Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Вие женски не сакате да сме директни, мора да има sugar-coating :P
Тоа беше напишано во иронија.:)
Нормално дека нема да и каже во фаца, глупа си! Затоа и напишав, полесно за елиминација ;), полесно ќе го елиминира од листата ако така направи. А од друга страна, ако чека, кога ќе бидат во врска да и го каже тоа што навистина го мисли за неа, а ќе избие вистината, кога тогаш, тогаш изгубиле и двајцата драгоцено време,:) вака, затоа попрактично е директно да и каже глупа си(тоа што го мисли за неа) барем ќе заштедат и двајцата на време.(y)
 
Штом почне некој да игнорира, јас влегувам во challenge mode, кој кого повеќе ќе игнорира. Немам проблем со врзување да ми е привлечно топло ладно. Напротив, со внимание се поврзувам. Ова ми е правило, не само за љубов туку за сите контакти. Сега јас сум на ред да те игнорирам.
На овие години толку да си очај, да праќаш као случајно заедничка другарка да ми се јавува да прашува зошто не сум ти одговарала на пораки.

Нема да одговарам, брат, ме мрзи. Ти беше зафатен со обавези, сеа сум ја. Нарочито нема да ти одговарам оти реагираш на мое игнорирање, не на мој интерес. Значи дека преферираш дистанциран однос, не поврзување. А јас знам што сакам и према тоа дејствувам. А сигурно нејќам човек што знае дека сум имала незгода дека сум сама, што не ме прашал како сум, да не зборам за внимание, едно носење на контрола и слично.

Ако е за дистанца, сама ми е супер, ако не сме си поддршка еден на друг коа е потребно, баш па си ми спотребал, ти уживај си понатаму. Не планирам да те забавувам кога другите опции те откачиле, само оти сум конструктивна и не сакам расправии, не значи дека пијам нафта.
 
Последно уредено:
Љубовта е валкан еволутивен трик,
кој го обезбедува нашиот опстанок.
Ни треба за да се размножуваме,
за да ги воспитаме децата,
па дури и да останеме во заедница
до крајот на животот.
 
Не ми пишувај.
Ако пишеш не можам да не ти одговорам, а глупо ми е да те блокирам.
А вака си знам дека прва никад нема да пишам.
Пробуваш да демантираш и да го срушиш штитот, но не знаеш колку можам да ја саботирам цела работа.

Држи се настрана, ако немаш саглам и стабилен однос да понудиш, за еден опстанок се борам, тоа му е мајката кај мене. Не ми треба луксузи.

Немам доверба а и со трпение сум слаба на луѓево.
 
Последно уредено:
Ти кажав ли? Два и пол дена ми беше многу тешко, после се средив а твоето тешко допрва доаѓа кога откако ќе видиш што си можел да имаш (свесна сум вкусот за нигде ми е :D), оти не можеш да изгубиш нешто што не си ни имал. Сум го гледала тој филм, 3 3 и пол месеци и после лисицата почнува сама да кружи околу дуќанот на крзнарот. Ама доцна ќе биде. Проклето суетна сум и не простувам.

Не ми се впуштај со тие топло-ладно финти, оти професионалец сум во окончување од корен.
„Многу си радикална со твоите правила.“
Да. Сум.
Затоа што се борам сама.
Затоа што ако ми приредиш бродолом, знам дека многу тешко ќе се исправам на нозе.
Затоа што нема на кого да се исплачам, да речеш работа, ко јагне со волци седнато на трпеза, да речеш на моиве оддалеку, нив немам намера да ги секирам. Да речеш другиве пријатели, не знам кој ќе злоупотреби.
Затоа не играм без гаранција.
Колку и да имаме навидум исти проблеми, во мојот случај од еден проблем зависи цела егизстенција. Живот како кула од карти, еден аспект влијае на сите.
Ти си си раат. И да изгубиш работа и да се скараш со некого, зад себе секогаш ќе имаш семејство и дел од луѓе на коишто можеш да се потпреш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom