И да,ме боли она,ме болиш ти,ме боли тоа што со неа почнуваш а со мене завршуваш,боли кога знам дека си тука и со неа ќе пишуваш,сакаш,а со мене не,
боли тоа што можеби таа тоа го знае,боли тоа што секој ден и ноќ исти прашања ќе ме измачуваат и ниту сон ниту мир ќе имам,боли кога ќе ти се доближам а наидувам на санта мраз,боли и овој ден кој требаше многу поинаков да е,боли и тоа што ова кога ќе го прочиташ можеби нема да добијам одговор,боли што знам дека јас и ти немаме иднина,нашето нема цел и поента ама сепак е наше,минато и сегашно...неподносливо болно е како што не било до сега.Не е сеедно кога со некого со кој си споделил нежности,допири,бакнежи и многу блискости грубо те бутка од себе.Се мразам себеси што ова ти го пишувам сега,знам дека ќе се покајам,момент на слабост,ама многу,ептен многу се собра во мене,само лед во душава кој преку солзи се излева, а кога сум со тебе и имам прилика да ти кажам како денес што попрво...прости,имај убава вечер...
Едит:И сето ова ти го кажав,тука твојот одговор дека не е така,не почнуваш ништо и со никого,едноставно причината поради која мора да се дистанцираме ја знаеме и двајцата.
Ок,го прифатив тоа,морам,друг избор и немам,а знам дека си искрен и ќе проголтам се и слатко и горчливо што ми сервираше до сега,ќе продолжам понатака...но ете пак се случува истото,ти пак се појавуваш веќе по два дена,пак пишуваш,пак ќе се јавиш,пак ме навикнуваш на твоето присуство,мисливе ми ги збунуваш..до каде со тебе кажи ми,што понатака,не не бива разделени,а "ние" не постои во иднината,таму не нема,колку и да сакаме да е поинаку реалноста е таа,"ние" во неа само убава илузија.