Секое мислење му е лол. Ама дојде профа да едуцира па да видам колку ќе издржи1. Moже.
2. Може.
лол

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секое мислење му е лол. Ама дојде профа да едуцира па да видам колку ќе издржи1. Moже.
2. Може.
лол

Може ќе делува неуко но како е дијаметарот на мерливиот универзум 93 милијарди СГ додека биг бенгот бил пред 13,8 милијарди СГ. Нели не постои ништо побрзо од светлината па експанзијата би можела да достигне до 13,8 милијарди СГ, како тоа 93?Чекај, полека. Мешаш неколку различни работи.
Скроз ко за почеток, мешаш директно мерење со физичка мерна единица, научно пресметување врз основа на набљудувања и модели и уел, апсолутна прецизност наспроти приближна проценка.
Пошо види, никој не тврди дека некој го измерил универзумот со метар еј, ниту дека бројката е апсолутно точна до последниот километар. Затоа е муабетот околу 93 милијарди светлосни години.
Се работи за проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува, пресметан врз основа на космолошки набљудувања, црвено поместување, ширење на универзумот и други космолошки параметри.
А тоа шо растојанието е незамисливо големо за нас, ама ич не значи дека не може научно да се процени. Не мора нешо лично да измериме или шо знам, да можеме да го визуелизираме за да иаме метод со кој ќе го испитаме.
А, ако под практичен доказ подразбираш директно физичко мерење на целото тоа растојание, тогаш поставуваш услов шо ама ич не е неопходен за да има научна проценка. Прашањето е дали методологијата, набљудувањата и моделите се проверливи, а не дали некој физички го поминал тоа растојание со метар.
Ејјј, конташ противречност. Ме свиѓа!Може ќе делува неуко но како е дијаметарот на мерливиот универзум 93 милијарди СГ додека биг бенгот бил пред 13,8 милијарди СГ. Нели не постои ништо побрзо од светлината па експанзијата би можела да достигне до 13,8 милијарди СГ, како тоа 93?
This is neither here or there, има маргинална врска со темава можда, но дали ти е позната идејата за fine tuned universe можеби не баш хипотеза но во секој случај мисловен експеримент а тоа се својствата на универзумот кои овозможиле да се појави живот, а потоа и свесен живот. Идејата се базира на тоа дека при сосема ситни дискрепанци во тие својства, животот би бил невозможен. Некои одат до таму да тврдат дека при биг бенгот експанзијата на просторот била во милион универзуми но само еден подржува живот и ние сме во него. Апсурдни светови, ништавило и пропаднати универзуми се дел од таа идеја. Тука доаѓа и можноста за постоење на Творец. Дали се имате сретнато со овој мисловен експеримент?Ејјј, конташ противречност. Ме свиѓа!
Да, има разлика меѓу две бројки, али не ја зимаш у предвид експанзијата на просторот.
Светлината патувала околу 13,8 милијарди години, али не низ простор нели, шо не се мењал. Значи, растојанието до местото од кое ја примаме таа светлина денес, е поголемо од растојанието шо го поминала. Пошо, просторот се шири. Затоа е 93. Ако делиш со два, ќе добиеш бројка за радиус од оклу 46. 13,8 милијарди години е времето на патување на светлината, а 46 милијарди светлосни години е сегашното растојание од нас до најдалечните набљудувани точки.
Замисли сеа, еве шо знам, некоја галаксија шо емитувала светлина пред 13 милијарди години. Светлината тргнала кон нас и патувала 13 милијарди години и нели, дури денес ја примаме. Али, у текот на тие 13 милијарди, универзумот се ширел, шо значи се зголемувало растојанието меѓу нас и галаксијата, ради таа експанзија на просторот нели. (Имај у предвид. Не тврдам ништо за конкретна галаксија, се работи чисто за пример).
Значи, не е дека светлината се движи побрзо од дозволеното. Туку, растојанието меѓу нас и нејзиниот извор се зголемувало додека таа патувала.
Ова е скроз само за универзумот шо може да се набљудува нели. Не за вкупната големина, пошо, не ја знаеме.