Јас кога бев мала фатив еднаш вошки во маало играјќи, можеби и во градинка не знам точно. Ме чистеа со шампон, односно ми ги ваѓаше мајка ми рачно а со шампонот само ги уби да не се размножуваат. Поминав прилично добро не беше нешто трагично.
Хахахаха коа ке ми текне кои маки ги имав со тоа вошките еј..
Како помала ... кој како, јас цело време вошки имав ... доволно беше само да ме погледне од километар девојче со вошки, јас следната минута полна бев ...
А како што сум имала(и се уште имам) долга густа коса ... :S:S:S...
можете да замислите кое скубење, малтретирање и шишање паѓало ... хх ..
за среќа сеа не фаќам ... пу пу да не се урочам
Еднаш фатив таму негде у забавиште и тоа појма неам од кого.[Kо да немаше од кој боже сачувај :uvo:].
Знам дека бев тооолку многу исплашена пошо братучед ми ми даде едно такво убаво и сликовито објаснување за тоа што ми шетало низ коса,па врискав дома по цели денови и се шетав со ќеса на глава.:kesa:
Бегав мајка ми коа доаѓаше да ми стаи од тој шампонот пошо и за тоа братучед ми ми даде едно такво објаснување шо никад нема да го заборавам.Смрдев неколку дена на тоа шампонот уф само коа ќе ми текне.:nesvest:
Од тогаш не сум фатила,а се надевам дека нема ни да фатам,пошо и ја имам долга и густа коса па ќе има пагање у депресии ако треба да ја скратам заради тие мали ужасни,гадни створења шо се пикаат кај шо не им е место.:nerv::nerv::nerv:
Леле порано мноооогу фаќав.Само што ќе тргнам во школо ете ме дома миленичиња си носам:pos2: Ама мајка ми нарачуваше незнам нешто таму од Бугарија:uvo: и сеа скраја да е неам...дооооооолг период
Никогаш до сега немам фатено вошки. Ни ко мал ни ко голем :pos2:
Офтопик: Баба ми беше докторка, и ми кажуваше како некој млад пациент дошол кај неа и и рекол дека нешто го чеша у брковите, и баба ми зела да види - и што да види! вошки! Ама не, 2-3, туку повеќе :pos2::pos2::pos2::pos2:
Јас, искрено, се наежив кога го слушнав ова:pos2::pos2: Вошки у небричен тинејџерски брк!! :pos2:
па кога бев 4 одд од некого у школо фатив вошки...и цела ноќ главата ми се чешаше ко будала... почнав дур да плачам што не можев да издржам...па после таткоми купи чешел од аптека памтам мајкамии ги броеше имав 9 вошки хахха
уште го имам чешелот нека се најде за секој случај:kesa:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.