го знам, а е изнемоштен на улица. Пример стара бабичка/дедо кој неможе да помине преку улица, постар човек кој паднал на мразот и неможи да стани, и така натаму.
А на тие што ги знам, ако стварно заслужиле, би му помогнал. Ако ме бараат само кога му сум од корист, НЕ.
 
Луѓе, срамота е да поставувате овакви прашања!
Нормално е секој човек, кој помага на другите(а познавајќи ја расипаноста кај повеќето денес, би добивал повеќе психички шамари, отколку благодарност), да се разочара во еден момент, но никогаш не ми е ок кога некој ќе го постави ова прашање.
Моментот е поради тоа што очекуваме нешто да возврат, наместо да не‘ исполнува самото помагање. Кога веќе се очекува нешто за возврат, не е ли доволно задоволството што го чувствуваме кога ќе направиме нешто добро, кога се чувствуваш како човек, корисен... ?
Океј е да се помага, но и од духовно исполнување само не се живее - треба и леб да се касне понекогаш за да се преживее не за друго, работава е да се најде ефикасен баланс, некои работи се за парично наплаќање, некои работи не се за парично наплаќање, се на се треба да живее и продолжи да живее и индивидуата но и фамилијата, заедницата, општеството - човештвото како организам што е можно подолго во рамките на универзумот, такаречи да се воспостави балансирана симбиоза.

Апсолутен „Да“ или „Не“ одговор на ова релативно прашање нема.
 
Вреди да им помагаш, само пари на заем никогаш не им давај.
 
Океј е да се помага, но и од духовно исполнување само не се живее - треба и леб да се касне понекогаш за да се преживее не за друго, работава е да се најде ефикасен баланс, некои работи се за парично наплаќање, некои работи не се за парично наплаќање, се на се треба да живее и продолжи да живее и индивидуата но и фамилијата, заедницата, општеството - човештвото како организам што е можно подолго во рамките на универзумот, такаречи да се воспостави балансирана симбиоза.

Апсолутен „Да“ или „Не“ одговор на ова релативно прашање нема.

На пример?
 
Луѓе, срамота е да поставувате овакви прашања!
Нормално е секој човек, кој помага на другите(а познавајќи ја расипаноста кај повеќето денес, би добивал повеќе психички шамари, отколку благодарност), да се разочара во еден момент, но никогаш не ми е ок кога некој ќе го постави ова прашање.
Моментот е поради тоа што очекуваме нешто да возврат, наместо да не‘ исполнува самото помагање. Кога веќе се очекува нешто за возврат, не е ли доволно задоволството што го чувствуваме кога ќе направиме нешто добро, кога се чувствуваш како човек, корисен... ?

Искрено, никогаш не сум се двоумел да или не. Но, често сум размислувал.

Знаете што ме мотивира да го поставам прашањево?

Сигурно 60% од луѓето на кои што сум им помогнал го забораваат тоа и прво гледање не само што не памтам, туку и се прават дека не те познаваат а ти си им помогнал да решат сериозен проблем во животот.

Е, како ќе ми го објасните ова?
 
Зошто се неблагодарници ете затоа.Не им помагај повеќе на нив.
 
Искрено, никогаш не сум се двоумел да или не. Но, често сум размислувал.

Знаете што ме мотивира да го поставам прашањево?

Сигурно 60% од луѓето на кои што сум им помогнал го забораваат тоа и прво гледање не само што не памтам, туку и се прават дека не те познаваат а ти си им помогнал да решат сериозен проблем во животот.

Е, како ќе ми го објасните ова?

Не знам, прашај ги. Може те гледаат како супериорен, се осеќаат дека ти се должни нешто, или едноставно се арогантни и користољубиви копилиња ... :)

Пушти ги, милион ги имам такви во мојот живот. Ти си излегол ок, тие не. Крај на приказната.
 
Во твојата реплика лежи вистината, но не е баш така едноставно да ја прифатиш и да продолжиш понатаму. Но, јас продолжувам, без размислување :)
 
Зависи на кого, во каква ситуација. Не секој заслужува да добие помош, зашто кога-тогаш постои можност истиот гест да го злоупотреби и да не излезе во пресрет кога некогаш од него би било потребно да се побара помош од исти или слични размери.
Затоа, додека не се запознае човек подобро, од мене ќе добие само формален однос.
 
Мислам дека е најдобро да му помогнеш на човек за да може тој сам да си помогне.
Помагањето не само е добро за тој што е помогнато, туку и за самиот човек што помага. Ја зголемува самодовербата и општо за мислењето што човекот го има за сам себе, а доброто мислење за сам себе и те како делува добро на сите наши активности. Помагањето е добро и сите тоа го гледаат без разлика дали ти помагаат во твој неволји или не.
Тоа дали ќе ти помогне тој што си му помогнал не можеш да го знаеш однапред, но сметам дека не треба тоа да влијае на нас и нашите морални вредности.
 
Смешно е да се каже „за оние кои заслужуваат“
Еве рецимо некој доживее автомобилска несреќа и ти го гледаш и си мислиш, абе овој заслужува ли или не? Тоа е исто како да изиграваш Свети Петар пред чистилиште. Кои сме ние да судиме за луѓето ДАЛИ заслужуваат помош или не? Помош во лоши ситуации секогаш е потребна. Како, е веќе друго. Но некако, да.
 
Нормално дека вреди, тоа е човекот во тебе. Премногу сме препуштени на ѓаволот кој ни ги мачка очите и денес претежно гледаме да помогнеме на тие на кои им должиме услуга или тие кои се во крајно очајна ситуација, а не ни наштетиле. Во спротивно вртиме грб, што е крајно нечовечки. Ако си воспитан како човек, тогаш биди човек и помагај, не чекај награда. Наградата си самиот ти, ама луѓево во денешно време не се задоволни со самите себе, па мислат дека мора да добијат повеќе и повеќе и повеќе и повеќе, а забораваат дека еден ден сите одиме 2 метра под земја или во вазна над камин. Така да ништо од тоа не е важно, важно е да бидеш човек пред се.
 
на крајот ќе дознаеме дали вредело не вредело, јас не ризикувам и ќе си останам доследен на убедувањето дека вреди, така се чувствувам подобро и посигурно, па сега ако некој тоа го злоупотреби тој нека му ја мисли:)
 
Помагам. Кога можам.

Најголема помош е таа што скоро сите ја занемеруваат. Да ислушаш некого и да му дадеш совет. Да си тука кога му е тешко.

Пари се печалат. Долгови се враќаат. Но да најдеш некој кој ќе те ислуша додека си ја празниш душата, такви се поретко се наоѓаат.
Луѓето се неблагодарни овци и дури се имам сретнато со размислување дека оние кои се наоѓаат во тешки моменти во нечиј живот се негативни луѓе кои шират негативна енергија и затоа баш тогаш се појавувале кога на одредена личност и е тешко за да ја тешат и да и помогнат наводно :tapp: ... мислам секаков идиотизам постои на светов (ова му иде нешто обратно од онаа америчката :P "A friend in need is a friend indeed") и ви го кажувам ова да не бидете изненадени од крајностите во кои иде човечката глупост.
Инаку да не бидам сфатен погрешно и покрај ваквите разочарувачки сознанија помагам секогаш и во секоја ситуација, но свесен сум дека ретко кој го цени тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom