- Член од
- 16 декември 2017
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 21
Многу валидна забелешка за субјективната проценка на изворите у првиот дел. Али, у вториот дел, веќе користиш различен третман на изворите, зависно дали се mainstream или underground, нели. Што ми е малку контрадикторно у однос на првиот дел.Тоа е главниот проблем за нас а главната алатка за тие што ги кријат информациите.
Има сценарио каде што некоја вистина ти е презентирана од човек што изгледа или навистина е нестабилен и некако не можеш да го земеш сериозно или тешко ќе ги прифатиш информациите.
Од другата страна, стабилен и убедлив човек полесно ќе те убеди нешто што никако не ти е логично иако дел од мозокот ти е запален и аларми свират дека тоа што ти се презентира не е точно.
Мојата стратегија е дводелна.
Ако доаѓа од "Underground" или "Not mainstream" извори ги гледам како можно е да се вистина, да видиме дали не се точни.
Ако доаѓа од влада или "Mainstream" извор тогаш очекувам да не е точно и гледам да видам дали е точно.
На крај, не можеш да бидеш паметен...
Значи, ако однапред тргнуваш од претпоставката дека mainstream изворите не ја кажуваат вистината, а на алтернативните извори им даваш предност, нели, за можноста да се точни, не мислиш дека применуваш пристрасен пристап само во обратна насока?
Пошо види, ако двете страни ги проверуваме со различни критериуми, како воопшто би биле сигурни дека не ја потврдуваме сопствената почетна претпоставка? Поважно е што ја поткрепува информацијата, отколку од каде таа доаѓа.
Мене ми е иначе, некако поблиска идејата дека ниту изворот ја прави точна, ниту нечија убеденост ја прави неточна.