Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Нам ни е потребен еден викенд тотално само во некоја викендичка.

Уште неколку месеци ќе дојде време за одмор... Јас чекам е така.[DOUBLEPOST=1422042230][/DOUBLEPOST]Нам ни е потребен еден викенд тотално само во некоја викендичка.

Уште неколку месеци ќе дојде време за одмор... Јас чекам е така.
 
Only the lonely resent angels for flying
Addicted, afraid to take control of my own life
"This is paradise"

Нема да ги објаснувам стиховиве, иронија се, посебно последниот. Не знам зошто, не знам како, не знам кој и што. Тоа не бев јас, тоа бев некој среќен јас. И мило ми е, само не што така заврши. Можда е подобро, можда не. Се надевам ќе најдеш некој што те заслужува многу повеќе од мене, некој далеку подобар што го заслужуваш. Мене остави ме ко слеп патник на среде пустина, таму припаѓам.
Имаш многу подобар живот пред тебе, јас имам скинати патики и мокар асфалт. Знам дека не ти беше битно, но очигледно излеговме премногу различни...


Сега, со среќа, имаш уште премногу пред тебе, се би дал да те видам среќна.
There's so much world to see, so, fly free my angel (е, истиот стих, знам, али опишува премногу)

Thanks for leaving a mark on myself, thanks for making me a better man, thanks for all the joy and happiness I thought I'd never have, just... thanks for being there.

Always yours :)
 
Последно уредено од модератор:
Што да ти кажам???
Видов колку си изгубен, дека животот ти се претворил во пекол... делумно двајцата сме криви за тоа, ни мојов живот не е нешто подобар... и двајцата сме во исти гомна ... ама разделени сме, а всушност не можеме еден без друг... ама кукавици сме... вистински хаос !
А љубов моја си... да да да.. тоа е најголемата вистина ! Тоа и ќе останеш, па макар никогаш да не ни се спојат патиштата...
Само сакам да си среќен...
 
Те изгубив....не физичи. Физички си тука, но не си присутен. Мислите ти лутаат....забележувам, отсутен си и индиферентен. Фактот дека моето присуство ти е небитно веќе не ме тангира. Леснотијата со која го прифаќаш моето отсуство се префрли и на мене. Напорот кој го вложуваш за да ме убедиш дека сеуште ти значам нешто е површен, рутински....небитен...непотребен. Сосема непотребен. Студенило ми се вселило до душава, ме обвило целосно, ме заробило. Искрата во твоите очи е недовлна за да ми го стопли срцево. Мислам дека се изгубив некаде во монотонијата на животот. Дали се нервирам, дали ме засега тоа? Нажалост веќе не, особено не за тебе. Ти стана небитна фигура во моето секојдневие, предмет кој веќе одмана не е исчистен од прашината.
 
Денеска се расонив мнооогу порано од обично. Фала ти.
Случајно те фатив додека се облекуваше, па сликата од грбот и рамињата на слабо светло премногу ме вознемируваше за да заспијам пак ко што треба. :cenzura:
 
Бегај од оние кој медовина во уста имаат а на рацете крв носат, бегај од нив тие жива беља се,
Бегај на тие устите им ломотат од убо- поубо како локум, како слатко од вишна како вода со шеќер за лагите полесно да ги испиеш, од нив подалеку проклети се,
Срцето црно им е нит за лјубов нит за милост знаат, душа земаат, да се пазиш во раце да ги пулиш во очи да ги гледаш жар им се, тие белки немаат, црно и таму од срцето,
Од таквите љубовта да си ја чуваш, оти ке избега ко кучето на комшијата појке не го најдоа,
Чувај си ја душата и љубовта во неа, затни ги ушите зборој да не слушаш, оти еднаш ке се поболиш а секој ден ке умираш.
Посветено на Филипче.
 
Ме убива тоа што премногу мислам. Ме убива...
Те сакам и повеќе од потребното, па и повеќе од тоа! Ако речам дека сам се променав и сам успеав безобразно сам ќе се излажам. Ама сепак мислам, што и да правам мислам на нас. На нас и нашиот животен пат.
А трпам. И тоа многу, трпам притисок и тоа голем. Ама нека, мило мое си ти. Мило мое кое стално е тука и се надевам ќе биде стално тука. Мило мое со најубавите крупни очина, нежни прстина и најбацваното носе. Па вреди и се да трпам за тебе мило ( мое :) )
 
Ми се појави твоето име во аголот на фејсбук каде што се појавуваат оние кои можеби ги познаваме...И токму така е...јас тебе можеби те познавам...а можно е и воопшто да не успеав да те запознаам...
 
И да,ме боли она,ме болиш ти,ме боли тоа што со неа почнуваш а со мене завршуваш,боли кога знам дека си тука и со неа ќе пишуваш,сакаш,а со мене не,
боли тоа што можеби таа тоа го знае,боли тоа што секој ден и ноќ исти прашања ќе ме измачуваат и ниту сон ниту мир ќе имам,боли кога ќе ти се доближам а наидувам на санта мраз,боли и овој ден кој требаше многу поинаков да е,боли и тоа што ова кога ќе го прочиташ можеби нема да добијам одговор,боли што знам дека јас и ти немаме иднина,нашето нема цел и поента ама сепак е наше,минато и сегашно...неподносливо болно е како што не било до сега.Не е сеедно кога со некого со кој си споделил нежности,допири,бакнежи и многу блискости грубо те бутка од себе.Се мразам себеси што ова ти го пишувам сега,знам дека ќе се покајам,момент на слабост,ама многу,ептен многу се собра во мене,само лед во душава кој преку солзи се излева, а кога сум со тебе и имам прилика да ти кажам како денес што попрво...прости,имај убава вечер...

Едит:И сето ова ти го кажав,тука твојот одговор дека не е така,не почнуваш ништо и со никого,едноставно причината поради која мора да се дистанцираме ја знаеме и двајцата.
Ок,го прифатив тоа,морам,друг избор и немам,а знам дека си искрен и ќе проголтам се и слатко и горчливо што ми сервираше до сега,ќе продолжам понатака...но ете пак се случува истото,ти пак се појавуваш веќе по два дена,пак пишуваш,пак ќе се јавиш,пак ме навикнуваш на твоето присуство,мисливе ми ги збунуваш..до каде со тебе кажи ми,што понатака,не не бива разделени,а "ние" не постои во иднината,таму не нема,колку и да сакаме да е поинаку реалноста е таа,"ние" во неа само убава илузија.
 
Последно уредено:
Вечер, вечер ќе дојдам во клубот кај што ќе настапуваш... и во прв ред, пред тебе ќе застанам!
В очи да ме гледаш дури ја изведуваш You can leave your hat on!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom