Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.741 78,9%
  • Не

    Гласови: 465 21,1%

  • Вкупно гласачи
    2.206
Чекај, полека. Мешаш неколку различни работи.

Скроз ко за почеток, мешаш директно мерење со физичка мерна единица, научно пресметување врз основа на набљудувања и модели и уел, апсолутна прецизност наспроти приближна проценка.

Пошо види, никој не тврди дека некој го измерил универзумот со метар еј, ниту дека бројката е апсолутно точна до последниот километар. Затоа е муабетот околу 93 милијарди светлосни години.

Се работи за проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува, пресметан врз основа на космолошки набљудувања, црвено поместување, ширење на универзумот и други космолошки параметри.

А тоа шо растојанието е незамисливо големо за нас, ама ич не значи дека не може научно да се процени. Не мора нешо лично да измериме или шо знам, да можеме да го визуелизираме за да иаме метод со кој ќе го испитаме.

А, ако под практичен доказ подразбираш директно физичко мерење на целото тоа растојание, тогаш поставуваш услов шо ама ич не е неопходен за да има научна проценка. Прашањето е дали методологијата, набљудувањата и моделите се проверливи, а не дали некој физички го поминал тоа растојание со метар.
Може ќе делува неуко но како е дијаметарот на мерливиот универзум 93 милијарди СГ додека биг бенгот бил пред 13,8 милијарди СГ. Нели не постои ништо побрзо од светлината па експанзијата би можела да достигне до 13,8 милијарди СГ, како тоа 93?
 
Back
На врв Bottom