Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.741 78,9%
  • Не

    Гласови: 465 21,1%

  • Вкупно гласачи
    2.206
Чекај, полека. Мешаш неколку различни работи.

Скроз ко за почеток, мешаш директно мерење со физичка мерна единица, научно пресметување врз основа на набљудувања и модели и уел, апсолутна прецизност наспроти приближна проценка.

Пошо види, никој не тврди дека некој го измерил универзумот со метар еј, ниту дека бројката е апсолутно точна до последниот километар. Затоа е муабетот околу 93 милијарди светлосни години.

Се работи за проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува, пресметан врз основа на космолошки набљудувања, црвено поместување, ширење на универзумот и други космолошки параметри.

А тоа шо растојанието е незамисливо големо за нас, ама ич не значи дека не може научно да се процени. Не мора нешо лично да измериме или шо знам, да можеме да го визуелизираме за да иаме метод со кој ќе го испитаме.

А, ако под практичен доказ подразбираш директно физичко мерење на целото тоа растојание, тогаш поставуваш услов шо ама ич не е неопходен за да има научна проценка. Прашањето е дали методологијата, набљудувањата и моделите се проверливи, а не дали некој физички го поминал тоа растојание со метар.
Може ќе делува неуко но како е дијаметарот на мерливиот универзум 93 милијарди СГ додека биг бенгот бил пред 13,8 милијарди СГ. Нели не постои ништо побрзо од светлината па експанзијата би можела да достигне до 13,8 милијарди СГ, како тоа 93?
 
Ејјј, конташ противречност. Ме свиѓа!

Да, има разлика меѓу две бројки, али не ја зимаш у предвид експанзијата на просторот.

Светлината патувала околу 13,8 милијарди години, али не низ простор нели, шо не се мењал. Значи, растојанието до местото од кое ја примаме таа светлина денес, е поголемо од растојанието шо го поминала. Пошо, просторот се шири. Затоа е 93. Ако делиш со два, ќе добиеш бројка за радиус од оклу 46. 13,8 милијарди години е времето на патување на светлината, а 46 милијарди светлосни години е сегашното растојание од нас до најдалечните набљудувани точки.

Замисли сеа, еве шо знам, некоја галаксија шо емитувала светлина пред 13 милијарди години. Светлината тргнала кон нас и патувала 13 милијарди години и нели, дури денес ја примаме. Али, у текот на тие 13 милијарди, универзумот се ширел, шо значи се зголемувало растојанието меѓу нас и галаксијата, ради таа експанзија на просторот нели. (Имај у предвид. Не тврдам ништо за конкретна галаксија, се работи чисто за пример).

Значи, не е дека светлината се движи побрзо од дозволеното. Туку, растојанието меѓу нас и нејзиниот извор се зголемувало додека таа патувала.

Ова е скроз само за универзумот шо може да се набљудува нели. Не за вкупната големина, пошо, не ја знаеме.
 
This is neither here or there, има маргинална врска со темава можда, но дали ти е позната идејата за fine tuned universe можеби не баш хипотеза но во секој случај мисловен експеримент а тоа се својствата на универзумот кои овозможиле да се појави живот, а потоа и свесен живот. Идејата се базира на тоа дека при сосема ситни дискрепанци во тие својства, животот би бил невозможен. Некои одат до таму да тврдат дека при биг бенгот експанзијата на просторот била во милион универзуми но само еден подржува живот и ние сме во него. Апсурдни светови, ништавило и пропаднати универзуми се дел од таа идеја. Тука доаѓа и можноста за постоење на Творец. Дали се имате сретнато со овој мисловен експеримент?
 
Замисли сеа, еве шо знам, некоја галаксија шо емитувала светлина пред 13 милијарди години. Светлината тргнала кон нас и патувала 13 милијарди години и нели, дури денес ја примаме.
:pos:
А Северница колку милијарди години се појавува на север?
 
Последно уредено:
А прецесија како ја побива експанзијата на универзумот?
Ти немаш претстава ниту доказ како ти изгледа „универзумот" а ќе ми пишуваш за некаква „прецесија"... Твојот свет е во вид на топка или крушковиден сфероид? :pos: Покажи една веродостојна слика од твојот „универзум"...
 
This is neither here or there, има маргинална врска со темава можда, но дали ти е позната идејата за fine tuned universe можеби не баш хипотеза но во секој случај мисловен експеримент а тоа се својствата на универзумот кои овозможиле да се појави живот, а потоа и свесен живот. Идејата се базира на тоа дека при сосема ситни дискрепанци во тие својства, животот би бил невозможен. Некои одат до таму да тврдат дека при биг бенгот експанзијата на просторот била во милион универзуми но само еден подржува живот и ние сме во него. Апсурдни светови, ништавило и пропаднати универзуми се дел од таа идеја. Тука доаѓа и можноста за постоење на Творец. Дали се имате сретнато со овој мисловен експеримент?
Ова веќе навлегува у тешка метафизика. И ми е фа*инг преинтересно. Идејата се врти околу тоа нели, дека универзумот има одредени физички константи и својства, шо ако би биле бар малку поразлични, ние не би имале живот каков шо познаваме.

Е сеа, како е можна ваква случајност е тоа шо ги отвара прашањата. Дали е само случајност, дали се физички закони што уште не ги разбираме, дали е намерен дизајн?

Пошо сум атеист, идејата за дизајн (Творец) не ми е убедливо објаснување, али да, апсолутно ми е интересна. Ако идеме сеа на претпоставката нели, дека универзумот мора да има Творец, одма се отвараат прашања тука. Кој го создал оној шо не создал нас, зашо тој би бил исклучок од потребата за објаснување на сопственото постоење? И зашо универзумот не би можел да биде вечен или шо знам, дел од некаква фундаментална реалност?

А, ако идеме на претпоставката мултиверзум, тука се ама скроз истите прашања, али на малку поразлично ниво. Шо го создало механизмот шо создал универзуми и од каде доаѓаат нели тие закони според кои функционира? И дали воопшто иаме начин експериментално да ја провериме оваа хипотеза?

Знаеш, ако некад се деси да се склопат квантна механика и општа теорија на релативност, ќе добиеме теорија на квантна гравитација. Шо можеби, само можеби ќе ни даде дел од одговорите. Може тогаш ќе сконтаме нели, зашо универзумот ги има баш овие физички закони, а не други. Иако, не сум баш сигурна дека дури и тогаш би се добило одговор на најфундаменталното прашање. Зошто воопшто постои нешто, наместо ништо?
Автоматски споено мислење:

Ти немаш претстава ниту доказ како ти изгледа „универзумот" а ќе ми пишуваш за некаква „прецесија"... Твојот свет е во вид на топка или крушковиден сфероид? :pos: Покажи една веродостојна слика од твојот „универзум"...
Разбрав. Ти не бараш одговор, бараш внимание. Коа ќе имаш доказ за твојот модел, пиши. И сликај го воздухот за да докажеш дека постои. Гугл е бесплатен. Провери и врати се.
 
Коа ќе имаш доказ за твојот модел, пиши.
Тоа значи дека немаш ни ти доказ за твојот модел. Освен ако сакаш да ми презентираш како изгледа со помош на фотошоп нели пошто верувам дека во глава имаш претстава и за твоите мултиверзуми? А творецот да не ти е некој ванземаљац Ксену на пример или еве ти дај му име :pos:

Зошто воопшто постои нешто, наместо ништо?
На пример „гравитација"?

И сликај го воздухот за да докажеш дека постои.
Сними го прво вртењето на земјата околу своја оска... Само без уел „фиш ај ленс" плиз :pos:
 
Ова веќе навлегува у тешка метафизика. И ми е фа*инг преинтересно. Идејата се врти околу тоа нели, дека универзумот има одредени физички константи и својства, шо ако би биле бар малку поразлични, ние не би имале живот каков шо познаваме.

Е сеа, како е можна ваква случајност е тоа шо ги отвара прашањата. Дали е само случајност, дали се физички закони што уште не ги разбираме, дали е намерен дизајн?

Пошо сум атеист, идејата за дизајн (Творец) не ми е убедливо објаснување, али да, апсолутно ми е интересна. Ако идеме сеа на претпоставката нели, дека универзумот мора да има Творец, одма се отвараат прашања тука. Кој го создал оној шо не создал нас, зашо тој би бил исклучок од потребата за објаснување на сопственото постоење? И зашо универзумот не би можел да биде вечен или шо знам, дел од некаква фундаментална реалност?

А, ако идеме на претпоставката мултиверзум, тука се ама скроз истите прашања, али на малку поразлично ниво. Шо го создало механизмот шо создал универзуми и од каде доаѓаат нели тие закони според кои функционира? И дали воопшто иаме начин експериментално да ја провериме оваа хипотеза?

Знаеш, ако некад се деси да се склопат квантна механика и општа теорија на релативност, ќе добиеме теорија на квантна гравитација. Шо можеби, само можеби ќе ни даде дел од одговорите. Може тогаш ќе сконтаме нели, зашо универзумот ги има баш овие физички закони, а не други. Иако, не сум баш сигурна дека дури и тогаш би се добило одговор на најфундаменталното прашање. Зошто воопшто постои нешто, наместо ништо?
Автоматски споено мислење:

Разбрав. Ти не бараш одговор, бараш внимание. Коа ќе имаш доказ за твојот модел, пиши. И сликај го воздухот за да докажеш дека постои. Гугл е бесплатен. Провери и врати се.

Thats beautiful man :)
Со напредокот на научните гранки и сериозните вложувања на полето на квантна механика добивме спознанија кои не ги знаевме во овие 6500 години откако постои цивилизација. Живееме во интересно време но не како кинеската поговорка туку како секојдневна можност за спознание.
На некој начин знаењето е награда сама по себе, жалосно што сме ограничени на пет чула и некои 80-тина години живот, но тоа што воопшто живееме е спектакуларна ствар, толку ретка на космички план што е нестварно нешто, правцато чудо!
Иако не знаеме дали свеста е само елетрохемиски индуцирана состојба и ништо повеќе или се работи за нешто што сеуште не може да се измери, можеби и тоа ќе се открие за нашиот лајфтајм.
Секогаш им досадувам на луѓе да дознаваат што повеќе пошто мене откривањето ми е нестварно чувтство, би се осмелил да го споредам со некои психоактивни супстанци. Секад коа дознавам нешто осеќам ендорфини и серотонини како се велваат низ организамот, прејако.
Не е тема за религија но сепак да напоменам дека Творецот е сосема возможен, но, големо но, ние со нашата ограничена перцепција не сме во можност да сфатиме за што се работи, природата на Творецот е несфатлива за нашите сетила и нашата сапиенција. Така и во Писмото има неколку линии кои наведуваат на тоа да човек не се обидува да го спознае Бога туку само да верува во Него.
Еден ден ќе има објаснение на боди мајнд проблемот, ќе има нови начини на интерпретација.
И сега во однос на темава, би било чудно да единствен живот во овој универзум сме ние и тоа е се. Сега нели не се употребува повеќе дрејкова равенка но и без тоа во Млечен пат има 100К СТ во радиус и повеќе од 220 милијарди звезди од кои многу имаат свој сончев систем и свои планети од кои некаде барем една е во голдилокс зоната.
Би рекол дека постоење на вонземски живот е многу извесно, но посета на нашава планета од страна на вонземјани би била во астрономски odd, средба би било толку неверојатно што секако би било најголем настан во историјата.

Малку забегав по различни ленти, сори но ете...
 
Ич немаш забегано, ова се страшно добри дигресии.

Па да. Практично ја доживуваме реалноста низ прилично ограничен сетилен и когнитивен систем. Можеме да истражуваме нели, шо се случува у мозокот, кои процеси се активираат, кои невронски мрежи се вклучени, али тоа не ни одговара на прашањето зашо тие процеси се придружени со субјективно искуство. Зашо воопшто нешо чувствуваме и доживуваме, уместо шо знам, само да обработуваме информации. И еве пак тука е истото прашање за природата на реалноста. Дали ние стварно можеме да ја разбереме реалноста у која постоиме.

Науката има начин нели, да ги прошири нашите сетила преку инструменти. Шо знам, телескопи, микроскопи, детектори за зрачење и други технологии нели, шо ни овозможуваат да регистрираме работи шо природно не можеме да ги перцепираме.

Али, замисли сеа еве, некој организам шо има сосема поинаков сетилeн систем од нашиот. Би ја доживувал околината на начин кој за нас можеби е невозможно да го замислиме. И тука имаш одма прашање. Дали реалноста шо ја доживуваме е реалноста у целост или само нејзина биолошки достапна верзија?

Сеа може влегов малку у филозофски правец, али нема везе, пошо некако еј, може најголема заблуда е да претпоставиме дека границите на нашата перцепција се и граници на она шо постои. (Ова не значи дека не ја знаеме целата реалност и нигде не го тврдам тоа, само размишљам малку поотворено).

Yeah. И мене ми е многу поверојатно дека не сме единствени. Али тука треба да напраиме разлика меѓу постоење на живот, постоење на интелигентен живот и постоење цивилизација која има можност да воспостави контакт со нас. Ова се нели, три различни веројатности.

Ферми парадокс е скроз интересен тука. Ако универзумот е толку голем нели, а потенцијални места за живот има толку многу, каде се сите? Дали животот е многу почест отколку шо ние претпоставуваме дека е, али е интелигентниот редок? Дали цивилизациите не се преклопуваат временски? Или може ги има, само шо ние неаме нели, ни технологија ни начин да ги детектираме.

Е сеа, Дрејкова равенка, колку шо знам, се користи како концептуална рамка.

Шо знам, чисто за пример, да речеме дека иаме 100 милијарди потенцијално интересни планети. Али ако не знаеме колкава е веројатноста на една планета да се појави живот, не можеме ни да пресметаме колку од тие 100 милијарди стварно имаат живот. А ако не знаеме колкава е веројатноста животот да развие интелигенција нели, уште помалку можеме да процениме колку интелигентни цивилизации постојат. Иаме многу информации за можни места каде би можел да постои живот, али уште не знаеме скоро нишо за веројатноста животот стварно да се појави и нели, да стане интелигентен.

Огромниот број планети не е одговор. И ова е поентата на Дрејковата равенка. Не да добиеме точен број цивилизации, туку да ги земеме у предвид сите фактори од кои зависи нивното постоење. И не само дали животот ќе стане интелигентен, туку и дали ќе развие технологија што овозможува детектибилна комуникација.
 
Веројатно го знаеш филмот Контакт според книгата на легендарниот Карл Саган? Можеби таму имаме најверојатен можен начин за прв контакт. Фермиевиот парадокс не значи многу бидејќи треба да земеме во предвид дека испуштаме радио и остали сигнали тек од 1921 значи 105 години. Тие сигнали секако не отишле до 105 светлосни години бидејќи голем дел од времето биле слаби. ТВ сигналите се од 1932 ББЦ па наваму. Тоа е временската рамка во која би било можно да бидеме откриени од некоја цивилизација со помош на нашите комуникациски технологии. Ете можно е и во троѕвездието на Проксима и АЛфа Кентаури да има голдилокс планета а тоа е на 4 СТ. Тие 4 СТ се предалеку од нашите можности за патување. Војаџер 1 е едина сонда која го напушти сончевиот систем и сеуште праќа сигнали,но све што поминал за 48 години е еден светлосен ден. Еден ден!
До пред 25 години и не се знаеше дека постојат планети надвор од сончев систем, откривањето на земјоидни планети со течна вода и атмосфера слична на нашата е направено. Но зашто сите молчат? Тука има многу причини зошто сеуште нема контакт, како прво дали евентуална цивилизација во сочевиот систем на Проксима воопшто употребува радио бранови за комуникација? Може таму да имаат некој сосема друг начин на пренесување дата така што имаме комична ситуација каде двајца слепи и глуви се вртат околу својата оска не знаејќи дека се еден до друг на два три метри.

Вратите на перцепцијата. Не постои нешто поубаво од развиена и љубопитна перцепција. Иако сме практично слепи и глуви (нашите сетила можеле да перцепираат 0,5% од електромагнетните зрачења, слушаме 20 херци до 20 килохерци и толку) сепак како што рече со помош на машините успеваме да видиме подалеку, подлабоко и повисоко. Отворив една тема за тоа дали некој би се менувал со извесен супербогат фудбалер кој не знае да поврзе две реченици а ако каже збор со повеќе од 7 букви ќе има мигрена. Добив одговори дека сум луд и џанак лол не би ја менувал мојата перцепција за ништо на светот.
Имав и тема за психонаутика ама штурци.
 
Па да, отприлика е проценето. И не знам еве, јас неам видено тврдење дека некој го знае точниот момент нели коа почнал Биг Бенг шо знам, до секунда.

Староста на универзумот се проценува на околу 13,8 милијарди години, според стандарден космолошки модел и врз основа на повеќе независни набљудувања и космолошки мерења.

Али сеа види, пак се враќаме на истиот муабет. Проценка не значи дека се работи за нагаѓање или дека нема начин научно да се поткрепи и провери. Прашањето е на кои докази се основа таа проценка, колку е сигурна и колкава е неизвесноста. И стаи акцент на ова второво.

Не мора ич да имаш директен пристап до самиот настан за да можеш да ги испиташ последиците. И староста од 13,8 милијарди години е старост на универзумот според стандарден модел, а не директно набљудуван датум на создавањето.

Не знам дали се контаме. Некако ко да се разидуваме у мислењава. Значи не се брани бројка по секоја цена. Поважно е тоа како се доаѓа до таа бројка. Како е научно поткрепена.

Ама скроз. Тоа е правото прашање. Да, апсолутно. Методологија постои. Али не таква како шо си замишљаме. Ко шо кажав, не е директно мерење со физичка мерна единица. Туку е индиректно одредување врз основа на набљудувања, мерења и математички пресметки.
Тоа дека универзумот е стар 13,8 милјарди години е теорија. Дали големиот бенг воопшто се случил е истотака теорија. Далечните созвездија кои ги гледаме во моментов всушност ги гледаме онакви какви шо биле пред милјон и повеќе години во зевисност од нивната одалеченост. Шо има во центарот на нашата галаксија?Колку галаксии има целиот универзум? Колку црни дупки? Можиме смо да си каживаме само теории и тешко дека ќе стигниме до вистината.
 
Веројатно го знаеш филмот Контакт според книгата на легендарниот Карл Саган? Можеби таму имаме најверојатен можен начин за прв контакт. Фермиевиот парадокс не значи многу бидејќи треба да земеме во предвид дека испуштаме радио и остали сигнали тек од 1921 значи 105 години. Тие сигнали секако не отишле до 105 светлосни години бидејќи голем дел од времето биле слаби. ТВ сигналите се од 1932 ББЦ па наваму. Тоа е временската рамка во која би било можно да бидеме откриени од некоја цивилизација со помош на нашите комуникациски технологии. Ете можно е и во троѕвездието на Проксима и АЛфа Кентаури да има голдилокс планета а тоа е на 4 СТ. Тие 4 СТ се предалеку од нашите можности за патување. Војаџер 1 е едина сонда која го напушти сончевиот систем и сеуште праќа сигнали,но све што поминал за 48 години е еден светлосен ден. Еден ден!
До пред 25 години и не се знаеше дека постојат планети надвор од сончев систем, откривањето на земјоидни планети со течна вода и атмосфера слична на нашата е направено. Но зашто сите молчат? Тука има многу причини зошто сеуште нема контакт, како прво дали евентуална цивилизација во сочевиот систем на Проксима воопшто употребува радио бранови за комуникација? Може таму да имаат некој сосема друг начин на пренесување дата така што имаме комична ситуација каде двајца слепи и глуви се вртат околу својата оска не знаејќи дека се еден до друг на два три метри.

Вратите на перцепцијата. Не постои нешто поубаво од развиена и љубопитна перцепција. Иако сме практично слепи и глуви (нашите сетила можеле да перцепираат 0,5% од електромагнетните зрачења, слушаме 20 херци до 20 килохерци и толку) сепак како што рече со помош на машините успеваме да видиме подалеку, подлабоко и повисоко. Отворив една тема за тоа дали некој би се менувал со извесен супербогат фудбалер кој не знае да поврзе две реченици а ако каже збор со повеќе од 7 букви ќе има мигрена. Добив одговори дека сум луд и џанак лол не би ја менувал мојата перцепција за ништо на светот.
Имав и тема за психонаутика ама штурци.
Еј да. И баш е скроз интересна таа идеја дека првиот контакт би бил детектирање некаков сигнал нели. И мислам дека ова е многу пореалистично сценарио со оглед на растојанијата.

У врска со Ферми, па да, си у право. Парадоксот треба да се гледа у временска рамка на нашите технолошки можности. Стварно сме кратко време у состојба да испраќаме сигнали шо би можеле да бидат детектирани од некоја друга цивилизација. А и тоа шо сигналот стигнал до некоја точка, не значи дека е доволно силен нели, за некој таму да го регистрира. Али, пак ми останува некако отворено прашањето зошто. Пошо, не е исто да не сме примиле сигнал и да не сме у состојба да го препознаеме сигналот као нешо вештачко.

И Војаџер 2 е у меѓуѕвездие. Од 2018. Војаџер е добар пример за нашите досегашни можности, али не ја исклучува можноста за она шо у иднина, би можеле теоретски да го постигнеме. Има некои концепти као ласерски потиснати светлосни едра. (Breakthrough starshot). Предложена цел е брзина од околу 20% мислам, од брзината на светлината. Скроз секако, ова е само фаза на концепт, а не реализирана технологија. Али, не е само брзината. Има уште еден технолошки предизвик тука, шо е и можеби поголем проблем, а тоа е начинот да се успори.

Проксима Б е у погодна зона. Да потенцирам сакам тука, ова значи уствари, опсегот на растојанија од една ѕвезда, меѓу нејзината внатрешна и надворешна граница, у кој планетата би можела да има услови за постоење течна вода на површината, ако за тоа нели има соодветна атмосфера.

Да речеме, чисто хипотетички, три планети се у погодна зона. Првата нема вода. Втората има вода али не е течна, пошо нема нели атмосферски притисок за тоа. И третата, има вода и атмосфера шо овозможува течна вода. Сите три се у погодна зона, али условите им се различни.

И баш ова кај Проксима Б е интересното. Орбитата е у погодна зона. Ама е проблем активноста на самата ѕвезда. Што пак, ме носи до истото прашање. Ние скроз можеме да знаеме дека планета постои, да ја процениме нели нејзината маса и орбита, па дури и да утврдиме колку енергија добива од својата ѕвезда. И пак да неаме појма дали има атмосфера, вода или живот.
Автоматски споено мислење:

Тоа дека универзумот е стар 13,8 милјарди години е теорија. Дали големиот бенг воопшто се случил е истотака теорија. Далечните созвездија кои ги гледаме во моментов всушност ги гледаме онакви какви шо биле пред милјон и повеќе години во зевисност од нивната одалеченост. Шо има во центарот на нашата галаксија?Колку галаксии има целиот универзум? Колку црни дупки? Можиме смо да си каживаме само теории и тешко дека ќе стигниме до вистината.
Види сеа. Теорија у науката, не е непроверена претпоставка. Пошо сеа и јас скроз можам да кажам дека теорија на гравитација е само тоа, теорија нели, али нема да рипнам од петти кат. :) Да не ги мешаме значењата од различни аспекти.

Моделот на Биг Бенг, е досеа најдобро поткрепено научно објаснување за развојот на раниот универзум. Со многу докази, ко ширење на универзумот на пример, космичко микробраново позадинско зрачење и застапеност на лесни елементи.

Апсолутно е точно дека ги глеаме галаксиите какви шо биле пред милиони години. Нема дискусија тука, е факт! Али не е аргумент против космологија, пошо скроз напротив, набљудувањето на светлината шо патувала милијарди години ни овозможува да го проучуваме минатото на универзумот.

У центарот е супермасивна црна дупка. Некогашна хипотеза, а денес веќе иаме докази за нејзиното постоење и нејзината околина е детално проучувана.

Колку галаксии и црни дупки има, е валидно прашање шо вреди да се постави ама скроз. Иаме проценки ние, али не и попис нели. :) Тоа шо не знаеме точен број, не го оспорува она шо веќе го знаеме. Значи не е дека секој заклучок е конечен или шо знам, дека иаме одговор на секое прашање. Да, има простор за нови докази, преиспитување или корекции. Али, има огромна разлика меѓу нешо шо уште не го знаеме и нешо за кое веќе иаме прилично силни докази.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom