Се сложувам за тоа дека САД имаат технолошка предност општо така и во случајов со су35. Во написот и пишуваше дека најдобрите американски авиони би се нашле во неволја ако се најдат на поблиско растојание со су35. Таа предност на далечина е токму поради подобрата електроника.
Но последната реченица ти е најважна. Способноста на војската не е само да има подобро оружје од соперниците, многу поважна е обученоста, праксата, сознанијата, кадарот. Посебно важно е искуство со разработени тактики во разни ситуации.
Саудиска Арабија изнакупи најсовремено оружје што на пазарот може да се купи, но никој не ја смета за сериозна воена сила.
Се смета дека во тој дел во овој момент Русија има некоја предност, шанса во соперништвото со САД. Има многу показатели дека руската армија има нагорна линија во внатрешната среденост, додека американската војска е во криза едно 10 години. Од ниски, средни, високи офицери, од разни развојни оддели, од разни тактички служби..., од сите нив ненормално се лапа од армијата. Секакви чудесни оружја демек се смислуваат, а сите многу скапи, ама конкретно сеуште нема ништо. Самолетите и нешто роботи. Тоа ти е како безброј можности, ама дезориентирани од сите тие можности.
Коренот на тој морален пад во американската армија произлезе откако видоа како корпорациите ја ограбија и злоупотребија армијата.