За да биде Су35 авион од петтата генерација, треба да има многу подобра електроника и да е стеалт.
Тој не ги исполнува тие услови.
Силата на една армија не ја определува еден ловец ни едне тенк ни една пушка, тоа е сложен и комплексен систем каде предност има технолошкиот напредок а тука америка и запад се во прредност.
Да не навлегувам во детали но во една воздушна битка можеби најбитна работа е кој прв ќе го забележи противникот и испука ракета. А тука се американците во предност. Ф22 има подобри радари, подобра електроника, има стелт, и имаат многу добар систем базиран на авакси кои им овозможуваат да контролираат големи воздушни пространства, да ги наведуваат ловците и даваат информации за целите, со шо ја анулираат предноста на 35ка во маневри и вратоломии.
Дури и 40 години стариот Ф15 (кој постојано се надоградува) е сериозен сопарник на Су35.
Башка и американците имаат многу поголемо борбено искуство иподобро обучен кадар како технички така и летачки
Се сложувам за тоа дека САД имаат технолошка предност општо така и во случајов со су35. Во написот и пишуваше дека најдобрите американски авиони
би се нашле во неволја ако се најдат на поблиско растојание со су35. Таа предност на далечина е токму поради подобрата електроника.
Но последната реченица ти е најважна. Способноста на војската не е само да има подобро оружје од соперниците, многу поважна е обученоста, праксата, сознанијата, кадарот. Посебно важно е искуство со разработени тактики во разни ситуации.
Саудиска Арабија изнакупи најсовремено оружје што на пазарот може да се купи, но никој не ја смета за сериозна воена сила.
Се смета дека во тој дел во овој момент Русија има некоја предност, шанса во соперништвото со САД. Има многу показатели дека руската армија има нагорна линија во внатрешната среденост, додека американската војска е во криза едно 10 години. Од ниски, средни, високи офицери, од разни развојни оддели, од разни тактички служби..., од сите нив ненормално се лапа од армијата. Секакви чудесни оружја демек се смислуваат, а сите многу скапи, ама конкретно сеуште нема ништо. Самолетите и нешто роботи. Тоа ти е како безброј можности, ама дезориентирани од сите тие можности.
Коренот на тој морален пад во американската армија произлезе откако видоа како корпорациите ја ограбија и злоупотребија армијата.[DOUBLEPOST=1469285478][/DOUBLEPOST]Во одделен случај 1 на 1 ретки би биле победите на Су35 над рапторот. Но во масивен воен судир, масивна воздухопловна битка одлучува квалитетот, соодветно избраната и добро теренски разработена (способност за примена) тактика. Тогаш искористеноста на техничките можности во голема мера зависи од способноста за добро изигрување на воената шаховска табла.