Кога веќе пишувате кај мене вака, кај мене така... да не дојде до забуна кај повеќето ќе напишам нешто на кратко како се чуваат податоците и што се случува кога се брише.
Успешноста на програмите со кои пробувате да ги вратите податоците, не зависи само од програмот, зависи најмногу од вас, и начинот на кој го користите компјутерот.
Ако хард дискот ви е постојано полн.. да речеме 90% и постојано снимате нешто ново, шансите да вратите нешто се мали...
поради тоа што кога бришете нешто, компјутерот не го брише од хард диск, туку само ги пренасочува покажувачите на наредната корисна меморија. Тоа што сте го избришале сеуште стои во некој неискористен мемориски простор. Со тек на време, како што снимате нови податоци, тој мемориски простор кај што стоеле вашите избришани податоци, се полни со новите податоци кои ги снимате, е во овој чекор се губи се... нема враќање.
Затоа кога ќе избришете нешто што не треба, реагирајте што побрзо.
а во случај на формат..
ако е quick формат се може да се врати... ништо не е избришано... само меморијата е означена како празна.. односно, сите покажувачи се ослободени.
ако е комплет формат напраен... тогаш се брише баш се комплет