Денес сфатив дека иако поминале години, некои нешта не се смениле.
Овој пат ми ги почитуваш границите колку и да се радикални.
Овој пат ја нема истата грл којашто ја запозна пред 3 и пол години. Овој пат нема да дозволам ти да управуваш со ситуацијата. Едноставно сакам да видам дали има вистина во она во коешто ветуваш.
Не ти одговорив на прашањето како знам дека те сакам. Ќе ти одговорам овде, оти е побезбедно: Затоа што мојот од претпазливост и радикален дефанзивен механизам збунет разум сака да докаже дека нема ништо да биде како што треба и ме штити во стаклениот сад во којшто ништо не допира до мене. Но, овој пат срцето сака да докаже дека не сум во право. Гледај да ја заслужиш довербата овој пат. Самиот знаеш дека ќе вреди.
Ама добра идеја ти беше овој по долго време прв состанок изненадување. Јас признавам, не ти верував, те осудив пред време, но се излажав. Во паб на резервирани споени маси со може 20 другари/ки и натпревар на екран. Иако не сум по спортот, не ни следев што се случи, си поминав преубаво попладне во средина кадешто заборавив на проблемите и се чувствував безбедно и добредојдено. Што и да биде, барем за ова ти давам право. Нешто ти се случило, се надевам дека е вистинско.