Враќање на избришани податоци

  • Креатор на темата Креатор на темата KoNtEjNeR
  • Време на започнување Време на започнување
Recuva.com тука има едно програмче кое добро ќе ви заврши работа,еве јас деновиве несакајќи при инсталирање Windows 7 избришав се што ми беше потребно ама со тој програм фала богу вратив и сеуште враќам слики 98% од нив
 
Јас после 2 пати едно по друго формат, имам вратено околу 200 песни, 300 и нешто слики, 1000 телефонски броеви, којзнае колку фајлови и неколку инсталации на програми, со GetDataBack :)
 
Кога веќе пишувате кај мене вака, кај мене така... да не дојде до забуна кај повеќето ќе напишам нешто на кратко како се чуваат податоците и што се случува кога се брише.
Успешноста на програмите со кои пробувате да ги вратите податоците, не зависи само од програмот, зависи најмногу од вас, и начинот на кој го користите компјутерот.

Ако хард дискот ви е постојано полн.. да речеме 90% и постојано снимате нешто ново, шансите да вратите нешто се мали...
поради тоа што кога бришете нешто, компјутерот не го брише од хард диск, туку само ги пренасочува покажувачите на наредната корисна меморија. Тоа што сте го избришале сеуште стои во некој неискористен мемориски простор. Со тек на време, како што снимате нови податоци, тој мемориски простор кај што стоеле вашите избришани податоци, се полни со новите податоци кои ги снимате, е во овој чекор се губи се... нема враќање.
Затоа кога ќе избришете нешто што не треба, реагирајте што побрзо.

а во случај на формат..
ако е quick формат се може да се врати... ништо не е избришано... само меморијата е означена како празна.. односно, сите покажувачи се ослободени.
ако е комплет формат напраен... тогаш се брише баш се комплет :)
 
Вака едниот компјутер ми е форматиран пред 1-2 месеци, вонего имав МНОГУ МНОГУ важна фотографија..дали може некако да се врати..? :place:o_O
 
Вака едниот компјутер ми е форматиран пред 1-2 месеци, вонего имав МНОГУ МНОГУ важна фотографија..дали може некако да се врати..? :place:o_O
мислам дека нема теоретски шанси :)
 
Можи ама со посебен софтвер, на школо во 3та баш праеф муабет со професорот по пракса и ми кажа дека дури и да оштетен харддискот можи да се вратат податоците, ама долга процедура било.
 
Можи ама со посебен софтвер, на школо во 3та баш праеф муабет со професорот по пракса и ми кажа дека дури и да оштетен харддискот можи да се вратат податоците, ама долга процедура било.
Тоа го знам затоа отворив посебна тема но кој е тој софтвер, нема врска колку е долга процедурата...
 
ако не ти е итно понеделник ќе го прашам шо би се користело за да се врати
 
Не сум сам, има нешто посебно на сликата..Иначе ке чекам до било кога само те молам распрашај се :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom