Немаше соодветна тема па реков ај овде да прашам. Се пријавив во евиденција на невработени на крајот на Мај и реков ај сега да се пријавам и за здравствено осигурување. Арно ама имало една финта. Требало во минатата година (2011) да немам приход по основ на плата поголем од 96600 ден. Јас во 2011 зедов 9 плати кај што работев и ја надминувам оваа сума и сега фактички немам право на плави картони, туку требало друга процедура, да ми пресметаат зависно од приходите колку би си плаќал сам, доброволно, за плавите картони? Бил некој досега во ваква ситуација и шо фајде ако земам да си плаќам секој месец, колку е таму....ми кажаја нешто како 1200-2000 денари нешто така....за плави картони, а да испадне (како шо ме држи здравјево чивал господ) за џабе фрлени пари

....И ме интересира, заборавив во ФЗО да ги прашам....дали може да се вратам на осигурувањето на татко ми, тој е пензионер и пред да се вработам бев осигирен на него?