No honey, you`re not my first love.
Не сонце. Не си првиот. Многу години пред тебе, кога не бев ни за себеси свесна, не пак за тебе, се заљубив. Многу години. Години на кои скоро и не се сеќавам повеќе. Своевремено, мислев дека тоа е вистинска љубов. Лажеш дома за да се видиш, пишуваш песни, пишуваш текстови, те зафркаваат ради него, си го местиш презимето негово, ставаш срциња покрај неговото име, тој ги остава другарите ради тебе, плаче ради тебе, се карате, се бркате низ градот, се давите одделно во алкохол ради себеси, тоа се случува во развлечени четири години и после дознаваш дека оставил трудна некоја, се оставате. Тивко и без збор преречен.
После па мислиш дека тој шо ти помогнал да се опоравиш од овој првиот, дека тој е љубов. Оној кој мислиш дека ја остава женската за да биде со тебе, оној кој ја лаже неа за да биде со тебе, оној кој не знае што сака и нема доволно јајца за да биде само со една, оној кој и ти си го направила од гомно подолу затоа што полека учиш дека мора да ги враќаш ударите што ти ги задава животот.
За потоа да дојде тој. Не го рачунам веќе меѓу живите иако е сеуште жив и иако јас знам да помислам на него. Порано ми недостигаше, веќе не. Порано сакав да го видам, сега не. Порано ми фалеше другарот во него, сега не. Али ми беше голем дел од мојот живот. Ама само тој од мојот, не јас од неговиот. Само еднонасочна беше улицата и јас стоев сама на неа. Го имав цел пат само за мене, а не знаев каде одам. Го обожавав секој сантиметар од тој изговор од маж и можеби никогаш нема да престанам да му се восхитувам на тоа какво створение Божјо е. Не обожавав нас двајцата како спојка, кое после некое време се виде дека е кратка, ама јебига. Што живот е тоа ако немаш една приказна љубовна за која ќе им кажуваш на децата дека можеби ако се случела ни нив не ќе ги имало? Што живот е тоа ако не си имала маж за кој после ќе им кажуваш на децата да се пазат од таквите, а на машките да не стануваат такви?
И после дојде ти. Секогаш ќе си над сите овие погоре. Без исклучок и без двоумење. Со ниту еден од овие не правев планови за иднината, со ниту еден од овие не сакав да се жртвувам премногу, со ниту еден од овие не знаев за компромиси, со ниту еден од овие не се трудев да се променам. Ниту еден од овие не ме скроти доволно. Ниту еден од овие не ми ја разбуди желбата за мој другар, партнер, љубовник, дечко, еден маж за цел живот. Ниту еден од нив не ме натерал да гледам мал милион видеа на јутуб за уредување на дом затоа што за пола година ќе седиме заедно и ќе уредуваме самите. Ниту еден од нив не ми ја разбуди желбата за деца.
Само ти.
Ти не си моја прва љубов. Јас имав среќа или не да ми се случи тоа многу порано. Јас одамна ги изгубив пеперутките у стомакот, но со тебе добив цел инсектариум.
Дури и да не е случи нашето засекогаш, секогаш ќе те сакам.