Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ова живот без тебе.
Ова се само празни обиди да преживувам, од ден за ден, глумејќи среќа во прегратката на друг.

Одамна те пуштив и се збогував со тебе.
Се надевам само дека еден ден ќе си го соберам срцево, моето наивно и глупаво срце, што е на парчиња.
 
Вери бед,шо му праиш лице на другиот

Не е само она. Много врске се засновани на фразу: Клин с'с клин се избива. Си мислив дек с'с тек на време ќе забравив на њега и ќе га засакав овј што е покрај њима.
 
Ти го видов стравот во очите и љубовта ја видов. Ќе помине, ќе видиш, се ќе биде во ред. Ветувам, следните 3м нема да мрднам од дома, само да биде се во ред. Немој само да се плашиш, кога се плашиш јас сум тажна!
 
Абе ај не заебавај, стварно ли? Е касно се сети сестро слатка, порано требаше да мислиш. Да се плескаш со друга личност и сега да бараш да заборавиме на се. Кога ќе размислам се заслужувате еден со друг. И двајцата сте расипани во душата.
 
И зошто се појави сега после 15 години? Мислиш дека сум истата? Не! Го имам него и ги имам моите нов во себе, не можам да одвојам место за тебе во срцево. Мислиш ли дека твоето Се каам! ми значи? Пред 15г отиде и не се удостои ни да се поздравиш, беше моја прва љубов, бевме двајцата млади, зелени и неискусни, но заедно бевме среќни, се тешевме во лошата судбина што не имаше снајдено. И еден ден кога го свртев твојот број ме дочека Телефонскиот број не постои и никогаш повеќе не се појави. Мојот број остана ист, велиш у во сон да те разбудат си го знаел, фино, ама моето срце сега припаѓа на друг. Ќе те дочекам утре, ќе те прегрнам и ќе ти простам, ќе ти ги направам омилените тортелини и ќе купам Ризлинг за тебе ама ништо нема да се смени. Ми рече ќе ми раскажеш, ќе те сослушам, ама ништо нема да се смени. Ќе остане само лош спомен на една убава љубов. Среќна сум што го имам него покрај себе, ништо нема да се смени со твојата приказна.
 
Како можеше , предчуство .. гат филинг...дека ти си типот на личност кој го барав со години.. ќе се среди се и ќе бидеш во моите прегратки...биди силна, издржи , јас ке бидам јак за нас и ќе имам трпение , цврстина ... ти давам подршка , те сакам секој момент ... те мислам.. те замарам , ти исто мене ... си се сакаме.. си се ветуваме... си градиме планови.. убаво ни е . Те сакам <3
 
И јас како членот погоре, 12 години денес Е.

Тоа шо утнав со тебе ми е единствена грешка во животот што некојпат ќе ја признаам.

Kad si mi dala najvise,
ja te nisam video.

 
Ги сакам утрата во деновите кога твојата смена почнува од 11 часот, кога станувам за на работа порано и се разбудувам пред тебе.
Тие пет минути после алармот во кои ти спиеш, јас те мирисам на топлото чело и ги примам сите твои миризби, пред да одам да мочам, ми се најубавите минути во денот.

Потоа почнува срањето на работа и го чекам почетокот од наредниот ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom