Вработување преку завод: да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
поради се поголеми проблеми со вработување на младава генерација,која и по долги чекања од разни причини не може да се запосли,мислам е редно да се постави едно вакво прашање. Дали да се врати стариот систем на вработување преку завод. Сега по ново некој си агенции за вработување.
Мада и тоа колку ќе биде правилно во ова наше време. А како беше порано пред 30-40 години.
Завршуваш образование, било кој степен,тој што го имаш и се пријавуваш во завод за запослување.
Добиваш листа-картонче за невработен со одредена боја, на пр. првата година жолто.
По третата година од чекањето,а уште не си запослен добиваш розев лист или картонче.
По петата година од чекањето,а уште не си запослен добиваш зелено картонче-лист.
Демек тоа е некоја предност при некој оглас да бидеш примен на работа. Но секогаш не беше така,
т.с. тоа не помагаше,иако и можеби заводот те испраќа таму,ти ја дава организацијата каде да се јавиш за работа. Друг пат многу повеќе,сега се исклучувам,а дискусии ќе има и треба да има бидеиќи се работи за основното-најважното животно прашање: Како до работно место.
 
Демек тоа е некоја предност при некој оглас да бидеш примен на работа.

Чичко Анчо, комунизмот/социјализмот умре одамна.
Денес предност при вработување во приватна фирма има оној што прифаќа да работи повеќе саати за помала плата.
Во државни/јавни органи сите знаеме како оди предноста за вработување (врски, протекции, партиски книшки, мистер кеш и друго).
 
Има различни заводи за вработување во земјава, како овој:

sdsmsediste.JPG

или овој:
VMRO_SEDISTE1.JPG

а државната т.н. агенција за вработување реално има проста статистичка функција...
 
агенција за вработување реално има проста статистичка функција...

Тотално се слагам во ова, еве и доказ за тоа колку се интересираат да им најдат работа на невработените.
 
Агенцијата за вработување (поранешен Завод за вработување) треба да се укине. Нема никаква потреба од нејзино постоење, таа е само трошок за државата. Да не се повторуваме, некој погоре убаво објасни како одат вработувањата денес во приватните фирми и како одат во државните јасли. Агенцијата служи само за статистика и издавање потврди за невработени а тоа може да се прави на пример и преку фондот за ПИО. А нај блесава работа е пријавувањето секој месец, глупост! Па ако човек се пријави еднаш како невработен тој е невработен се додека не се вработи а што формално оди преку агенцијата па имаат евиденција кога ке се вработи. И ако не се пријави на време му ги укинуваат сините картони. А и тоа сините картони се многу дебилна работа и нејасно ми е зошто постојат кога човек зема картони по основ на вработување или по основ на невработеност а трето неможе човек да биди, или е вработен или е невработен...... ебиветар работа...
 
Агенцијата за вработување (поранешен Завод за вработување) треба да се укине. Нема никаква потреба од нејзино постоење, таа е само трошок за државата.
Е зашо... :confused: Раководителите што убаво мито земаат за да те стават на список за кредит за самовработување... по по...
 
Чичко Анчо, комунизмот/социјализмот умре одамна.
Денес предност при вработување во приватна фирма има оној што прифаќа да работи повеќе саати за помала плата.
Во државни/јавни органи сите знаеме како оди предноста за вработување (врски, протекции, партиски книшки, мистер кеш и друго).

Заборави да наброиш - рамковен.
 
Многу пари ќе се потрошат Анчо за принтање на зелени картони. И убаво рече дечкото, после десетата црвен и во пензија:)
Агенција за вработување (поранешен завод за вработување) треба да бара работа на невработени лица кој бараат работа (има и што не бараат, тражим посао боље да га не наџем). Иако нема да ви биде верно, јас кога дипломирав тогаш беа промените во Агенцијата за вработување и неколку пати ми се јавија за интервју за работа. Им праќаш резиме и они имаат договор со компании кој бараа директно преку нив работници, а не преку најди работа и огласи по весници. Мислам дека државата имаше некоја програма за ова. И првата работа (официјална) ми беше преку нив :) Осигурана со плата од 4000 денари. Јас стварно незнам како да им се заблагодарам па еве во оваа прилика едно фала од мене. Таква злоупотреба на млади високообразовани кадри кој ги шуткаа само да не бидат на списокот како невработени немам видено. Не пикаа на места што немаа допирна точка со образованието за бедни пари, а работа по 10 часа на ден. Имаше некое правило, ако ги одбиеш неколку пати те бришат од список. Работните места беа: АГЕНТИ.
И само тоа го пласираа, агент за недвижности, агент за осигурување, агент за мобилни телефонски линии, агент за производи, агент за Цептер производи и слично. Би сакала нивните деца да ги вработат таму и да се фалат со податокот дека некого вработиле. Да видат што е агент, кои трошоци се при работа и 4000денари за цел месец како ќе ги распределат за пат, телефон и патарини. Ах ќе го заборавев процентот како додаток на плата. Тој никогаш неможеше да го добиеш бидејќи не беше поврзан со секој договор туку направи пример 50 договори па ќе добие плус процент од 5 000денари. Иди направи ги да те видам.
 
Чичко Анчо, комунизмот/социјализмот умре одамна.
Денес предност при вработување во приватна фирма има оној што прифаќа да работи повеќе саати за помала плата.
Во државни/јавни органи сите знаеме како оди предноста за вработување (врски, протекции, партиски книшки, мистер кеш и друго).

Да почнеме со некој пример.
Секој сака да заврши некое образование и да најде работа.
Така и Трајанка од Волково или Стајковци,што не и битно,завршила
факултет и има диплома за ВСС или Вис. Обр. И нормално бара работа и се пријавила во завод. Но ги нема твојте набројани услови: нема врски,
нема партиска книшка (а можда и има) за кеш не станува збор-раб.семејство. Има фамилија сопруг,кој не работи и има се разбира дете.
Треба ли некогаш и таа да работи.Или како до работа, а веќе прошле повеќе години барајќи и чекајќи работа,но баш поради набројаните твој услови неможе да најде,баш тие имаат предност. До кога така, до кога да чека.Доаѓаат секоја година нови завршени генерации, таа заостанува,
тие се вработуват по условите кој ги наведе. Таа тешко да одвој и некој денар за автобус за до биро да оди.Треба ли Трајанка да живее-работи.
 
Леле со тие партиски книшки го отековте божем ако си квалитетен кадар со добра цена на пазарот на трудот божем ке ти бараат книшка и сл за да работиш во јака приватна компанија. До сега не сум запознанал некој директор на приватна компанија освен способност да бара партиска книшка. Дај олабавете со тиа со партиска книшка тие се шетачи кој после секоја промена на власт ги бркаат и деградират, зар на нив треба да се палите тие таквите ке останат паразити и во најдобар случај ке се издигнат до медиокритет.
 
Треба ли Трајанка да живее-работи.

Треба чичко Анчо, и Трајанка и Стојанка, и секој оној кој има желба и вештини да работи.

Јас само ја кажав фалинката на системот, а заводот за вработување е една од алките во тој систем.
Би сакал да го прочитам твоето мислење како да се промени оваа состојба, базирана на некои реални решенија. Можеби некој од одговорните ќе го прочита и ќе се подразмисли.
 
Да почнеме со некој пример.
Секој сака да заврши некое образование и да најде работа.
Така и Трајанка од Волково или Стајковци,што не и битно,завршила
факултет и има диплома за ВСС или Вис. Обр. И нормално бара работа и се пријавила во завод. Но ги нема твојте набројани услови: нема врски,
нема партиска книшка (а можда и има) за кеш не станува збор-раб.семејство. Има фамилија сопруг,кој не работи и има се разбира дете.
Треба ли некогаш и таа да работи.Или како до работа, а веќе прошле повеќе години барајќи и чекајќи работа,но баш поради набројаните твој услови неможе да најде,баш тие имаат предност. До кога така, до кога да чека.Доаѓаат секоја година нови завршени генерации, таа заостанува,
тие се вработуват по условите кој ги наведе. Таа тешко да одвој и некој денар за автобус за до биро да оди.Треба ли Трајанка да живее-работи.

Ако не си успеал да се вработиш во струка едно 2-3 години после завршување на факултет никогаш и нема да се вработиш.

А тој што има фамилија по дома не ни може да си дозволи да не работи толку време зошто има луѓе за кој е одговорен тој ако треба и септички јами ќе чисти за какви било пари.

Исто така многу важно е и што струка си избрал да учиш ако си избрал правник,економиста,јазици или нешто како историја/георграфија или ќе бидеш меѓу првите во генерација или ќе имаш врски или ќе идеш во странство да мешаш малтер.

А за болдираното.Има право да живее и да бара работа али нема во никој случај право на работа.Секој со тоа што си успеал да си го избори за себеси.
 
Значи по твое има право да живее,( уставно право да живее)
има и право да бара работа. Но не и право на работа.Во никој случај.
Е па сега, живот без работа малку тешко,во град каде и зелени сливи мора да ги купиш.
Една од тие и Трајанка или било која,значи од град.Четири ѕида и два кауча.Ама и диплома. А работа нема. И по 10 години чекање и барање.
 
Леле со тие партиски книшки го отековте божем ако си квалитетен кадар со добра цена на пазарот на трудот божем ке ти бараат книшка и сл за да работиш во јака приватна компанија. До сега не сум запознанал некој директор на приватна компанија освен способност да бара партиска книшка. Дај олабавете со тиа со партиска книшка тие се шетачи кој после секоја промена на власт ги бркаат и деградират, зар на нив треба да се палите тие таквите ке останат паразити и во најдобар случај ке се издигнат до медиокритет.
А како се станува квалитетен кадар? Од кај ќе знае некој дека ти си квалитетен кадар и вредиш многу на пазарот на трудот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom