Го знаеш она чувството кога даваш се од себе и се трудиш нешто да успее со сите сили...и на крај полека полека ти станува сеедно за личноста?
Па почнуваш да се оддалечуваш онака лабаво, па се така до степен кога веќе не можеш да му го поднесеш присуството, ти смета неговиот допир, почнува да ти се превртува у стомак коа ти збори и ти доаѓа да го почастиш со една воспитна у секундата коа ќе ти пререче нешто и ти се качува на глава без причина....а???
Не верував дека до овие екстремности можело да дојде. Од колку љубов до толку одбивност...
Ама се` си направи сам, знаеш.
Толку многу вложив, за назад да добијам само разочарување и непочитување.
Уште за некој ден и година дена од кога сфатив дека веќе не те сакам до мене. Дека кога те гледам повеќе не се смеам, дека кога сум тажна не ми требаш, дека кога слушам љубовни песни не те помислувам, дека кога ќе те видам немам потреба да те гушнам.
И знаеш како...уште од првиот ден кога не сум со тебе јас се разбудив како нов човек.
Цела тежина од мене исчезна. Повторно осетив желба да живеам.
Забележав дека почнав да дишам со полни гради...онака ненаситно.
Ми се врати позитивната енергија која ти без милост ми ја црпеше. Ми се врати смислата за хумор што постојано ја убиваше.
Што е најважно ми се врати насмевката на лицето...онаа насмевка од срце, искрена.
Затоа скоро никогаш и не те помислувам...зашо не сакам да се враќам во таа темница.
Продолжи да живееш во твојот измислен свет. Каде што ти си најдобар, најпаметен, се нај најјј....и каде што другите не се битни, не се вредни за почит...туку сите треба тебе да те почитуваат.
Ете така, цар си на егоизмот!
А и што ми е гајле, што сакаш биди...само да знаеш за друг пат, не ги умирај луѓето до тебе. Не ги влечи со себе!
Поздрав.