Впечатоци од Кајгана собиранката во Охрид!

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сончево е денес и ведро:vozbud:
Ама знаете дека во Охрид е свежо, не потпирајте се на ведро небо:)
Не носете зимски џемпери, ама и не идајте само со кратки ракави:)
 
Денски? Ете, срам скопјанишчава да немале:nesvest:

Кафенце утре леле леле:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Дали жити се ќе се местат маси таму па сите да испоседнат??? Не знам, малку и глупо ми делува...ајде сите од цела држава се збираме на едно место, па уште и да се заседиме.....подобро речи им да ги тргнат масите, па да не седи никој барем....а вака, за 50 души - ........ што и да се одлучи натака океј е, само давам предлог...

Зошто глупаво? Јас на пример морам да седам вечер, па ако немаше простор за седење немаше да доаѓам воопшто. Као сите ќе издржат цела вечер на нозе ... само да се мрчело бе.
Туку, ќе ми фалат некои луѓе кои сеуште не се решија да се пријават и да дојдат ... нема да ми е целосно убавото расположение, мамицата! :najtazno:
 
Не грижете се што јас нема да бидам таму физички присутен.
Јачубидиувјекузвама. Во срцата и душите и амин.

Леп провод.
 
Арома, Феникс, Пинк Пантер, Меџик, Мартина, Драгор...ехее :)
работат арома и феникс (спасе пекарон) од пекари, пинк пантер и меџик мислам дека не работат нон стоп уствари сигурен сум, мартина до 8 навечер или ете до 10 нека работит...
Драгор???? ако мислиш на дра-го наспроти гимназија, сега од матура сабајлето во 5 појдовме гимназија и не работеше.
Од маркети работит онај наспроти гимназија не ми теквит како се викат по ново али како синтра го знајте

И ќе мочаме во езеро. Заборавив да пишам.
за сТрамота:baeh::baeh::baeh:
само за беља сте родени скопјани:pos::pos::pos:
 
Ама како барем еден од Охридов на темава не праша дали треба некаде да се распраша и ако треба да резервира, да помогне? Сите знаете откако друг го активирал мозокот и завршил работа, смислил и испранирал како ќе биде, тогаш да давате совети и предлози. Во муабетов секако дека не спаѓаат Нинџа, Дивајн и Еко.

Јас бидејќи не сум од Охрид и нејќам лажни заслуги, тргни ме од муабетов. Ни помогнав ни организирав нешто, само гостин сум ви. За другиве незнам, карај ги, тепај ги, ама јас не сум ни за тепање ни исклучок.
Сега видов дека си ме пишала, затоа отпосле препишувам пак:pos:
 
Абе убо ќе е времето ама земете нешо потопло зш пишит ќе дуват..не сакаме муштериите да ни настинат ; )
vreme.jpg
 
Јас бидејќи не сум од Охрид и нејќам лажни заслуги, тргни ме од муабетов. Ни помогнав ни организирав нешто, само гостин сум ви. За другиве незнам, карај ги, тепај ги, ама јас не сум ни за тепање ни исклучок.
Сега видов дека си ме пишала, затоа отпосле препишувам пак:pos:
Знам дека си скромна, ама не биди до толку:pos:
А секако дека помогна, со кого ги правев јас првите муабети за собиранкава и каде би можеле да ја правиме? Закажувањето, резервирањето и другите договарања нормално дека не се од стружани:)
А и што е важно сега тоа? Важно е дека ќе се собереме и најубо ќе си поминиме:vozbud:

Да не се секирате, се слушнав со дел од гостите што пристигнаа и се сместија, а среќен им пат на оние што допрва ќе патуваат!

Геџо, тебе посебно ти посакувам среќен пат со моторчето. Само не знам како ќе се враќаш назад за Струга ако се напиеш:pos:
 
Jaс само сакав да ги потсетам сите скопјани кои што патуваат денес на журка во Охрид да си земат со себе и лажици,за да испуниме граѓанска должност!

После журката ќе се наредиме на обалата и ќе сркаме.
За неколку години,ако дисциплинирано се држиме на нашата обврска...
ќе го исркаме тоа езерото.
Па да ги видам после.
:pos::pos::pos:
 
Абе скопјани уште не тргате бе вие ??? :nesum:
 
абе не е тој филингот со кофа...
финтата е да сркаш:pos::pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom